Македонија
Пресудата за сообраќајката на Тоше попладнево
Финалната пресуда во судскиот процес за сообраќајката во која загина македонската поп икона Тоше Проески се очекува да биде донесена во среда во 15 часот.Претходно, Јавното обвинителство и одбраната на обвинетиот Ѓорѓи Ѓеоргиевски ги дадоа последните зборови пред финалната пресуда.
Финалната пресуда во судскиот процес за сообраќајката во која загина македонската поп икона Тоше Проески се очекува да биде донесена во среда во 15 часот.Претходно, Јавното обвинителство и одбраната на обвинетиот Ѓорѓи Ѓеоргиевски ги дадоа последните зборови пред финалната пресуда.Обвинителството во своето обраќање заклучи дека Ѓорѓевски во моментот на несреќата возел со 152 километри на час, што било спортивно со ограничената брзина. Во услови на намалена видливост и неприлагодена брзина на коловозот Ѓорѓевски задоцнето го почнал претекнувањето што било главната причина за стравичниот удар. Обвинителството побара Ѓорѓевски да биде казнет поради небрежност. Во своето излагање пак одбраната на Ѓорѓевски, повторно посочи на контрадикторноста во вештачењето на туарегот, и укажа дека голем пропуст е што во целиот судски процес не се појавил возачот на камионот, кој не само што бил сведок, туку бил и втор учесник во несреќата.Одбраната побара од судот да се земе во предвид и нарушената психичка состојба на Ѓорѓевски, како и ненадоместливата штета што му била нанесена со загубата на неговиот најдобар другар.Обвинетиот Ѓорѓевски со солзи во очите рече дека веќе е казнет бидејќи го изгубил својот најдобар другар и брат кој засекогаш ќе живее во него./крај/вм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.