Македонија
Ахмети испрати честитка до косовскиот врв по повод независноста на Косово
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска испрати телеграма со честитки по повод две години од независноста на Косово до Премерот на Косово, Хашим Тачи, Претседателот на Собранието на Косово, Јакуп Красниќи и Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу.
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска испрати телеграма со честитки по повод две години од независноста на Косово до Премерот на Косово, Хашим Тачи, Претседателот на Собранието на Косово, Јакуп Красниќи и Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу.
„Ние, Албанците од Македонија, и се радуваме на оваа годишнина и им упатуваме честитки на косовските институции на овој датум бидејќи двете наши држави, Косово и Македонија, докажуваат како се градат добрососедските односи, како се промовираат новите вредности на меѓусебната соработка и почитување“, стои во телеграмата.
Во телеграмата се додава дека свечениот и историски чин не само што го одбележал остварувањето на идеалите на многу генерации, туку истовремено ги одбележал и почетокот на новата реалност на најмладата држава на најстариот континент.
„Признавањето на Косово од страна на Македонија, одбележувањето на граничната линија и воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Скопје и Приштина не само што ги почитуваат новите реалности, не само што отсликуваат нови стандарди, туку истовремено ги оценуваат чувствата и посветеноста на сите нас за изградбата на новата држава Косово“, вели Ахмети во телеграмата.
Честитајќи ја двегодишнината и упатувајќи честитки за успесите, Ахмети изразува охрабрување и за Македонија и за Косово кон заедничкиот пат кон евроатланските интеграции./крај/со/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.