Македонија
Османи:Македонија во секое време може да набави вакцини за свински грип
Ако има потреба за повеќе вакцини за грипот А(Х1Н1) Министерството за здравство има понуди и од други земји, но во моментот, со свинскиот грип ќе се справува со…
Ако има потреба за повеќе вакцини за грипот А(Х1Н1) Министерството за здравство има понуди и од други земји, но во моментот, со свинскиот грип ќе се справува со осумдесетте илјади холандски вакцини. Ова во петок го изјави министерот за здравство Бујар Османи, на отворањето на Советувалиштето за репродуктивно здравје во склоп на амбулантата Пролет во Скопје. Според министерот, нема да има застој во вакцинирањето, а државата преку договори има обезбедено потребен број вакцини за наредниот период. „Имаме понуди од многу држави за купување вакцини, меѓутоа во моментов ќе одиме со овие 80 илјади. Доколку епидемиолозите и комисијата направат нова проценка, ние ќе набавиме, имаме пристап до вакцини во секое време“, рече Османи. /крај/бб/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Таравари: 800 евра минимална плата, економијата и емиграцијата бараат одговори
Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа, бидејќи на сите избори мнозинството гласови ги имала опозицијата.
„Претседателските избори се одржуваат во среда на 24 април, бројот 6 е број на промената која вреди. Каде и да одиме во кампањата, а сме отишле низ цела држава, гледаме дека најголем проблем е сиромаштијата, поскапувањето, невработеноста или ниските плати. Условите за живот станаа потешки. Ова го предизвикува и другиот многу голем проблем што го имаме. Емиграцијата на младите. Младите заминуваат токму затоа што платите се мали и тешко се наоѓа добра работа“, изјави Таравари.
Според него, економијата и иселувањето бараат одговори.
„Затоа, ние како коалиција ВЛЕН, во владата, мора да гарантираме и ќе гарантираме зголемување на минималната плата до 800 евра. Ја објавивме и дискутиравме за нашата претседателска програма, а на почетокот на следната недела ќе ја објавиме и програмата за парламентарните избори. Таа е единствената програма што вреди. Но, уште еднаш повторувам, за да дојде до промена, секој човек мора да биде посветен. Затоа што секој глас е важен. И го повикуваме секој гласач да излезе на денот на гласањето, за да ја гарантираме победата на промените“, изјави Таравари.
Македонија
Изет Меџити: На сите граѓани на Северна Македонија ќе им поделиме 49 отсто од акциите на Јавните претпријатија во износ од 10.000 евра за секој поединец
Лидерот на Демократското движење и носителот на листата во ИЕ број 1, Изет Меџити од денешната прес-конференција на Коалицијата Вреди порача дека на сите граѓани на Северна Македонија ќе им подели 49 отсто од акциите на Јавните претпријатија во износ од 10.000 евра за секој поединец.
„Денес имаме средба со структурите накоалицијата ВРЕДИ кои се распоредени во 6 избирачки единици, со ограноци и подограноци. Имаме четири партии, односно четириструктури, но го имаме и Движењето Ветевендосје, кое нè поддржува со дух и инспирација, со инструкции нанекорумпираниот премиер Албин Курти, но и на Глаук Коњуфца, кој вчера дојде во Скопје за да не поддржи. Четири партии ги здружија силите. Скендербег велеше „Сојузот ја прави моќта“, а денес овде на плоштадот Скендербег се среќаваме со нашите обединети структури“, вели Меџити.
Како што дополнува, тие ќе победат, а победата ќе го зајакне нивниот сојуз.
„На оние кои ја држеа власта преку поделби им дојде крајот. Нашата победа ќе донесе големи промени за општеството, особено за Албанците во Северна Македонија. Една од економските мерки што ќе се преземат ќе биде враќањето на државните претпријатија во рацете на граѓаните. На сите граѓани во Северна Македонија ќе им се поделат 49 отсто од акциите на државните претпријатија, односно на секој поединец ќе се поделат акции во вредност од 10.000 евра. Овие акции ќе можат да се продаваат на пазарот, ќе донесат нова економска динамика во сите семејства, но ќе овозможат и внесување приватен капитал во овие претпријатија, што носи модернизација и развој. Овие политики, успешно спроведени во многу европски земји, време е да се имплементираат и кај нас. 10.000 евра за секој поединец, и повеќе капитал за претпријатијата и за стопанството, тоа е економијата што ВРЕДИ. Но, за да се реализира сето ова, потребен ни е секој глас, а оваа порака мора да ја распределат сите наши структури. Потребна ни е, првата етапа на 24 април, посветеност на сите. Победата од 24 април ќе ја отвори вратата за победата на 8 мај“ вели Меџити.
Македонија
Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе достави претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на кандидатката Гордана Силјановска-Давкова и од политичката партија ВМРО-ДМПНЕ, којашто ја поддржува нејзината кандидатура.
„Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати, на јавните собири и митинзи, искажаа лични навреди и клевети за кандидатот за претседател Пендаровски, коишто, освен што го нарушуваат неговото достоинство и неговите чест и углед, исто така содржат и елементи на говор на омраза, со што наведените може да поттикнат други лица да сторат дела од омраза“.
Пендаровски материјалот ќе го достави до ДИК, чијшто Кодекс за фер и демократски избори го потпиша кандидатката и партијата која ја поддржува, понатаму до набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, до делегација на ЕУ, како и до амбасадите на земјите членки на НАТО и Европската Унија, во нашата земја, се истакнува во информацијата.
„Со оглед на тоа што Државната изборна комисија одлучува по приговори, а не по претставки, во врска со почитувањето на одредбите од Изборниот законик и до неа ќе се достави материјалот заради нивно информирање. Тие, како носители на изборниот процес, имаат морална обврска да се запознаат со флагрантното кршење на Кодексот од кандидатката и партијата ВМРО-ДПМНЕ“, се истакнува во соопштението.