Македонија
Вакцините пристигнуваат вечер
Вакцините против новиот грип А(Х1Н1) се потрошени, но до крајот на денот надлежните очекуваат да стигнат нови 80 000 вакцини.
Вакцините против новиот грип А(Х1Н1) се потрошени, но до крајот на денот надлежните очекуваат да стигнат нови 80 000 вакцини.
„Добра вест е што нови количини 80 илјади патуваат кон Македонија и ги очекуваме до крајот на денот. И покрај оние основни процедури ќе бидат дистрибуирани низ целата држава. Граѓаните ќе можат да се вакцинираат веќе утре попладне“, вели доктор Јованка Костовска, претседател на Комисијата за пандемиски грип.
Досега се вакцинирани околу 15 илјади граѓани од 25 илјади дози што претходно беа набавени.
Според најновите податоци од Институтот за јавно здравје, бројот на заболени лица се искачи на 30 илјади.
“Во текот на последната недела заклучно со 13-ти ноември бројот на пријавени изнесува 8997, значи тоа е бројка за последната 50-та недела. Вкупно во декември регистрирани се 18.143 заболени со што вкупната бројка во Македонија од започнувањето на сезоната до денеска изнесува 27.806 заболени“, изјави доктор Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.
Најголем број од заболените се од Скопје, околу 34 отсто, потоа следат Куманово, Прилеп и Битола.
Во текот на последните 24 часа на инфективните одделенија се хоспитализирани 34 нови заболени од новиот вирус. Од нив 12 се на Клиниката за инфективни болести, шестмина се примени на инфективното одделение во Воената болница, а 16 деца болни од грип се примени во Детската болница и Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле.
Засега има само шестмина кај кои болеста е во напредна фаза и се поставени на респиратор. Веќе една недела во земјава не е регистриран нов смртен случај, како последица од грипот. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд
Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд.
Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото, знамето на Исланд.
„Моторните возила од Кралството Норвешка веќе се на својата крајна дестинација. По нивното распоредување, армиските единици ќе добијат поголема транспортната способност и мобилност“, напишаа од македонската Армија.
Македонија
Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот „Тајм“
Македонката Светлана Мојсов, светски познат научник, чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина, е меѓу 100-те највлијателни личности во светот за годинава, според најновиот избор на американскиот магазин „Тајм“.
Таа се најде во овој престижен избор заедно со уште двајца научници, Џоел Хабенер и Ден Дракер, во сегментот „Пионери“, меѓу други влијателни личности, како Америка Ферера, Лесли Локо, Офелија Дал, Кенеди Одеде и други.
Како што пишува Алис Парк, виш дописник на „Тајм“, во образложението за изборот на Мојсов, Хабенер и Дракер, појавата на ефикасни лекови за слабеење, како што е „вегови“ (Wegovy), е кулминација на долгогодишната тимска работа.
Научниците во Европа и во САД, кои први работеа на лековите за дијабетес, направија критична врска помеѓу инсулинот и инкретините, дел од семејството цревни хормони, познати како глукагони, со што им помогнаа да разберат како да управуваат со нивото на шеќерот во крвта и тежината.
Во годинашната листа на магазинот „Тајм“ во категоријата највлијателни лидери се сопругата на починатиот руски опозиционер, Јулија Навални, кинескиот премиер Ли Џијанг, полскиот премиер Доналд Туск, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи и италијанската премиерка Џорџа Мелони меѓу лидерите.
Покрај нив, помеѓу највлијателните лидери се и бразилската министерка за животна средина и климатски промени, Марина Силва, директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, и шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.
Во изборот на највлијателните личности на американскиот весник се најдоа и јапонскиот режисер Хајао Мијазаки, британската пејачка со албанско потекло, Дуа Липа, британскиот актер Дев Пател и австралиската пејачка Кајли Миног.
Македонија
Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче
Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче.
Од МВР информираа дека вториот приведен е В. Т. (36) од Скопје.
Претходно, Обвинителството објави дека приведен е 26-годишен скопјанец, кој учествувал во кражбата.
Со тоа, двајцата се сомничат дека на 1 април провалиле во затворен маркет на улицата Востаничка во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или сѐ во вкупна вредност од 285.000 денари.
ОД МВР информираа дека судија на претходна постапка на едното лице му определи мерка притвор.