Контакт

Македонија

95 новозаразени со сипаници, бројката се намалува, но епидемијата не стивнува

Објавено пред

Во последните шест дена, од 20 до 25 април, пријавени се 95 нови случаи на заразени со сипаници. Во споредба со претходната недела, бројката на новозаразени е намалена, но епидемиолозите велат дека тоа не значи оти епидемијата стивнува. Претходната недела има 121 нов случај на заразени со сипаници.

„Информацијата е пократка за еден ден од вообичаениот период за кој правиме пресметка поради празникот. Може да се случи до утре да се пријават уште десет заболени и да имаме приближно иста бројка. Намалување не може да констатираме за недела или две. Потребно е да поминат барем од три до четири недели за да можеме да кажеме дали има надолна тенденција. Она што е добро е што бројот не расте. Ќе се одржува едно ниво, особено поради случаите што не се од Скопје. Исти мерки се преземаат во сите градови, но очекувано е бројот на заболени што не се од Скопје да се одржува подолго време оти се работи за повеќе градови и на повеќе места на кои треба да се интервенира“, изјави епидемиологот Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје, за „А1 он“.
Во неделниот извештај за состојбата со сипаниците во последната недела стои дека од вкупниот број нови заболени, 60 случаи се од Скопје, а другите 35 се од 8 други градови во С. Македонија – Струга (11), Гостивар (7), Куманово (6), Тетово (6), Охрид (2), Велес (1), Прилеп (1) и Валандово (1).

Во тек на оваа недела најголем број случаи (62) се на возраст над 20 години.

Според вакциналниот статус, 68 отсто, односно 71,6 отсто од регистрираните случаи се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Вкупно, од почетокот на епидемијата во декември 2018 регистрирани се 1.175 случаи на мали сипаници со стапка на заболување од 56,8 на 100.000 жители, што претставува највисок број регистрирани случаи во последните 10 години.

Поради исполнување на епидемиолошките критериуми, епидемија од мали сипаници е прогласена на целата територија на Републиката.

Според местото на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 21 град од Македонија, од нив 751 случај се од Скопје, Куманово – 109, Тетово – 99, Струга – 61, Кичево – 30, Гостивар – 27, Велес – 25, Гевгелија – 18, Дебар – 17, а во другите градови се регистрираат по помалку од 10 случаи.

Најголем број од случаите се од возрасната група над 30 години – 504. Пријавени се 200 деца на возраст под една година, а децата на возраст од 1 до 4 години се регистрираат со 202 случаја. Според вакциналниот статус, 895 или 76,1 отсто од заболените лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од невакцинираните лица, 200 се на возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација во согласност со календарот за имунизација.

Од 202 заболени деца на возраст од 1 до 4 години, 88,1 отсто се невакцинирани или со непознат вакцинален статус, а од 674 заболени кај лицата над 20-годишна возраст, 65,4 отсто се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Од пријавените случаи, 480 или биле хоспитализирани, а кај 205 се регистрирани компликации. Од нив, најголем број компликации – 54 биле кај деца на возраст под една година, а во 43 случаи се кај деца на возраст од 1 до 4 години, што укажува дека оваа возрасна група е најзасегната и подложна на компликации, известуваат од Институтот.

Во Скопје од почетокот на епидемијата вакцинирани се 12.848 деца до 14-годишна возраст.
Во другиот дел од државата вакцинирани се 8.320 деца до 14-годишна возраст со прва или втора доза.
Вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП-вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 21.168.

Македонија

Демократски сојуз: Парламентот да одржи вонредна седница поради случувањата со СЈО

Објавено пред

Демократскиот сојуз смета дека актуелните случувања поврзани со Специјалното јавно обвинителство налагаат потреба од одржување на вонредна седница на Парламентот, на која ќе се расправа за работата на СЈО и ќе се донесат законски измени со кои СЈО ќе се вклопи во системот на јавното обвинителство, ќе се обезбеди двостепеност и контрола над работата на СЈО.

Воедно треба да се создадат законски можности Специјалниот јавен обвинител да го избира Советот на јавни обвинители на предлог на Јавниот обвинител на РСМ.
ДС инсистира на сеопфатна и неселективна истрага во која ќе бидат опфатени сите кои се вклучени во оваа злосторничка-рекет банда и да понесат одговорност, посебно носителите на високи функции во законодавната, извршната и судската власт.

„Сугерираме целокупниот материјал (информации, податоци, докази, прислушувани материјали и сл.) со кои располага СЈО, надлежното обвинителство и судот да го стават под посебна заштита и да спречат уништување на докази. На стручниот кадровски потенцијал во СЈО да му се обезбедат услови да продолжи непречено да работи“ велат од партијата.

Демократскиот сојуз смета дека криминализацијата ја разорува државата и затоа е неопходно да се направи пресврт во борбата против криминалот како клучен предуслов за воспоставување на систем на владеење на правото.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДЗС со кампања за заштита од пожари

Објавено пред

Дирекцијата за заштита и спасување со поддршка на ЕВН, од вчера започна кампања за заштита од пожари на цела територија на Републиката преку едуцирање на населението за намалување на заканите од пожари со помош на едукативен прирачник и постери со чекори за заштита во случај на шумски пожари. Дел од активностите на кампањата вклучуваат делење на прирачници за намалување на заканите од пожари, поставување на едукативни постери на повеќе места низ Градот Скопје, на наплатни станици и на излетничките места.

Целта на оваа кампања е да се делува превентивно и едукативно, преку подигнување на свеста на населението за сите можни ризици што пожарите ги носат како катастрофа, бидејќи влегуваме во таканаречен критичен период во годината за појава на пожари на отворен простор.

Дел од агендата на кампањата е вклучување на тимот на ДЗС на летниот фестивал Summerland , па така оваа сабота 20 јули 2019 во 18ч. на штандови ќе одржи едукативно предавање, ќе дели флаери со препораки за однесување на отворен простор на посетителите и ќе се обиде на директен начин со публиката да ја подигне свеста за заштита на шумите.

Намалувањето на заканите од пожари е само најава за низата кампањи кои ќе се водат под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени“, а ќе вклучуваат кампања за намалување на последиците од поплави, земјотреси и други катастрофи предизвикани од природата и човекот. Една од поважните проекти на кој работи тимот на експерти при Дирекцијата за заштита и спасување е изготвување на семејниот прирачник кој ќе биде промовиран на есен“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Објавено пред

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи, Никола Димитров по вчерашната акција во која беше уапсен првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Судот ноќесна му осреди 30 дена притвор. Јовановски е првоосомничен во најновата истрага на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Јовановска заедно со Зоран Милевски Кичеец е обвинет за примање награда за противзаконско влијание, како и за перење пари.

,,Никој не рече дека ќе биде лесно. Можеме да тонеме во разочарување и очај и да ја храниме самопоразувачката енергија дека од нас не бидува ништо. Со мазохизам и неразбирлива радост да ги дочекуваме лошите вести. Чашата секогаш да биде полупразна: ,,Ти кажав, не бива од нас држава”. Бидејќи, веста денес може да биде и ваква: системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа.

Дека ќе не’ биде и покрај се’ и заради се’. И заедно со сите кои не веруваат дека ќе не’ биде. Дека борбата против криминалот никогаш нема да заврши. И ќе трае, оти е борба всушност на доброто против злото. На некој начин, таа борба, што мене како и многу други ме вовлече во и кон политиката, е на самиот почеток. Дека ќе треба интегритет, пот, солзи и многу работа за да ги тргаме наталожените раскомотени криминални мрежи. Дека сеирџиство и банално ликување не помагаат, ниту дефетизам и ширење немоќ, бидејќи најлесно е да се откажеме сите. Помага само да засукаме ракави и сите да работиме до последно. Бидејќи знаете што е државата? Сите ние, сите граѓани до последен. И кога фрламе по државата, фрламе и по себеси. Ќе не’ биде народе, тогаш кога секој во своето, ќе турка до последниот атом. Јас не дигам раце додека не не’ биде. Не сме ние ништо понеспособен народ од било кој друг. Мегданот тоа да го покажеме и докажеме е токму тука, токму сега. Ќе не’ биде и точка!, напиша Димитров на Фејсбук.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени, откако куќа експлодира во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион49 минути

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат” во областа на Бања Лука, полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет2 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија2 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа3 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија10 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија11 час

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија12 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија13 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион15 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија17 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија18 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија20 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија21 час

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија21 час

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија22 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија23 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија1 ден

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава1 ден

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Досие