Контакт

Македонија

Промет од 18,8 милиони денари на берзата

Објавено пред

Македонската берза за хартии од вредност денеска оствари промет од 18.865.308,48 денари.

dobivaj vesti na viber

Македонската берза за хартии од вредност денеска оствари промет од 18.865.308,48 денари. На официјалниот пазар прометот изнесуваше 16.420.534,48 денари при реализирани 106 трансакции. Редовниот пазар оствари промет од 2.444.774,00 денари при реализирани 36 трансакции. МБИ10 забележа намалување од 0,67%, а неговата вредност се намали на 2.876,25 индексни поени. МБИД оствари незначителен пад од 0,01%, додека вредноста му беше 2.788,38 индексни поени. ОМБ се намали за 0,30%, позиционирајќи се на ниво од 104,95 индексни поени. Од официјалниот пазар најголем промет имаа приоритетните акции на Комерцијална Банка Скопје. Вкупниот промет изнесуваше 10.067.314,00 денари, просечната цена изнесуваше 2.749,88 денари, а се истргуваа 3.661 приоритетни акции преку 3 трансакции, од кои една беше со количина од 3.657 акции. Просечната цена забележа дневен раст од 19,56%.  Со промет од 1.854.076,00 денари, Алкалоид Скопје беше на втората позиција по обем на тргување од официјалниот пазар. Просечната цена од 4.866,34 денари оствари дневно намалување од 0,39%. Истргувани беа 381 акции. Со обичните акции на Комерцијална Банка Скопје се оствари промет од 1.136.570,00 денари. Просечната цена изнесуваше 2.990,97 денари, а намалувањето беше 1,51%. Вкупно се истргуваа 380 акции.Најтргувани на редовниот пазар беше акцијата на Адинг Скопје со промет од 920.000,00 денари. Просечната цена која беше без дневна промена изнесуваше 460,00 денари. Истргувани беа 2.000 акции преку 6 трансакции.Со акцијата на Стопанска Банка Скопје се оствари промет од 563.846,00 денари. Просечната цена изнесуваше 265,95 денари, а дневниот пораст изнесуваше 0,31%. Истргувани беа 2.120 акции преку 14 трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Комерцијална Банка Скопје – Приоритетни2. Алкалоид Скопје3. Комерцијална Банка Скопје4. Адинг Скопје5. Топлификација Скопје Хартии од вредност   со најголем пораст 1. Комуна Скопје 23,79%2. Комерцијална Банка Скопје – Приоритетни 19,56%3. ОКТА Скопје 4,04%4. Македонијатурист Скопје 1,72%5. РЖ Услуги Скопје 1,29% Хартии од вредност со најголем пад1. Тетекс Тетово 2,75%2. Охридска Банка Охрид 2,67%3. Тутунска Банка Скопје 2,65%4. Стопанска Банка Битола 2,33%5. Р.Македонија – Денационализација 03  2,30%



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Арсовска останува на функцијата дири и да се изгласа отповик на градоначалник пред летото, законот не е ретроактивен, вели Перински

Објавено пред

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе остане на функцијата до крајот на мандатот дури и да бидат изгласани измените на Законот за локална самоуправа пред почетокот на летото. Со измените ќе се предвиди законска можност за реферндумски отповик на градоначалник, ќе се воведе комунална полиција и ќе се овозможи зголемено учество на граѓаните во носењето на одлуки во локалната самоуправа. Министерот Перински објасни дека законот не може да се применува за веќе избраните градоначалници.

dobivaj vesti na viber

„Невозможно е законот да важи ретроактивно. Законот ќе важи за новите градоначалници кои ќе ги добијат мандатите после ноември. Не можеме ние да менуваме закони согласно персонални решенија и едноставно сакаме да ја подобриме ситуација и состојбата на локално ниво и сите оние чинители, сите кои се засегнати од ова законско решение да имаат поквалитетно и поиздржано решение“, рече министерот Перински пред денешната, четврта по ред дебата за измените на Законот за локална самоуправа.

Денешната дебата за измените на законот е последна, а министерот Перински очекува до летото целиот процес да биде завршен. Дебати за измена на Законот веќе се одржаа во Битола, Штип и Гостивар.

„Ние предвидуваме со процесот со предлог- измените да завршиме некаде до 30 март и веднаш потоа да влезат во собраниска процедура, нормално прво на владина седница треба да се усвојат, а потоа да влезат и во владина процедура. Некаде после 30 март ќе биде законот оперативен во насока на предлог- измени да се валидизираат од релевантните институции така да јас очекувам некаде до летото да се заврши целиот процес“, вели министерот Перински.

Александар Спасеновски, професот на Правниот факултет ангажиран како експерт за подготовка на предлог-измените рече дека со оглед на тоа што Законот произлегува од рамковниот договор и имајќи го предвид неговиот системски карактер, целта на УНДП, на Министерството и на експертите е да подготват законско решение кои што ќе биде прифатено од страна на најголемиот дел од пратениците во Собранието, кои ги претставуваат сите најважни, клучни политички партии.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Сообраќајни контроли: И за викендот предничи пречекорувањето на брзината на движење, без возачка дозвола управувале 247 лица

Објавено пред

Полициските службеници од сите осум Сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР и во текот на изминатиов викенд продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава. Притоа, вкупно беа издадени 3.142 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 1.314 платни налози.

dobivaj vesti na viber

Според статистичките показатели прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење убедливо предничат така што евидентирани се вкупно 1.498 прекршоци, во споредба со 535 издадени платни налози по основ на непрописно паркирање. Воедно, што е особено важно за анализа е фактот што за викендот зголемен е бројот на откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола – 247, како и возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол-111. Покрај ова изречени се и 153 платни налози по основ на некористење сигурносен појас, потоа 56 – по основ на говорење на мобилен телефон при возење, откриени се и 58 нерегистрирани возила кои што учествувале во сообраќајот, соопшти МВР.

Инаку за викендов, поточно вчера пособено внимание, преку соодветен претходно подготвен план за постапување, беше посветено на контролата на правилата за почитување на пропишаната брзина на движење, и следствено резултатите од тие радарски контроли во неделата на територијата на државата беа евидентирани 429 возачи кои ја пречекориле брзината на движење надвор од населено место, и 488 возачи кои што ја пречекориле брзината на движење во населено место. Како епилог на тоа издадени се 870 платни налози и 47 писмени опомени. Исто така во текот на викендов низ патиштата во земјава се случиле една сообраќајна несреќа во која што едно лице го загубило животот, како и други четири сообраќајни несреќи во кои што шест лица се здобиле со тешки телесни повреди (двајца возачи, двајца сопатници, еден мотоциклист и еден пешак), извести МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Угинаа животни во ЗОО Скопје, сомнежот е дека станува збор за труење, резултати се очекуваат по обдукција

Објавено пред

Во текот на минатата недела, поточно во вторникот ( 11.02), во живеалиштето на берберски овци при редовна утринска контрола пронајдовме угинати животни, кои немаа видливи знаци на повреди, ниту пак претходно покажале знаци на болест, посочија од Зоолошката градина во Скопје во објава на „Фесјбук“.

dobivaj vesti na viber

„Веднаш беа повикани инспектор од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои направија целосен увид на лице место и ја отпочнаа постапката за обдукција на угинатите единки. Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и ќе ги добиеме резултатите од обдукцијата“, посочија оттаму.

Се сомневаат дека станува збор за труење од гранки од растението тиса (taxus baccata) кое може да биде отровно за животните.

„Нашата установа редовно и транспарентно известува за сите случувања, а доколку се случи немил настан, веднаш ги известуваме сите надлежни институции со цел брзо постапување и откривање на причините“, истакнуваат од Зоолошката градина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Арсовска останува на функцијата дири и да се изгласа отповик на градоначалник пред летото, законот не е ретроактивен, вели Перински

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе остане на функцијата до крајот на мандатот дури и да бидат изгласани измените на...

Македонија8 минути

Милошоски ја правда потребата од нов државен грб: Македoнија не треба да остане во друштво со Белорусија, Таџикистан и Ангола

Прашањето за менување на државниот грб не е поврзано со никакви избори, истакнува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Ги отфрли...

Топ2 часа

Брендирана роба без документација пронајдена во товарно возило: приведен струмичанец

Вчера околу 16.30 часот на патниот правец од Богданци кон село Фурка, дојранско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни...

Македонија2 часа

(Видео) Паѓа снег во Скопје, врнежи се очекуваат и во наредните денови

Во Скопје утрово паѓа снег. Според прогнозата во главниот град денеска повремено ќе има врнежи од снег, а температурата се...

Свет4 часа

Орбан: Украина може да стане Авганистан за ЕУ

Украина може да се претвори во „верзија на европски Авганистан“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп не може да обезбеди мировен...

Свет4 часа

Трамп сака мир во Украина до Велигден, пишува Блумберг

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да постигне договор за прекин на огнот во Украина до Велигден, кој...

Свет4 часа

(Видео) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа девет луѓе

Најмалку девет лица ги загубија животите во текот на викендот бидејќи обилните дождови предизвикаа поплави во југоисточниот дел на САД,...

Свет5 часа

Трамп: Средбата со Путин ќе биде наскоро

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата очекувана средба со рускиот колега Владимир Путин во Саудиска Арабија „може да се...

Европа5 часа

Стармер е подготвен да испрати војници во Украина доколку е потребно

Британскиот премиер Кир Стармер изјави вчера дека е подготвен да испрати војници во Украина доколку се покаже дека е неопходно...

Европа5 часа

(Видео) Украинците нападнаа руски регион со дронови, погодена рафинерија

Во напад на украинско беспилотно летало врз рускиот регион Краснодар е повредено едно лице, а оштетени се најмалку 12 куќи,...

Македонија16 часа

„Валкани пари – смртни последици“ – во Скопје нов потестен марш по смртта на Фросина Кулакова

Голем број граѓани и денес, по трет пат, се собраа на протест на кој се бараше правда за Фросина Кулакова,...

Топ22 часа

Во полиција задржан тинејџерот од Косово кој прегази пешаци на улица во Скопје, МВР поднесе кривична пријава

Полицијата поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа околу 22 часот удри пешаци во Скопје на улицата Дринска. Седумнаесетгодишникот од...

Македонија23 часа

Мицкоски од Минхен: Пристапот кон ЕУ стана подвижна цел, наместо системот на заслуги постојат двојни стандарди и билатерални спорови

На денешниот настан во рамки на Минхенската безбедносна конференција наменет за пристапот на Балканот кон ЕУ, премиерот, Христијан Мицкоски, истакна...

Македонија1 ден

Партиите од коалицијата „Влен“ размислуваат да се соединат во една партија по локалните избори, откри Таравари

До локалните избори сигурно нема да има спојување на Влен, а по нив може да се случи евентуално спојување на...

Македонија1 ден

(Видео) Изгоре магацин за полиестер во Врапчиште, пожарникар падна од скали и се повреди

Изгоре магацин за  производство на полиестер во општина Врапчиште. Магацинот се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека...

Свет1 ден

Првиот човек на НАТО: Путин не би се осмелил да нападне наша членка

Рускиот претседател Владимир Путин не би се осмелил да нападне земја-членка на НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте...

Свет1 ден

Зеленски: Работиме на посебен договор со САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека успехот „веќе се чини можен“ откако неговата администрација почна да соработува со тимот на...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС и ДУИ кое како канцер ја има зафатено правдата во Македонија,...

Свет1 ден

„Не сме сите такви“ – Алхалаби е херојот од Сирија кој го совлада својот сонародник за време на нападот во Австрија

Сириец вчера избоде со нож пет минувачи по случаен избор во Вилах, Австрија пришто загина 14-годишно момче. Медиумите денес се...

Свет1 ден

ЕУ се подготвува за итен состанок за Украина

Франција разговара со своите сојузници за можноста за одржување неформален состанок на европските лидери за Украина, а четворица европски дипломати...