Македонија
Иванов: Државниот врв останува на својот став за спорот со името
Македонскиот државен врв е во постојана координација во врска со ставот за името и тој став му е соопштен на амбасадорот во САД и македонскиот преговарач во спорот
Македонскиот државен врв е во постојана координација во врска со ставот за името и тој став му е соопштен на амбасадорот во САД и македонскиот преговарач во спорот за името, Зоран Јолевски.
Ова денеска го изјави македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов запрашан дали македонските власти имаат усогласен став непосредно пред доаѓањето на медијаторот Метју Нимиц кој ќе пристигне во земјава на 23 февруари.
Не можеме да предвидиме дали и со каков предлог ќе дојде медијаторот Нимиц но очекуваме дека ќе дојде со некое укажување бидејќи е добро запознаен со позициите и на македонската и на грчката страна-рече Иванов.
Претседателот Иванов уште еднаш потврди дека државниот врв има утврдено државна стратегија од која не планира да отстапи.
Медијаторот Нимиц доаѓа во земјава по покана на македонските власти испратена преку министерството за надворешни работи, потврдија денеска од македонското МНР.
Засега се уште е неизвесно дали медијаторот ќе одржи заедничка или одделна средба со претставниците на државниот врв. Се уште не се знае датумот на пристигнувањето на Нимиц во Атина./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.