Македонија
Почна обновата на браната „Мавровица“ кај Свети Николе

Почна санацијата на браната „Мавровица“ во близина на Свети Николе, проект кој се одвива во рамките на Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите и чини 175.000 евра, а предвидува целосна реконструкција на низводната косина на браната и санација на други оштетени делови.
„Ова претставува само прва фаза на мерките на санација. Понатаму, како втора фаза, се планира санација на преливниот орган и слапиштето на браната, за што обезбедени се дополнителни средства“, изјави Димитрија Сековски, раководител на Програмата.
Браната „Мавровица“ е од исклучително значење за овчеполскиот регион кој со децении се соочува со недостаток на вода. Иако водата од акумулацијата, по изградбата на хидро-системот Злетовица и браната Кнежево, повеќе не се користи за пиење, сепак игра клучна улога во наводнувањето на земјоделските површини во овој, претежно земјоделски крај.
Акумулацијата, долга 1,3 километри, висока 26 и широка околу 500 метри, е пуштена во употреба во 1980 година и досега освен санација на преливниот орган во 1985 година, досега немало интервенција за реконструкција на браната.
Реконструкцијата на браната „Мавровица“ е еден од проектите финансирани со средства од Европската унија во рамки на мултимилионската Програма на ЕУ за санација на штетите од поплавите во 2015 година.
Сите проекти ги спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, АД Водостопанство, Министерство за животна средина и просторно планирање и локалните власти./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов обид да ѝ се суди на кумановката Филиповиќ која го прегази дедото во Скопје

Нов обид да започне судењето за од сообраќајката на мостот „Гоце Делчев“ каде загина 76-годшниот Слободан Ангеловски, ќе има денеска во Кривичниот суд. Откако првото рочиште се одложи, по половина месец, на обвинителна клупа повторно седнува возачот Гордана Филиповиќ која го управуваше возилото „БМВ Х5“. Таа е и мајка на кумановката Јелена која имаше 17 години, а пред три години загина во сообраќајна несреќа.
Овој предмет го суди судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, која претходно донесе осудителни пресуди за убиството на Денис Тот.
Претходното рочиште за сообраќајката на мостот „Гоце Делчев“ која се случи пред девет месеци се одложи бидејќи адвокатот на обвинетата Филиповиќ беше на друго, поважно судење. До Кривичниот суд е доставено и сообраќајно вештачење од Филиповиќ, кое треба да послужи како нејзина одбрана во процесот.
На денешното рочиште ќе се одреди динамиката на судењата и ќе се закажат нови расправи.
Македонија
Без вода делови на Карпош

Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа денеска без водоснабдување од 09,00 часот ќе бидат корисниците од о. Карпош, од следниве улици: Дрезденска, Алжирска, Каирска, Борка Талевски, дел од Њуделхиска, Римска, Бахар Моис, дел од Анкарска, дел од Атинска, Панче Пешев и Наум Евро.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот
Македонија
Без струја повеќе делови на Скопје

Поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Од 11,00 до 12,00ч. с.Ракотинци околу школото (о.Сопиште);
· Од 09,00 до 11,00ч. ул. Христијан Тодоровски Карпош од бр. 98 до бр.104 (о. Бутел);
· Од 10,00 до 14,30ч.корисниците од с. Чајлане и с. Паничари (о. Сарај);
· Од 11,00 до 14,00ч. корисниците околу бр.10 од ул. Фредерик Шопен (о. К. Вода );
· Од 10,00 до 12,00ч. Индустриска зона Чојлија, фирмите Џанвики и Фарма Роли (о. Петровец) и
· Од 09,00 до 14,00ч. дел од ул. Тодор Чангов бр. 4Б и бр. 44 (о. Аеродром)