Контакт

Македонија

Ахмети на средба со амбасадорката на Холандија: Европскиот пат и Охридскиот договор се темелите на иднината на државата

Објавено пред

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Џанел.

„Во фокусот на средбата беше неопходноста земјата што поскоро да го пронајде патот за продолжување на процесот на интеграција во Европската Унија. Ахмети истакна дека секое натамошно одложување на евроинтегративниот процес ја оддалечува земјата од европската перспектива, ги ослабува институциите и создава политичка, економска и општествена неизвесност“, соопштија од ДУИ.

Во соопштението се наведува дека Ахмети ја изразил својата сериозна загриженост поради, како што велат, континуираните удари врз Охридскиот рамковен договор и врз придобивките што ги гарантираат еднаквоста, меѓуетничката кохезија и стабилноста на државата.

„Тој нагласи дека Охридскиот рамковен договор е темел на мирот и демократското функционирање на државата, додека секое негово нарушување директно се одразува врз општата стабилност и меѓуетничките односи“, се наведува во соопштението.

На средбата се разговарало и за актуелните политички случувања, владеењето на правото, безбедноста и предизвиците со кои се соочува регионот.

Ахмети рекол дека меѓународните партнери треба јасно да го слушнат алармот за актуелните состојби во земјата.

„Европскиот пат и Охридскиот рамковен договор се двата столба врз кои почиваат стабилноста, демократијата и иднината на државата“, истакнал Ахмети.

Најново

Свет25 минути

(Видео) Невиден бран мигранти кон Шпанија: крајбрежната стража спасила 1.488 луѓе од 14 чамци

Речиси 1.500 мигранти пристигнале во саботата на шпанските Канарски Острови, што е најголем број во еден ден од 2020 година,...

Регион36 минути

Вучиќ за милијардите запленети во Унгарија: „Немојте да лажете, тоа се четири-пет милиони евра или така нешто“

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обиде да ја намали тежината на случајот со милијардите запленети во Унгарија, посочувајќи дека станува...

Македонија51 минута

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори,...

Свет54 минути

(Видео) Голем пресврт во истрагата за милијардите во Унгарија: некој од осомничените можеби ги открил тајните скривалишта

Унгарските истражители можеби дошле до милијардите пронајдени на повеќе локации благодарение на договор со еден од осомничените или сведочење на...

Свет60 минути

Франција воведе забрана за продажба на пиротехника по насилните инциденти во училиштата

Франција привремено ја забрани продажбата на одредени пиротехнички средства по серијата инциденти во кои беа повредени наставници, директори и припадници...

Македонија1 час

(Видео) Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција рече дека фирма на сватот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, според...

Македонија1 час

(Видео) Одлуката од 2023 не значи зделка со Алта банка – конфискуваните акции ѝ беа продадени во јануари 2026, кажа Серафимовска-Борозан

СДСМ тврди дека одлуката од јуни 2023 година за продажба на конфискувани акции во Стопанска банка Битола не била поврзана...

Спорт2 часа

Легендата на Бразил удри по Анчелоти: Доста е, спакувај се и оди си

Легендарниот Ромарио побара оставка од Карло Анчелоти, откако Бразил загуби од Јапонија (3:2) во пријателски натпревар. На еден од најдобрите...

Свет2 часа

(Видео) Автобус со работници се преврте во Иран, 12 лица загинаа

Дванаесет лица загинаа, а 16 се повредени откако автобус што превезувал вработени во нафтена компанија се превртел во текот на...