Македонија
Aко денес не добијат плата, вработените во ЈСП со семејствата ќе штрајкуваат в зори
Вработените од ЈСП и покрај проверките од полицијата по дојавата за бомба во некој од градските автобуси, го одржаа штрајкот и најавија дека доколку не добијат плата денес, ќе се појават пред гаражите во Автокоманда заедно со своите семејства рано изутрина во 4.30 часот.
А денес информираа дека ќе упаднат на вонредната седница на Град Скопје закажана за 14 часот.
„Да не се повторуваме, вработените во ЈСП се гладни, гладни се и нивните семејства. На денешната средба што ја имавме трите репрезентативни синдикати се договоривме денес да влеземе на вонредната седница на Град Скопје во 14 часот. Но, 14 часот е доцна за некој да одлучи ние да добиеме плата.
Ако не добиеме плата, ние со нашите семејства ќе излеземе на протест пред оваа гаража рано наутро во 4.30 часот. Тоа значи дека автобусите нема да излезат да возат. Сите сме гладни и не можеме да си ги извршуваме своите обврски. Нашиот револт ќе го изразиме од политичките престрелки. Јас се надевам дека ќе седнат да се договорат.
Законскиот рок за плата е 15 во месецот, помине ли овој датум автобус на ЈСП нема да излезе на линија“, истакна Миќо Стојановски, претседателот на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските (СРСВМ).
Орце Костов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари
Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово.
„Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите”, истакна Спасовски.
Македонија
Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада
Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор бидејќи се прекршил Законот за техничката влада, соопшти заменик-министерката за финансии, Елена Петрова.
Како што вели, иако одлуките морало да бидат одобрени со нејзин потпис, како што предвидува Законот за техничката влада, министерот Бесими ги потпишал сам.
„Незаконити се одлуките на министерот за финансии и државниот секретар во Министерството за финансии по спроведените постапки за вработување и унапредување во Министерството за финансии, како и одлуките на министерот за финансии за давање согласности за вработување во јавниот сектор, сите донесени по формирањето на преодната Влада за организирање на изборите. Ова е потврдено со судски одлуки. Вишиот управен суд донесе две пресуди во моја корист, со кои ги поништи како незаконити одлуките на ДИК, кои беа донесени врз основа на барање на Министерството за финансии“, рече Петрова и додаде:
„Со поништувањето на одлуките на ДИК сите наведени акти поврзани со вработување во Министерството, кои не се потпишани со врзан потпис на министерот за финансии и на дополнителниот заменик-министер, не произведуваат правно дејство. Тоа се однесува и на издадените согласности за вработувања по сите основи во целиот јавен сектор, како и почнатите постапки врз основа на тие согласности“.
Македонија
Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд
Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд.
Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото, знамето на Исланд.
„Моторните возила од Кралството Норвешка веќе се на својата крајна дестинација. По нивното распоредување, армиските единици ќе добијат поголема транспортната способност и мобилност“, напишаа од македонската Армија.