Контакт

Македонија

Македонија на 73 место според еколошки перформанси

Објавено пред

Македонија се најде на 73 место според индексот на еколошки перформанси што беше претставен во рамките на прелиминарниот извештај на Светскиот економски форум во Давос.Рангирани се 163 држави, а од земјите во регионот според резултатите најдобри еколошки перформанси има Албанија

Македонија се најде на 73 место според индексот на еколошки перформанси што беше претставен во рамките на прелиминарниот извештај на Светскиот економски форум во Давос.

Рангирани се 163 држави, а од земјите во регионот според резултатите  најдобри еколошки перформанси има Албанија која се најде на 23 место, а веднаш зад неа се Црна Гора и Србија кои го заслужија 25-тото место.

Овој индекс ги рангира земјите според десет критериуми како што се, загаденоста на воздухот, биолошката разновидност и климатските промени, како и според 25 други показатели на перформансите кои се темелат на меѓународните договори за заштита на средината.

Од другите земји во регионот еколошки “поздрави” земји од Македонија се и Хрватска која се најде на 35 тото место, Романија на 45-тото , Словенија на 55-тото и Бугарија на 65-тото место.

Единствено зад Македонија заостанува БИХ која осамна на 98 -то место.

На врвот на листата очекувано се најдоа Исланд, Швајцарија, Костарика, Шведска, и Норвешка додека САД се најде на разочарувачкото 61 место.

Конечниот извештај за еколошките перформанси на земјите за оваа година ќе биде објавен на 12 февруари./крај/пцнн/вм

Македонија

СДСМ денеска на онлајн конгрес за изборните резултати и досега сработеното

Објавено пред

Денеска со почеток во 13 часот, СДСМ ќе одржи 25. Конгрес, коj за прв пат во земјава ќе биде дигитален, користејќи современи дигитални платформи и алатки.

Како што најавија од владејачката партија, Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев и ќе биде за анализа на изборните резултати.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски минатата недела рече дека ќе стане збор за досега сработеното, со осврт на изборниот резултат, победата на парламентарните избори и визијата за следниот четиригодишен мандат даден од граѓаните.

Состанокот ќе има отворен и работен дел со пренос во живо. Дополнително, по завршувањето на настанот, претседателот на партијата, Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира одлуките донесени на Конгресот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Објавено пред

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти.

Од нив на Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 134 пациенти. На кислородна поддршка се 92 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 8 позитивни мајки, 2 мајки суспектни на Ковид-19, нема хоспитализирани деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор седвајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 298 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Струмичката болница ќе адаптира цел оддел за ковид центар

Министерот за здравство, Венко Филипче вчера ја посети струмичката болница од каде информираше дека тука ќе адаптира цел оддел од новиот крак за ковид центар. Со тоа, ќе бидат обезбедени околу сто нови легла за лекување на пациентите со Ковид-19 од Југоистокот.

Филипче рече дека доколку дојде ситуација да е потребно да се ангажира уште поголем број на медицински лица, апсолутно дека ќе се пренаменат и другите болнички капацитети од интернистички одделенија.

Директорот на струмичката болница д-р Наке Гогов потенцираше дека првиот спрат од новиот крак на болницата поради потребата и итноста се пренаменува како ковид центар.

Во новиот крак во установата, условите ќе бидат подобри и ќе бидат сместени пациентите на кои им е потребно лекување, а ќе се ротира персонал од другите специјалности.

„На инфективното одделение имаме 32 пациенти кои лежат и 20 пациенти кои се на домашно лекување – пациенти со полесна клиничка слика. Двајцата доктори и шестте медицински сестри имаат уште неколку денови имаат од изолацијата и лекувањето. Истата бројка е од пред недела дена. Во моментов, има слободни четири до пет кревети“, рече Гогов.

Болниците се преполнуваат, капацитетите се прошируваат

Министерот нагласи дека болниците низ Македонија се преполнуваат, па се прават припреми за болницата во Козле и дополнителни капацитети за болицата „8-ми септември“. Во однос на штипската болница, министерот вели дека постои целосна координација и комуникација за префрлање на пациенти во болницата во Кочани.

„Во болниците Битола, Прилеп и Охрид веќе се сместуваат пациенти на интернистички одделенија. Можно е да се соочиме со ситуација кога и друг кадар ќе работи само со пациенти со Ковид-19. Можно е да има период кога целокупниот останат програм ќе да се намали со цел целиот кадар да се посвети на лекување на пациентите со Ковид-19“, рече Филипче.

Министерот изрази надеж дека ќе нема потреба од носење на пациенти во странство, но, како што кажа, се подготвува и такво сценарио.

„Притисокот е навистина голем. Искрено се надевам дека мерките кои ги препорачавме, ќе придонесат да се намали трансмисијата на вирусот. Гледаме што се случува во целиот регион, во цела Европа, се преполнуваат болничките капацитети, тоа што сите сакаме да избегнеме“, истакна министерот Филипче и додаде дека на состанокот на министри за здравство од регионот во рамки на Берлинскиот процес кој се одржа пред два дена се разговарало за да се избегнат целосните ограничувања.

Прикажи повеќе...

Македонија

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Објавено пред

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата.

„Ова ново време на светска пандемија, донесе нови предизвици и за правосудство и бара нови решенија како да функционира системот, да продолжат судските рочишта и постапките пред судовите и обвинителствата. Учениците, наставниот кадар и образовниот систем со извонредна посветеност, соочувајќи се со многу предизвици, покажаа дека системот во овие времиња треба и може да функционира и онлајн. За време на вонредната состојба, во судството имаше примери кои потврдија дека може да се функционира и онлајн, што е добар показател дека доколку има таква потреба, во иднина ова може повторно да се воведе во пракса“, изјави Маричиќ.

Во едно демократско општество, посочи министерот, важно е граѓаните да бидат добро информирани како да си ги остварат своите законски загарантирани права, како да добијат заштита на тие права и како сите да имаат еднаков и фер пристап до правдата.

Министерот Маричиќ најави дека наскоро се очекува намалување за осум пати на максималната судска такса, која досега беше 48.000 денари, а сега ќе изнесува најмногу 6.000 денари. Со ова, како што посочи министерот, судските трошоци за граѓаните ќе бидат значително намалени, со што правдата ќе стане подостапна за нив.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

СДСМ денеска на онлајн конгрес за изборните резултати и досега сработеното

Денеска со почеток во 13 часот, СДСМ ќе одржи 25. Конгрес, коj за прв пат во земјава ќе биде дигитален,...

Македонија8 минути

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија13 часа

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија15 часа

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион16 часа

На Балакнот денеска рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет16 часа

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет18 часа

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија19 часа

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија20 часа

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија21 час

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион22 часа

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Македонија23 часа

Георгиевски во Софија: Историската комисија има направено големо поместување

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина...

Свет23 часа

СЗО работи на насоки за употреба на Ремдесивир

Светската здравствена организација објави дека работи на развој на упатства за употребата на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со...

Македонија24 часа

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени...

Македонија1 ден

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од ноќва почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3...

Македонија2 дена

Филипче: Лабораториите за тестирање работат во три смени

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи...

Македонија2 дена

518 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа девет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на...

Регион2 дена

Бугарскиот премиер во самоизолација

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација по контактот со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој беше позитивен на...

Македонија2 дена

(Видео) Северна Македонија и САД потпишаа меморандум за безбедност на 5G технологии

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач, потпишаа меморандум...

Македонија2 дена

(Видео) Заев – Хоти: Ако има потреба повторно ќе се воведат ПЦР тестови на граница

Северна Македонија и Косово традиционално позитивниот политички дијалог наскоро ќе го потврдат со прва заедничка седница меѓу Владите на двете...

Досие