Македонија
Црвенковски: Манасиевски кокетира и со власта и со опозицијата
„Манасиевски се обидува да кокетира и со власта и со опозицијата и мислам дека тоа можеби е клучната причина зошто некои луѓе се разочараа од таа партија и решија да дојдат во СДСМ“.
„Манасиевски се обидува да кокетира и со власта и со опозицијата и мислам дека тоа можеби е клучната причина зошто некои луѓе се разочараа од таа партија и решија да дојдат во СДСМ“.
Ова е одговорот на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски на вчерашните напади на претседателот на ЛДП, Јован Манасиевски.
Тој истакна дека СДСМ е подготвена да соработува со сите политички партии и дека немаат намера ниедна политичка партија да ја претопуваат во СДСМ.
„Она што сметам дека е неопходно во Македонија е да се направи едно обединување на опозицијата, како некоја опозициона коалиција, се со цел полесно да се оствари главната намера, а тоа е да се порази актуелната власт на следните парламентарни избори“ изјави Црвенковски.
Тој изрази надеж дека следната, 2010 ќе биде година на СДСМ. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале
„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако и јас можам да бидам по вицкаст, јас ќе бидам само реален и ќе изнесам факт“, напиша Стевчо Јакимовски на социјалните мрежи.
„Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски наследи општина со 200 милиони денари на жиро сметка, клубот МЗТ со 6 милиони денари и 18 милиони денари потпишани договори кои треба да легнат на сметката на клубот во наредниот период.
Денес општина Аеродром не може да си ги плати обврските према добавувачите и изведувачите, има проблеми со исплта на плати. На МЗТ му ветуваше брда и долини, а сега доцни со плати.
Веројатно колегата мисли дека високиот резултат на нивниот претседателски кандидат е како плод на неговото домкинско и успешно работење и дека овие 12.000 гласа разлика во однос на другиот кандидат се резултат на неговото управување, но реалноста е дека следниот градоначалник по него нема да може да ја оправи некогаш најсолвентната општина. Заради колосалните успеси во локалната самоуправа сега се гребе за функција во влада.
Веројатно тактиката му е добра зошто градоначалничката фотеља е жешка, бара да бидеш добар менаџер, да имаш трпение во работата со граѓаните и да наоѓаш решение за нивните проблеми.
Ова е пре тешка работа за него, а големите партии се познати што и на помалку успешните им наоѓаат ангажман.
Паролата „И неспособните со нас успеваат“ им е својствена само нив.
За разлика од него, јас наследив 330 милиони денари блокирана сметка, а денес на истста има 60 милиони денари и нема долг ниту еден денар.
Тој работи со мнозинство со советот, а јас без мнозинство и со опструкции.
Од синоќешните резултати јас бев шокиран од нискиот број на гласови, а неговата партија пак од преголемиот број на гласови. Но, прв излегов го признав поразот и честитав на водството на нивниот кандидат.
Како што доликува на еден претседателски кандидат.
За разлика од мене тие пред очите на цела македонска јавност излегоа во алкохолизирана состојба, ги валкаа зборовите и едвај го прочитаа тоа што го напишале. Јас знам да се носам и со победите и со поразите. Нив, власта секогаш ги опијанува, а мене никогаш“, додаде Јакимовски.
Македонија
Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера
Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина. Народот не сака да биде под јаремот на стотина души од ДУИ со држава дадена на услуга на Али Ахмети, вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во Струга во рамки на претседателските и парламентарни избори.
Мицкоски порача дека народот е посилен од секое сценарио на владата на СДСМ и ДУИ, и им се заблагодари на граѓаните за поддршката и победата.
„Народот покажа дека е посилен од секое сценарио, од секоја шема направена од истите политичари кои со години крадат и се богатат на грбот на сиромашниот и напатен народ. Им доаѓа крајот, цунамито се крена, а потресот го направивте вие народот на Македонија и ви благодарам за тоа“, кажа Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски им порача на СДСМ и Ковачевски да не се чудат што ги снашло, односно како што рече тој нека не се чудат јас ќе им одговорам, ги снашол народ.
„Нека не се чудат што ги снашло. Јас ќе им дадам одговор. Ги снашол народ“, порача Мицкоски.
Мицкоски додаде дека вчерашниот резултат е одговор за предавствата, аферите, криминалот и понижувањата на Македонија и граѓаните од владата на СДСМ и ДУИ.
„Изборите вчера беа одговор за тоа што ја одземаа контролата на државата затоа што донесоа предавства понижувања и криминал. Затоа што направија 600.000 луѓе да живеат само со 150 денари на ден, 80.000 ги оставија во тешка сиромаштија. Направија да сме на врвот во Европа по инфлација и криминал, тешко се живее. Тоа оди се на контото на Ковачевски, Али Ахмети и Стево Пендаровски“, рече тој и додаде:
„Што се не се случи овие години, рекети, скандали, афери, Соравии, запалени болници, превртени автобуси, крах при ковид кризата, печалење од болните на Онкологија, за кој нема одговорност. Сето тоа е начинот на кој владее оваа власт. Одговорот стигна вчера. Дупла победа во Струга против Стево Пендаровски и СДСМ“.
Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има план и програма Платформа 1198 со која ќе ја трансформира Македонија напред и вели дека работата се уште не е завршена, односно дека финалето следува на 8 мај каде што граѓаните ќе треба да дадат црвен картон на владата.
„Работата не е завршена. Победата е голема. Финалето следи на 8 мај. Имаме противник кој нема да жали средства ниту методи за да си ги задржат фотелјите. Добија жолт картон вчера, на 8 мај треба да добија црвен. Црвен картон за цела влада. Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавства. Сите нивни понижувања кои ги прават посебно изминатите денови. Ова е револуција на народот на Македонија и таа нема да запре. Затоа ве молам, ве молам за поддршка од сите. Повикувам за сеопшто државно обединување на народот и сите сегменти на општеството против оваа влада“, нагласи Мицкоски.
Македонија
Сајкоски: На 8 мај да излеземе сите масовно и да ја донесеме големата победа на ВМРО-ДПМНЕ за нашата Македонија
Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 5 на денешниот митинг во рамките на претседателската и парламентaрната кампања во Струга потенцираше дека сите заедно треба да се обединат за идејата за економски развиена држава, за држава со добра инфраструктура, добро образование и добро здравство.
„Сакам да ви порачам една работа која што треба сите да ја сфатиме во периодот што доаѓа, дали сакаме да живееме во подобра држава? Дали имаме раст и развој? Дали сакаме да имаме подобра економија? Дали сакаме нашите деца да останат тука? Ако го посакуваме тоа да се обединиме околу идејата за Македонија развиена држава, околу идејата за Македонија за добра инфраструктура, околу идејата за подобро образование и здравство, зошто и на моите браќа Македонци муслимани од околината и на Албанците што живеат тука и на сите стружани, охриѓани, кичевчани па и на тие и од Битола и од Ресен и од цела Македонија им е потребна добра инфраструктура и поголем економски развој и подобро здравство. Затоа да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ, околу коалицијата „Твоја Македонија“ и да донесеме огромна победа предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Сајкоски.
Тој во текот на своето обраќање побара за 12 дена по изборите да се донесе влада како во 90-тите години кога граѓаните излегоа на референдум за самостојна Македонија.
„Да донесеме влада онаква каква што очекувавме во 90-тите години кога излеговме на референдум за самостојна Македонија и на следните избори за 12 дена излезете референдумски, излезете со идеја со онаква каква што излегувавме во 90-тите години“, кажа Сајкоски.
На крај Сајкоски порача:
„Излезете сите и оние кои не излегле првиот пат од разни причини. Да се обединиме за заедничка Македонија, за твоја, за наша Македонија, за развиена Македонија, за Македонија која ќе ги врати нашите деца однадвор, но и ќе ги задржи они кои сакаат да си одат од нашата држава. Сите обединете за голема победа на 8 мај, за победа на Македонија, за победа на ВМРО-ДПМНЕ“.