Македонија
МНР: Укинувањето на визите е голема придобивка
Укинувањето на визите е голема и практична придобивка која ќе овозможи зголемена мобилност, размена на идеи, унапредување на соработката во сите сфери
Укинувањето на визите е голема и практична придобивка која ќе овозможи зголемена мобилност, размена на идеи, унапредување на соработката во сите сфери
Ова се наведува во соопштението на македонското Министерството за надворешни работи во врска со укинувањето на визниот режим од страна на Европската унија за македонските граѓани.
Визната либерализација ќе биде особено важна за младите генерации граѓани коишто се главните носители на развојот на Република Македонија во идна земја-членка на ЕУ, се вели во соопштението на МНР.
Патоказот за визна либерализација беше позитивно искуство за државните институции и се покажа дека Македонија има институционален и административен капацитет за исполнување сложени технички барања во процесот на евроинтеграција, се додава во соопштението.
Од МНР потсетуваат дека визната либерализација важи само за граѓаните кои поседуваат биометриска патна исправа и тие ќе можат да престојуваат во шенген зоната до 90 денови.
Покрај биометриска патна исправа постојат и други услови за влез што важат за сите државјани на трети земји што патуваат во шенгенската зона, а со тоа и за државјаните на Република Македонија.
Условите за влез се поврзани со поседување доволно финансиски средства за времетраењето на престојот и за враќањето во Македонија, поседување докази за целта и за условите на планираниот престој, потоа утврдување дека патниците не го надминале максималното времетраење на одобрениот престој, дека патниците не се сметаат за закана за јавниот ред, јавното здравство или за внатрешната безбедност.
Државјаните на Македонија може да бидат одбиени при влез во шенгенската зоната доколку не ги исполнуваат условите за влез, за што ќе добијат образложена одлука во писмена форма, се вели во соопштението. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Патот Штип-Кочани во прекин поради сообраќајка
Од 17:10 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Штип-Кочани, сообраќајот е во прекин во една насока, информираат од АМСМ.
Македонија
Маричиќ: Имаме план за зелена Македонија во која граѓаните ќе станат акционери на енергетските компании
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ денес во изјавата за медиуми се обврза дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина нема да се откажат од стремежот за енергетска независност и од зелена енергија.
Во своето обраќање посочи дека е време да се сопре со фосилните технологии.
Изјави дека постоечките енергетски капацитети на фосилни горива да ги трансформираме во соларни електрани кои произведуваат зелена енергија.
„Тој процес го продолжуваме со голема новина: Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните! Граѓаните стануваат акционери во енергетските компании. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство.
Нашиот план е производството на енергија да се зголеми за најмалку 70% за да ги задоволиме домашните потреби за струја. Во наредните четири години за 100% да се зголемат капацитете со обновливи извори на енергија да достигне 60% од вкупната потрошувачка во државата.“
Маричиќ во својата изјава потврди дека целта и програмата на СДСМ е иста со онаа на Европската Унија и Европскиот зелен договор кој предвидува нула штетни гасови од фосилни горива до 2050 година.
„Нашата визија е зелена Македонија како здрава животна средина за граѓаните. Чиста вода за пиење во секое населено место, одржливо управување со отпад и расчистување на дивите депонии. Пречистување на отпадните води за здрава почва за здрава храна.“
Македонија
Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје
Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија. Тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.
Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, откако и на 11 април беше успешно реализирана ваква акција.