Контакт

Македонија

„Ленка“: Повлекување на македонските војници од Авганистан

Објавено пред

Повлекување на сите македонски војници од мировната мисија во Авганистан, бара здружението „Социјална правда -Ленка“

Повлекување на сите македонски војници од мировната мисија во Авганистан, бара здружението „Социјална правда -Ленка“Како што беше соопштено во недела на прес конференција, тие инсистираат Владата под итно да ги повлече сите 250 војници, бидејќи како што велат, земјава нема никаков интерес да присуствува во мировните мисии во Авганистан. Според нив, со испраќањето војници Македонија добива само окупациски имиџ.„Ако некој ви рече дека ако учествуваме во мировните мисии во Авганистан сме поблиску до НАТО, се лажете, бидејќи немаме никаков потпишан документ. Со тоа што Република Македонија испраќа војници во Авганистан само си создава еден лош имиџ, за земја окупатор, што никогаш во минатото не била“, нагласуваат од „Ленка“.Од Здружението истакнуваат дека во услови на економска криза во земјава, парите наменети за испраќање на војници, може да се искористат во делот на образованието, лекови, топол дом, како и за храна за бездомниците. Од „Ленка“ се повикуваат на податоци од Министерството за одбрана, според кои во период од 2005-2006 година, Македонија за мировните мисии во Авганистан потрошила вкупно 2.800.000 долари./крај/рќ

Македонија

Фронт 21/42: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

Објавено пред

Фронт 21/42 се приклучува кон Манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации со кој се бара од Европската Унија, Европската инвестициона банка и Европскиот Парламент, да се запре поддршката и финансирањето на нови хидроцентрали.

Одбележувајќи го Светскиот ден на миграција на риби, Фронт 21/42 заедно со организации како WWF – Светски фонд за природа, Climate Action Network Europe и BirdLife, алармираат за штетите кои произлегуваат од изградбата на нови хидроцентрали во Европа.

„Токму на европскиот континент сведоци сме на најголемо уништување на реките и предизвикување на речна фрагментација, со што се загрозуваат слатководните екосистеми, а истовремено нема значаен придонес во борбата против климатските промени“, се вели во соопштението.

Невладините ја потсетуваат ЕУ дека поддршката за нови хидроцентрали е во спротивност со целите за биодиверзитет на Новиот Европски зелен договор.Во Европа, популацијата на слатководни риби кои мигрираат е намалена за 93 % од 1970 година до денес. Хидроенергетските проекти се најголемиот виновник за колапсот на екосистемите, а сепак во моментов преку 5500 нови проекти се во процес на планирање или изградба. Балканот е под ризик од планови за изградба на повеќе од 2.700 хидроелектрани.

„Енергетска транзиција кон обновливи извори на енергија е неоправдана преку проекти како хидроцентралите со кои се уништуваат последните слободни реки и уникатниот биодиверзитет, особено кога енергетските придобивки се незначителни. Во моментов, 9 од 10 нови или планирани хидроцентрали имаат капацитет помал од 10 мегавати – овој незначителен удел во производството на електрична енергија зад себе остава пресушени реки, блокирани миграциски патеки на рибите, уништени речни екосистеми и локално население без вода за пиење и наводнување.И покрај постоечката легислатива чија цел е заштита на водните живеалишта и биодиверзитетот, гринфилд хидроцентралите се градат со забрзано темпо, и тоа најчесто преку јавна финансиска помош“, велат од еколошката организација.

Фронт 21/42 се приклучува кон барањето до Европската Унија, Европската инвестициона банка и Европскиот Парламент да се запре финансирањето за нови хидроцентрали. Бараме тие средства да се пренаменат за модернизација, еколошка трансформација на постоечките централи, за отстранување на застарените брани, како и за премин кон обновливи извори на енергија кои немаат негативно влијание врз природата. Сметаме дека новите хидроенергетски проекти не треба да бидат субвенционирани од државата, ниту финасирани од меѓународните финансиски институции (ЕИБ, ЕБОР; Светска Банка).Во нашиот регион се наоѓаат последните слободни реки на европскиот континент, но за жал драматичната експанзија на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки и уникатниот живот во нив.

„Во моментов на територијата на Македонија изградени се 9 големи и над 70 мали хидроцентрали кои се оперативни, но според издадените концесии таа бројка ќе се искачи на околу 120 хидроцентрали, од кои една третина се во заштитени подрачја.Збирната инсталирана моќност од малите хидроцентрали изнесува 106,32MW, што е удел од 5,12 % во вкупниот инсталиран капацитет за производство на електрична енергија на државата. Истражувањето кое во 2015 година го спроведе „Бенквоч” утврди дека најголем број од проектите финансирани од
меѓународните финансиски институции во заштитени подрачја се токму во Македонија, додека притоа се забележани видливи прекршувања на националните прописи, закони и меѓународни стандарди.

Малите хидроцентрали се финансираат преку сметките за струја во форма на повластени тарифи – 6% од парите кои ги плаќаат граѓаните се наменети за субвенционирање на малите хидроцентрали, односно, самите ние плаќаме за уништување на нашите реки.Без поттик од субвенциите, 90 отсто од постројките едноставно би биле нерентабилни. Субвенциите го направија бизнисот со малите хидроцентрали многу рентабилен – за градежните фирми, за банките и веројатно највеќе за инвеститорите.Во последните 10 години државата за мали хидроцентрали издвоила 72 милионa евра. Бизнисот со малите хидроцентрали го водат мал број на фирми кои прават милионски заработки, а концесиите неретко изобилуваат со законски прекршувања. Во НП Маврово плановите за мали хидроцентрали продолжуваат и покрај препораките на Бернската конвенција од 2017-та.Нашето приклучување кон Манифестот е дел од поголемата европска борба за прекин на финансирањето и изградбата на нови хидроцентралите со цел да си ги зачуваме реките и уникатното богатсво на живот кои тие го одржуваат, с евели во соопштението на еколошко здружение на граѓани „Фронт 21/42″.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

Објавено пред

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа. Посебно тие со белодробни заболувања“, напиша на Феjсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него, бројот на починати на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, а околу 80% по тврдењата на самите институции од починатите имале хронична болест.

„Починатите не се само бројка, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност“, порача Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Објавено пред

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со Ковид-19. Согласно овие податоци, може да се заклучи дека протоколите се ефикасни во намалување на ризиците за ширење на вирусот. Наставата продолжува да се одвива непречено, следејќи ја веќе утврдената динамика и организација.

Според извештаите кои училиштата секојдневно ги доставуваат до МОН, од вкупниот број 259.235 ученици на ниво на држава процентот на заразени изнесува само 0,06%, а од вкупниот број 27.955 наставници и друг кадар овој процент изнесува 0,58%, што е далеку под еден процент. Во рамки на наставата со физичко присуство, регистрирани се вкупно 40 ученици позитивни на корона вирусот и 52 вработени од наставниот кадар во средните и основните училишта. Во сите овие случаи се реагира навремено според препораките на Центрите за јавно здравје, со што се спречува трансмисија на вирусот. 

Во сите останати случаи станува збор за учесници на онлајн настава, при што ниту децата, ниту наставниците имале контакти со останатите од училиштата. Исто така, учениците и наставниците кои одат во изолација поради близок контакт со заразаено лице, или затоа што се позитивни на КОВИД-19 наставата ја продолжуваат онлајн, со што се обезбедува континуитет во образовниот процес.

Министерството за образование и наука апелира учениците, наставниците и родителите доследно да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од Ковид-19 во училиштата и надвор од нив, затоа што само со носење маски, држење растојание и често миење и дезинфекција на рацете може да се спречи ширењето на болеста.
 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Фронт 21/42: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

Фронт 21/42 се приклучува кон Манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија21 минута

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката...

Македонија1 час

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион1 час

Вирусот влезе во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус се појави на снимен во Хрватска на Одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во...

Регион2 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет2 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божиќни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица, далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет2 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа3 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија11 час

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет14 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа15 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија16 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија20 часа

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија21 час

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа21 час

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет21 час

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија22 часа

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат половина денар, а цената...

Свет22 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ23 часа

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија23 часа

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Досие