Контакт

Македонија

Ахмети: Поддршката на САД останува суштинска за зачувување на Охридскиот рамковен договор

Објавено пред

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска, во седиштето на партијата во Тетово, имаше средба со амбасадорката на САД, Никол Варнс.

По средбата, Ахмети кажа дека со амбасадорката разговарале за актуелните политички случувања, како и за Охридскиот рамковен договор.

„Ја изразив мојата благодарност до г-ѓа Варнс за нејзиниот посветен и конструктивен ангажман, како и за придонесот во зајакнувањето на партнерството меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија. Во отворена и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните политички случувања во земјата и за значењето на зајакнувањето на демократските институции. Ја изразив мојата длабока благодарност за незаменливата улога на Соединетите Американски Држави како стратешки партнер на Република Северна Македонија и како клучен придонесувач за мирот, безбедноста и стабилноста во регионот. Американската поддршка беше одлучувачка за постигнувањето на Охридскиот рамковен договор и останува суштинска за зачувување на неговиот дух, унапредување на еднаквоста и зајакнување на општествената кохезија“, објави Ахмети по средбата.

Тој, исто така, вели дека на средбата било реафирмирано цврстото определување кон стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, целосната имплементација на Охридскиот рамковен договор и непоколебливата европска ориентација на државата.

„Континуираниот дијалог со нашите меѓународни партнери останува од суштинско значење за изградба на демократска, стабилна и инклузивна Република Северна Македонија, во која сите граѓани уживаат еднакви права и еднакви можности“, напиша Ахмети на „Фејсбук“.

Најново

Спорт2 часа

(Видео) Гаштаров избори пенал, Црвена звезда го победи Партизан

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1, во јубилејното 180-то вечно дерби. Дури и најбрзиот гол во историјата не им...

Свет2 часа

Победата на АфД ја тресе Германија: Мерц пред тежок политички тест

Убедлива победа за Алтернатива за Германија (АфД) и тежок пораз за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – изборите во Саксонија-Анхалт би можеле...

Свет2 часа

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата при слетување на Меѓународниот аеродром во Мајами и заврши на пат надвор од...

Спорт2 часа

Турските одбојкарки ја одбранија европската титула

Турската женска одбојкарска репрезентација, на домашен терен, ја одбранија континеталната титула. Избраниците на селекторот Даниеле Сантарели го победија големиот ривал...

Свет2 часа

Зеленски: Можни се нови преговори со Русија, за териториите мора да разговараат лидерите

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е можно продолжување на преговорите меѓу Украина и Русија, но дека клучните прашања, вклучително...

Забава2 часа

Проверете ги пораките и сметките: Три знаци може да ги израдуваат пари до 15 септември

Според астролошките предвидувања, три хороскопски знаци би можеле да имаат особено поволен финансиски период до 15 септември. Биковите, Стрелците и...

Забава3 часа

Бјанка Ценсори откри што мисли за голотијата и дали Канје ѝ кажува што да носи

Австралиската уметница Бјанка Ценсори за првпат отворено проговори за својот имиџ, односот кон голотијата и модните комбинации со кои веќе...

Македонија3 часа

Активен пожарот кај Стенковец, избувнаа уште два кај Кондово и Ѓорче Петров

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а скопските пожарникари се на терен и го гаснат, информира вечерва директорот на...

Македонија4 часа

Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино

Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и...