Македонија
Старите скопјани дебатираа за проектот 2014
За поголемиот дел од старите скопјани, проектот 2014 е позитивен бидејќи во него се вметнати објекти кои биле заштитен знак на главниот град
За поголемиот дел од старите скопјани, проектот 2014 е позитивен бидејќи во него се вметнати објекти кои биле заштитен знак на главниот град, пред тој да биде разрушен за време на катастрофалниот земјотрес од 1963 година.
Ваквото мислење преовладуваше на дебатата што во понеделник ја организираа група стари скопјани, предводени од хроничарот на Скопје , Данило Коцевски.
Според него проектот 2014 значи враќање на душата на главниот град.
“Проектот ги содржи објектите како Офицерскиот Дом, Стариот театар и плоштадот во нивниот првобитен изглед што значи оплеменување и враќање на душата на главниот град”-рече Коцевски.
На новинарско прашање дали плоштадот ќе изгледа пренатрупано и густо изграден, Коцевски истакна дека сликите што ги поседува говорат дека голем дел од објектите ќе се наоѓаат на локациите пред земјотресот.
Дека проектот 2014 содржи објекти кои биле заштитен знак на градот посведочи и фамилијата Димишкови чија семејна лоза веќе неколку децении живее во Скопје.
Подршка на проектот 2014, даде и новинарот и аналитичар, а воедно и стар скопјанец, Слободан Чашуле кој потекнува од Пајко Маало.
За него целата дебата што се води во медиумите е апсурдна и контрапродуктивна.
“Доколку Македонија, сака да биде дел од ЕУ, мора да го врати стариот изглед на институциите од културата. Потребна е полемика, но таа да донесе нови детали кои ќе го разубават градот, а не на крајот од оваа дебата да излеземе скарани”-истакна Чашуле, и додаде дека после долгогодишното обезличување на Скопје.иницијативата за изградба на главниот град е добредојдена.
На дебатата дел од присутните забележаа дека дел од објектите се непотребни, како триумафлната порта која никогаш не била застапена во македонската историја.
Присутните на дебатата рекоа дека на проектот единствено му недостасува подземна железница чија почетна станица би бил плоштадот Македонија../крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Патот Штип-Кочани во прекин поради сообраќајка
Од 17:10 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Штип-Кочани, сообраќајот е во прекин во една насока, информираат од АМСМ.
Македонија
Маричиќ: Имаме план за зелена Македонија во која граѓаните ќе станат акционери на енергетските компании
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ денес во изјавата за медиуми се обврза дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина нема да се откажат од стремежот за енергетска независност и од зелена енергија.
Во своето обраќање посочи дека е време да се сопре со фосилните технологии.
Изјави дека постоечките енергетски капацитети на фосилни горива да ги трансформираме во соларни електрани кои произведуваат зелена енергија.
„Тој процес го продолжуваме со голема новина: Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните! Граѓаните стануваат акционери во енергетските компании. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство.
Нашиот план е производството на енергија да се зголеми за најмалку 70% за да ги задоволиме домашните потреби за струја. Во наредните четири години за 100% да се зголемат капацитете со обновливи извори на енергија да достигне 60% од вкупната потрошувачка во државата.“
Маричиќ во својата изјава потврди дека целта и програмата на СДСМ е иста со онаа на Европската Унија и Европскиот зелен договор кој предвидува нула штетни гасови од фосилни горива до 2050 година.
„Нашата визија е зелена Македонија како здрава животна средина за граѓаните. Чиста вода за пиење во секое населено место, одржливо управување со отпад и расчистување на дивите депонии. Пречистување на отпадните води за здрава почва за здрава храна.“
Македонија
Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје
Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија. Тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.
Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, откако и на 11 април беше успешно реализирана ваква акција.