Македонија
Макфест ќе се одржи на почетокот на ноември
Дваесет и четвртото издание на Макфест сепак ќе се одржи на 5,6 и 7 ноември и покрај сите проблеми, а финансискиот дел е покриен од страна на Општина Штип.
Дваесет и четвртото издание на Макфест сепак ќе се одржи на 5,6 и 7 ноември и покрај сите проблеми, а финансискиот дел е покриен од страна на Општина Штип.
„Оваа година Макфест ќе се поклопи со традиционалниот Ден на пастрмајлијата, а доколку се покаже како добар потег, датумот на Макфест може трајно да остане во ноември“, изјави штипскиот градоначалникот Зоран Алексов.
Градоначалникот исто така истакна дека уште оваа година Фершпед ќе фигурира како покровител на фестивалот, и покрај финансиското покритие од страна на Општина Штип, но дека од наредната година кога ќе се одржи дваесет и петтото јубилејно издание, фестивалот ќе биде под целосна закрила на општината.
Директорот на фестивалот, Стојан Троицки изрази голема благодарност до општината, за дадената поддршка, а уметничкиот директор, Кристијан Габровски ги соопшти деталите во врска со учесниците.
Како и секоја година дебитантската вечер ќе има 14 изведувачи, во полуфиналната ќе има 23 и како специјален гостин ќе настапи Влатко Стефановски Трио. Сценарист и водител ќе биде Вера Јанковиќ, како што ја нарекоа на самата пресконференција е препознатлива најмногу по водењето на Макфест. Прва фестивалска вечер – дебитанти:1.Нема ни светлина-Ангела Арсова2.Крива си за се-Констадин Папа3.Плејбој-Денис екс & Мате Јосифовски4.Згодна приказна за мемоари-Анета5.Не го барајте-Рената Кралевска6.Да те врата-„Стак Он“7.Немирна-Кристијан Јованов8.Те покривам со љубов-Бојан Алексовски9.Кажи кој те има-Александар Тарабунов10.Волшебна кочија-Христијан Димитровски – Кико11.Ми требаш-Биг’с Адреналин12.Студен бран-Ангелина Стојановска13.Ова сум јас-Марија Бунда14.Не сакам да знам-СлаѓанаПрва фестивалска вечер1.Направи од светот рајско место-Роберто2.Љубоморен-Драган Темелковски – Џони3./ДЕБИТАНТ4./ДЕБИТАНТ5.Во мене-Маја Вукичевиќ6.После дождот-Наде Талевска7.Прв-Врчак и ДНК8.Никогаш до сега-Игор Митровиќ9.Душо Уморна-Сања Левкова10.Пак по старо-Влатко Илиевски11.За тебе живеам-Иле Спасев12.Не знам како- Елена Петреска13.Не се предавам-„Игуана“14.Жал ми е-„Рафинерија“Втора фестивалска вечер:1./2./3./4.Можеш-Дани5.Белег-„Камелеон“6.Лице од насловна-Роберт Билбилов7.Оди или остани-Иван Јованов8.Твоја-Патници9.Ти прекрасна-Боби и Ж’Тем10.Нешто посебно-Филип Јордановски11.Купив се- Ѓоко Таневски12.Ко првиот пат-Бојан Стојков13.За милион години-Ристо,Дуле и Коки14.Вечерва си моја желба-Оливера Ѓорковска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Едукативен мото настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори, ќе им биде презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.
„Низ дружење со претставници и членови од мото клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење на електрични превозни средства“, велат од општина Кисела Вода.
Македонија
Ќе се основа Медицински факултет во Битола, усвоени се законските измени
Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола, изјави пратеничката Жаклина Лазаревска.
Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски” – Битола а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа.
Како што објави Лазаревска, наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп.
„Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини. Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место. Значително ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината“, изјави Лазаревска.
Како што рече, ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението.
Скопје
Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера вечер присуствуваше на тренингот на КК Работнички во салата Кале. Со кошаркарите разговараа за издигнувањето на тимот и потребите за достигнување на високи резултати и на следните натпревари.
„Сакам да се заблагодарам пред се и на тренерот на цел стручен тим но и на сите играчи за одличните резултати коишто ги имаме годинава. Успеавме со клубот од невозможно да направиме возможно. Клубот којшто го начекавме пред две години на 10то место со 4-5 неисплатени плати и долг од 600 000 евра да го вратиме на победничките патеки. Важно е што во моментов табелата трепка што сме на прво место и се надевам дека тоа така ќе остане и до крај. Јас верувам дека ќе имаме успех оваа сезона и уште поголем успех следната“, им порача Герасимовски на кошаркарите.
При средбата Герасимовски ги извести играчите дека општина Центар го има имотниот лист на салата и успеа да го исполни ветувањето дека ќе ја врати сопственоста на салата под ингеренции на општината.
Општина Центар на крајот на минатата година доби финансиски средства од Владата во вредност од 30 милиони денари наменети за реконструкција на салата, при што Герасимовски ги информираше играчите со процесот и проект планот кој е веќе во изработка за реновирање на матичната сала на Работнички. Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам за тоа, порача Герасимовски.