Македонија
Одбележан Меѓународниот ден на толеранцијата
По повод 16. ноември, Меѓународниот ден на толеранцијата, под мотото „Љубов е љубов“ денеска напладне во Скопје се одржа Граѓански марш на толеранцијата.
По повод 16. ноември, Меѓународниот ден на толеранцијата, под мотото „Љубов е љубов“ денеска напладне во Скопје се одржа Граѓански марш на толеранцијата.
Меѓународниот ден на толеранцијата (Резолуција 51/95 на ОН) претставува уште една можност за секој граѓанин, организација и институција јасно да се декларира за толерантно и ненасилно општество во кое се почитуваат човечките и цивилизациските вредности.
Главната цел на маршот беше да се укаже на дискриминацијата врз основа на полот, родовиот идентитет, сексуалната определба, потоа дискриминацијата врз основа на религиозна, расна, верска, хендикеп, социјален статус, политичка припадност. Организатори на маршот беа Хелсиншкиот комитет, CIVIL, здружението Q и Плоштад Слобода.
Организаторите апелираа до Владата што побрзо да се донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација и да се санкционира секаков вид на дискриминација.
„Денеска сум тука затоа што сум силен поддржувач на либералното општество. Можеме барем да ги почитуваме различностите, да ги славиме различностите во општеството“, изјави холандската мабасадорка Симоне Филипини, која се придружи на денешниот марш.
За Гордана Несторовска од Хелсиншкиот комитет денешниот марш е успешен почеток на нешто што секоја година треба се‘ помасовно да се одбележува.
„Мора од некаде луѓето да почна да ги градат своите ставови и да ги рушат тие ментални бариери кои постојат. Ова не беше парада. Релативно малиот број на луѓе кои излегоа покажува дека луѓето се плашат да излезат и да го кажат своето мислење. Кај нас во кој било апел или документ во кој се појавува сексуалната ориентација, власта молчи. Хелсиншкиот комитет уште во 2005 предложи да се донесе законот против дискриминацијата. Во последниве две години интензивно се работи, но се‘ уште немаме сознанија до каде е процедурата“, рече Несторовска.
„Законот за спречување и заштита од дискриминација е дел од условите за визната либерализација и Владата ќе мора да го донесе. Проблемот е во тоа каков закон ќе донесе“, вели Кочо Андоновски од Q./крај/ед
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.