Македонија
ЕП очекува датум за Македонија
Советот на Европската унија (ЕУ) на декемврискиот самит треба да ја потврди препораката на Европската комисија (ЕК) за отварање и отпочнување преговори со Македонија.Ова се наведува во предлог резолуцијата за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, Турција и Исланд,
Советот на Европската унија (ЕУ) на декемврискиот самит треба да ја потврди препораката на Европската комисија (ЕК) за отварање и отпочнување преговори со Македонија.Ова се наведува во предлог резолуцијата за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, Турција и Исланд, за која Европскиот парламент (ЕП) ќе расправа на пленарна седница денеска, а ќе гласа в четврток.Во Предлог резолуцијата, подготвена од италијанскиот европратеник Габриеле Албертини, одлуката за почеток на преговори која Европскиот совет би можел да ја донесе на 7 декември не е условена со решавање до тој рок на прашањето за името.„Во врска со проблемот со името, парламентот ги повикува владите на двете земји (Македонија и Грција) да ги зајакнат напорите и да најдат решение. Владата на Фиром треба да избегне било какви изјави и акции, кои може да имаат негативен ефект врз односите со својот сосед. Неодамнешното воспоставување на политички односи со Косово е еден таков пример”, се нагласува во предлог резолуцијата.Во Нацрт документот, во делот за Македонија се препорачува земјата посветено да продолжи со исполнување на реформите.„Се уште е потребно земјата да внесе реформи во јавната администрација и во судството, да се бори против корупцијата и да ги подобри правата на жените и меѓуетничките односи”, се порачува во Предлог резолуцијата.Во овој Нацрт документ, што во понеделникот го одобри Комитетот за надворешни работи на ЕП, се укажува дека „сите сегашни и потенцијалните земји кандидати мора да продолжат со реформирање за да можат да станат ЕУ членки”.На пленерната седница на која ЕП денеска ќе расправа за Нацрт резолуцијата ќе присуствува и делегација на Комисијата за европски прашања на македонскиот парламент.Има најави за средбата на парламентарната делегација со еврокомесарот за проширување Оли Рен, кој пред европратениците ќе го презентира стратешкиот документ на Европската комисија за проширување со земјите од Западен Балкан, Турција и Исланд./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.