Контакт

Македонија

Тивок бојкот на часовите по македонски во албанските училишта

Објавено пред

Основните училишта во кои наставата се одвива на албански јазик, на првиот училишен ден од второто полугодие ги бојкотираат или воопшто не ги ставиле на распоред часовите по македонски јазик за првачињата.

Основните училишта во кои наставата се одвива на албански јазик, на првиот училишен ден од второто полугодие ги бојкотираат или воопшто не ги ставиле на распоред часовите по македонски јазик за првачињата.Иако од денеска официјално требаше да стартува владината одлука, според која првачињата Албанци ќе почнат да го изучуваат македонскиот јазик, тоа во сите училишта не  се спроведува.Секојдневната настава по училиштата се одвива непречено, но со тивок бојкот  часовите по македонски јазик не се одржуваат.Училиштата во општина Арачиново и трите во општината Студеничани, заедно со родителите  и општинскиот совет, одлучија нивните деца да не ја следат наставата по македонскиот јазик од прво одделение, бидејќи сметаат дека првачињата Албанци не се подготвени.Министерот за образование  Никола Тодоров денеска во Скопје на конференција за новинари рече дека ситуацијата по училиштата е стабилна и дека нема никакви радикални прекини  на наставата. „Јас сум задоволен што денеска нема масовен бојкот на наставата, што покажува дека моите апели вродиле со плод. Ситуацијата на терен е стабилна и нема никакви радикални бојкоти како што беше најавено деновиве“, изјави Тодоров.Прекин на наставата по македонски јазик најавуваат и останатите албански училишта  доколку во наредната недела не се укине  владината одлука за изучување на македонскиот јазик од прво одделение.

Тодоров не сакаше да појасни како ќе го  реши проблемот доколку и останатите училишта  се придружат на  бојкотот на наставата по македонски  јазик. /крај/рќ/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Обвинителството отвори истрага за Лидија Димова за злоупотреба на европските фондови

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за  директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Еразмуз+, Лидија Димова, и три други лица, осомничени за злоупотреба на милиони денари од европски фондови.

Четворицата се товарат дека причиниле штета од големи размери на доверените средства на европската заедница во вкупен износ од 25.334.543 денари.

„Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. Три лица како соизвршители се осомничени дека сториле кривично дело Измама на штета на средства на европската заедница од член 249-а од Кривичниот законик, првоосомничената сторила и продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 и став 3 во врска со став 1, додека четвртото лице е осомничено дека сторило кривично дело Несовесно работење во служба предвидено и казниво во член 353 -а став 1 од Кривичниот законик“, соопшти Обвинителството.

Во текот на денешниот ден, обвинителството до Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог за изрекување на мерки на претпазливост за тројца осомничени.

Односно, заради обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка, обвинителството му предложи на судот на осомничените да им определи мерки на претпазливост и тоа обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бојан Јовановски оди во домашен притвор

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина мерката притвор и определи мерка куќен притвор.

„ Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б.Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“, изјавена преку неговиот бранител, се уважува.

Решението на првостепениот суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор према обвинетиот Б.Ј. и се определува мерка куќен притвор“ соопшти Кривичниот суд.

Тој беше 15 месеци во затворот во Шуто Оризари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи – Јанакакис: Грција продолжува да биде активен лобист за членство на Северна Македонија во ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, сес ретна со грчкиот амбасадор, Димитрис Јанакакис.
Како што соопштија од МНР, на средбата, соговорниците ги разгледале сите аспекти од соработката меѓу двете држави, вклучително и можностите за интензивирање и продлабочување на билатералните односи преку конкретни форми и иницијативи.

Биле отворени темите и за најновите состојби во регионот, особено во насока на динамиката на европската и евроатлантска перспектива на земјите од Западниот Балкан како и за други теми од заемен и меѓународен интерес.

„Само преку натамошно интензивирање на меѓусебната комуникација, засилување на политичката комуникација на повеќе нивоа, како и со повеќе ангажмани и активности се надградува довербата меѓу соседите, и тоа претставува добар пример за целиот регионот“ истакна Османи.

„Двајцата соговорници го нагласија значењето на Договорот од Преспа како и воспоставената доверба кои сѐ повеќе добиваат карактеристики на долгорочно партнерство и пријателство. Преку акциониот план, потпишан меѓу двете Влади, продолжуваат да се реализираат и преземаат бројни конкретни активности и форми на соработка“, соопшти МНР.

Взаемно било истакнато дека Северна Македонија се наоѓа пред една нова значајна фаза во напредокот во интеграцијата во Европската унија, која до крајот на оваа година се очекува да биде заокружена со одржувањето на Меѓувладината конференција и формалното започнување на пристапните преговори со Унијата, при што, велат од МНР, Грција продолжува да биде наш активен лобист и поддржувач на европската перспектива.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Обвинителството отвори истрага за Лидија Димова за злоупотреба на европските фондови

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за  директорката на Националната агенција за европски образовни...

Македонија4 минути

Бојан Јовановски оди во домашен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина...

Македонија2 часа

Царовска: Нема ширење на Ковид-19 во училиштата

Немаме ширење на Ковид-19 во училиштата, додека не се создадат услови за затворање, остануваме на овој модел, изјави министерката за...

Македонија3 часа

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Македонија4 часа

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Регион5 часа

Во Хрватска 2.772 новозаразени од коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаја на зараза од коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија5 часа

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно6 часа

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа6 часа

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа7 часа

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа7 часа

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет19 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија20 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија21 час

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет22 часа

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија24 часа

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија1 ден

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија1 ден

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија1 ден

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија1 ден

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Досие