Македонија
Првиот човек на „Хоризонт“ тврди дека е жртва на напад
Претседателот на невладината организација „Хоризонт“, Ивица Младенов тврди дека го нападнале три непознати лица.
Претседателот на невладината организација „Хоризонт“, Ивица Младенов тврди дека го нападнале три непознати лица.
Според него инцидентот се случил вчера попладне кога од Водно се враќал кон својот дом.
Тој рече дека успеал да им побегне на напаѓачите, но тврди дека ова е однапред смислено сценарио кое е резултат на неодамнешното барање на „Хоризонт“ за интерпелација на министерот за здравство Бујар Османи и министерот за труд и социјала Џељал Бајрами.
„Враќајќи се дома од Водно вчера околу 17 часот бев пресретнат од тројца непознати лица, не ги познавам луѓето кои се, но се сомневам дека ова е заради барањата на „Хоризонт“ за интерпелација на двајца министри“, рече Младенов.
Тој коментираше и за апсурдната ситуација која настанала подоцна во полициската станица Беко, каде, како што вели, наместо да добие полициска заштита, бил оставен да чека три часа во ходникот.
„Наместо да ми пружат соодветна помош, тие после три часа чекање во ходникот ме прашуваа колку пари заработувам од кај ми се парите и слично, сметам дека во Македонија нема полиција, нема институција која се грижи за граѓаните“, изјави првиот човек на „Хоризонт“ Ивица Младенов.
Според Младенов во понеделникот, во неговиот дом дошле две лица и му порачале „Повлечи се од актуелните активности, инаку тешко ти се пишува“. Според тврдењата на Младенов еден од заканувачите е вработен во МВР.МВР денеска соопшти нема информации за евентуалниот напад врз Младенов.
„Не ми е познат настанот за кој зборувате. Доколку е пријавен полицијата ќе постапи по овој настан. Не гледам причина зошто би му се дал повеќе публицитет во однос на било кој друг настан од ваков тип“, рече Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. /крај/рќ/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во скопска Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.