Контакт

Македонија

Црквата и Александар Велики предвидени со проектот „Скопје 2014“

Објавено пред

Храмот „св. Константин и Елена“ и споменик на Александар Велики на висока фонтана се дел од проектот „Скопје 2014“, презентиран денеска од Општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Храмот „св. Константин и Елена“ и споменик на Александар Велики на висока фонтана се дел од проектот „Скопје 2014“, презентиран денеска од Општина Центар. Целосна промена на центарот на Скопје се предвидува со проектот „Скопје 2014“, презентиран денеска. Изградба на Православен храм, споменик на Александар Велики качен на коњ на висока фонтана се дел од триесетината објекти што со овој проект се предвидени да се изградат. На кругот на плоштадот Македонија е предвидено изградба на фонтана, на која се планира поставување на споменик на Александар Велики качен на коњ. За поставувањето на споменикот не е даден конкретен рок, иако беше дел од денешната видео презентација. На локацијата меѓу трговскиот центар „City Gallery“ и ресторанот „Пелистер“ е предвидена изградба на Православна Црква „св.Константин и Елена“. Земјиштето е доделено на МПЦ-ОА и се чека одлука од нив кога ќе започне изградбата на црквата. Со проектот, на местото на некогашниот Офицерски Дом е предвидена изградба на зграда на градската администрација, во која покрај градоначалникот и администрацијата на Град Скопје, ќе има Сала за венчавање. Фасадите на постоечките згради што гравитираат околу плоштадот ќе се реновираат и ќе добијат унифициран изглед. “Имаме чуство дека сме донесени пред ѕид и треба да се произнесеме за што сме: барок, класицизам, неокласицизам, романтизам. Ќе потенцирам – архитектонското дело е лично видување на авторот. Слободно може да истакнам дека сите овие објекти од областа на културата кои се во градба со целокупната организација на внатрешниот простор ги задоволуваат карактеристиките на модерни градби“, изјави министерот за култура, Елизабета Канчевска –  Милевска. До Плоштадот ќе се стигнува преку портата „Македонија„, што ќе се изгради лево од зградата на ЕВН Македонија. Со проектот, во центарот на Скопје е предвидено поставување на споменици на Методија Андонов – Ченто, Цар Самоил, Јустинијан Први. До Камениот мост на големи постаменти ќе се најдат спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев. Подготовките за нивната изградба започнаа денеска. „Скопје е главен град во кој треба да се чувствува духот на историјата и културата на Македонија, а тоа најдобро ќе го направиме со оддавање почит на оние кои тоа го создале“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ. Во проектот е вметнат и деловниот центар што во моментов се гради на местото на некогашната Народна Банка, а од спротива пред зградата на МЕПСО е предвидена изградба на хотел од познат светски ланец. Пред зградата на Собранието на Македонија ќе никне споменик на Никола Карев, качен на коњ. Отспротива, во паркот „Жена Борец“ се предвидени споменици на основачите на ВМРО, президиумот на АСНОМ, на паднати херои, и на Бранителите. Зградата на Собранието ќе добие дополнителен кат и купола. На реката Вардар е предвидена изградба на два нови мостови. Веднаш до Камениот мост ќе никне мостот „Око“ со 28 скулптури, а подоле по течението ќе биде изграден “Мост на уметноста“, на кој ќе се најдат скулптури на Тоше Проески, Браќата Миладиновци, Кочо Рацин, Глигор Прличев, Никола Вапцаров, Ацо Шопов, како и уметници од етничките заедници. Во самата река ќе бидат поставени неколку фонтани. На левата страна од Вардар е предвидена изградбата на Стариот театар, Музејот на Македонската борба, Македонска филхармонија, Министерство за Надворешни работи, колонада „Независна Македонија“ и зграда во која ќе бидат сместени Уставниот Суд, Државниот Архив и Археолошкиот Музеј, Агенција за електронски комуникации. Голем дел од овие институции досега работеа во изнајмени простории. Во „Скопје 2014“ е опфатена и ревитализацијата на Скопското Кале. Под него, меѓу мостот Гоце Делчев и Владата е предвидено поставување на два лавови, за кои подготовките за изградба ќе започнат во претстојниот период. Целокупниот проект е предвидено да се реализира до 2014-та година. /крај/ач

Повеќе фотографии од „Визуелизација Скопје 2014“ тука>>

Видео „Визуелизација Скопје 2014“ тука>>



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Лукаревска од Штип: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди, СДСМ е од граѓаните за граѓаните

Објавено пред

„Пред нас се исклучително важни избори, можеби и најважни досега, важен е континуитетот. Зашто се покажа дека иднината на Македонија не ја разбираат сите исто. Некои ја разбираат како заробена држава, изолирана и без перспектива. Затоа е важно СДСМ и после овие избори да продолжи да ја води Македонија, после НАТО, во Европската Унија, како Македонци со македонски јазик по исправниот пат“, рече во Штип, Сања Лукаревска, носителка во третата ИЕ на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

dobivaj vesti na viber

„Ние не бегаме, ниту од одговорноста, ниту од народот, ниту од државата. СДСМ е силна, голема, одговорна партија која секогаш, без двоумење и калкулирање за сопствениот рејтинг, носела тешки одлуки во уште потешки околности. СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди, за ниски удари. СДСМ е од граѓаните за граѓаните. СДСМ е избор на секој далековид човек, на секој кој ги почитува другите и разговара со сите. СДСМ, докажано, е партија која е тука кога е најтешко, и за земјата и за граѓаните“, рече Лукаревска.

„И овде, во Штип ќе повторам, драго ми е што успеавме граѓаните дури и да не насетат со колкава економска и енергетска криза се соочивме. Знам дека нашиот политички опонент тие кризи би ги спакувал во телевизиско шоу, наместо да ги решава. Има разлика.

Внимававме на сите граѓани, од тоа да задржат работните места, да добијат помош оние кои работат во приватниот сектор, непречено да тече исплатата на пензиите, социјалната помош, помошта за најранливите, ги зголемивме платите и пензиите.

И затоа ќе победиме. Штип на 24 април и на 8 мај ќе го направи најдобриот избор, за Стево Пендаровски и Социјал-демократскиот сојуз на Македонија.

Слободата и демократијата мора да останат да живеат во Македонија. Нема откажување од иднината“, рече Лукаревска вечерва пред граѓаните на Штип.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Објавено пред

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.

dobivaj vesti na viber

„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Митрески од Струга: Младите не смеат да бидат жртви на политичари без став и без визија

Објавено пред

„Во Струга ги реновиравме буквално сите училишта и спортски сали и изградивме три нови сали. Го реконструиравме затворениот пливачки базен, тројно ја покачивме минималната плата. Ги дуплиравме странските инвестиции. Ги зголемивме пензиите за над 50%, ги покачивме платите во сите сектори. Но, тоа не е доволно. Поминавме и поминуваме сериозни економски последици од Ковид кризата, но и од војната во Украина. Затоа ни е потребна ЕУ. За побрзо да ги донесеме европските стандарди дома“, порача Јован Митрески, носител на ИЕ 5 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија на вечерашниот собир во Струга.

dobivaj vesti na viber

Тој нагласи дека платите и пензиите ќе растат побрзо, инфраструктурно побрзо ќе се развиваме, туристичка сезона ќе има преку целата година, полесно ќе се развива езерскиот, планинскиот и руралниот туризам, само со поддршка на ЕУ.

Митрески додаде дека е лесно со шпекулаци да будиш најдлабоки чувства кај секој Македонец за мајчиниот македонски јазик, да зборуваш за македонскиот јазик како бугарски дијалект, а притоа да не гласаш за Договорот со ФРОНТЕКС, прв договор потпишан на македонски јазик со сите земји членки на ЕУ вклучувајќи ја и Бугарија.

„Лесно е само декларативно да велиш дека си за ЕУ, а да правиш се за да не станеш дел од ЕУ. Лесно е, ама не е чесно на граѓаните да им ја крадеш иднината за мали, ситни, бедни политички поени и борба за власт. Не вреди борбата за власт ако се загрози иднината на државата. Државата мора да оди напред. Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари без став, без визија кои освен за својата фотелја и желба за власт не мислат на ништо друго“, нагласи Митрески и додаде дека изборот е или интеграција или изолација.

Тој ги повика стружани да се обединат и да не дозволат да се вратат оние кои ја доведоа Македонија до бездна и од неа направија заробена држава.

„Да застанеме сите обединето и сложно зад планот за европска Македонија. Да застанаме сите обединето и сложно зад бројот 1.Заедно и сложно да постигнеме уште една победа за европска Македонија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија1 час

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија1 час

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија1 час

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија6 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија6 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија7 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија10 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија12 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет12 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет13 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија13 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија13 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет13 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет13 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет14 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија23 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија23 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија23 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...