Македонија
Македонија 71-ва во светот според корупција
Македонија забележа благо поместување од 0,2 индексни поени на ранг листата на индексот за перцепција на корупцијата за 2009 година и се наоѓа на 71-то место што е за една позиција погоре во однос на лани. Ова го покажа извештајот на Транспаренси Интернешнл за 2009 година
Македонија забележа благо поместување од 0,2 индексни поени на ранг листата на индексот за перцепција на корупцијата за 2009 година и се наоѓа на 71-то место што е за една позиција погоре во однос на лани.Ова го покажа извештајот на Транспаренси Интернешнл за 2009 година, кој во вторник истовремено е презентиран во сите земји членки на оваа организација.Во истражувањето се опфатени 180 земји, а Македонија во однос на бодувањето е во друштво со Бугарија, Грција и Романија.“Не треба да бидеме задоволни, бидејќи сме во друштво со најлошо рангираните земји членки на ЕУ“, изјави претседателот на Транспарентност Нулта корупција, Слаѓана Тасева, која го презентираше извештајот. Од земјите во регионот, највисоко бодувана е Словенија, која е на 27 место, потоа Хрватска и Црна Гора, кои се на 66, односно 69 позиција. На 71 место исто како и Македонија, е и Бугарија, а веднаш зад нас се Грција и Романија. Србија е на 83 позиција, а далеку зад неа се Албанија и БИХ како земја со највисок степен на корупција во регионот. Најмалку корумпирана земја која ја држи првата позиција на листата на ТИ, е Нов Зеланд, а потоа следуваат Данска, Сингапур и Шведска. Листата на најмногу корумпирани ја предводат Сомалија, Авганистан, Мијанмар и Судан.Целта на ова истражување е да се подобри разбирањето на компаративните нивоа на корупцијата во јавниот сектор, да се создаде јавна свест за корупцијата, клима за промени, како и да се понуди слика на ставовите на бизнисмените и експертите кои донесуваат одлуки за трговија и инвестиции. /крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласови односно 0,90%. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателска кандидатура, зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласови, додека во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на фејсбук.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.
Македонија
Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници
Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини.
Според податоците на ДИК, Давкова на вчерашниот прв круг победи во 60 општини, а Османи во 15. Понатаму, Пендарвски освои најмногу гласови во три општини, а Арбен Таравари во една, како и Максим Димитриевски.
Со тоа Силајовска има најмногу освоени гласови во Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44 %), Богданци (49,59 %), Босилево (57,61 %), Брвеница (33,54 %), Бутел (43,91 %), Валандово (50,29 %), Василево (60,18 %), Вевчани (56,15 %), Велес (53,57 %), Виница (56,71 %), Гази Баба (53,68 %), Гевгелија (52,62 %), Ѓорче Петров (51,58 %), Градско (64,27 %), Дебарца (57,06 %), Делчево (47, 08 %), Демир Капија (54,77 %), Демир Хисар (52,92 %), Дојран (52,58 %), Зелениково (53,35 %), Зрновци (61,15 %), Илинден (62,96 %), Јегуновце (47,49 %), Кавадарци (50,84 %), Карбинци (61,22 %), Карпош (40,82 %), Кисела Вода (57,67 %), Кичево (39,84 %), Конче (57,85 %), Кочани (53,10 %), Кратово (62,84 %), Крива Паланка (47,05 %), Кривогаштани (54,84 %), Лозово (53,09 %), Македонска Каменица (50,96 %), Македонски Брод (55,86 %), Могила (63,48 %), Неготино (49,02 %), Новаци (61,88 %), Ново Село (56,84 %), Охрид (53,89 %), Петровец (59,05 %), Пехчево (53,97 %), Прилеп (51,42 %), Пробиштип (52,03 %), Радовиш (56,34 %), Ранковце (54,34 %), Ресен (47,64 %), Росоман (51,36 %), Свети Николе (57,63 %), Сопиште (49,44 %), Старо Нагоричане (37,59 %), Струмица (47,06 %), Центар (39,98 %), Чашка (32,70 %), Чешиново-Облешево (58,93 %), Чучер Сандево (36,35 %) и во Штип (53,44 %),
Стево Пендаровски освои најмногу гласови во: Крушево (43,02 %), Маврово и Ростуша (44,04 %) и во Центар Жупа (34,95 %).
Бујар Османи победи во: Арачиново (53,51 %), Боговиње (55,33 %), Врапчиште (58,02 %), Дебар (49,88 %), Долнени (32,95 %), Желино (49,45 %), Липково (56,83 %), Пласница (66,91 %), Сарај (55,49 %), Струга (39,38 %), Студеничани (50,54 %), Теарце (41,30 %), Тетово (37,91 %), Чаир (40,65 %), Шуто Оризари (37,11 %)
Арбен Таравари освои најмногу гласови во Гостивар (32,26 %), а Максим Димитриевски во Куманово (22,89 %).