Контакт

Македонија

Алијанса за Албанците за посетата на фон дер Лајен: Нема простор за ново губење време

Објавено пред

Денешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје уште појасно го потврди она што Алијансата за Албанците го кажа уште пред нејзиното доаѓање. Моментот мора да се искористи и земјата мора да продолжи напред,соопштија од партијата.

„Денешната порака од Брисел беше јасна и конкретна. За отворање на првиот кластер од преговорите останува уште еден клучен чекор – деблокирање на евроинтегративниот процес преку уставните измени, а по деблокирањето на процесот земјата ќе го добие и акцискиот план за следната фаза. Значи, решението постои. Она што недостасува е само политичката волја. Во исто време, соседните земји напредуваат, отвораат и затвораат поглавја и поставуваат сè поконкретни рокови за нивниот европски пат. Процесот на проширување е во движење и Северна Македонија не смее да остане надвор од овој моментум“, велат од Алијансата за Албанците.

Партијата оценува дека по денешната посета повеќе нема простор за ново губење време.

„Дијалогот мора да продолжи, отворените прашања мора да се решаваат, а преземените обврски треба да се третираат со политичка и институционална одговорност. Позитивно е што дијалогот со соседните земји продолжува. Но, дијалогот мора да произведе резултати, а не нов циклус на чекање. Граѓаните на оваа земја чекаа доволно. Ако по деблокирањето нè очекува јасен акциски план и нова фаза од преговорите, тогаш приоритет треба да биде токму деблокирањето на процесот. На Северна Македонија не ѝ е потребна уште една изгубена година. Потребни ѝ се одлуки, реформи и европска перспектива која конечно ќе се претвори во реален процес. Европа се движи. Регионот се движи. Време е да се движиме и ние“, велат од Алијанса за Албанците.

Најново

Спорт30 минути

Хаос на „Пољуд“ – Торцида правеше скандали, Хајдук го победи Ајакс

Натпреварот меѓу Хајдук и Ајакс на „Пољуд“ беше прекинат во финишот, откако на една од трибините гореа пиротехнички сретства. На...

Спорт39 минути

(Видео) „Покер“ на Милан во Салцбург: Хет-трик на Сисе

Фудбалерите на Милан го победија Ред Бул Салцбург како гости со од 0:4 во второто коло од Лигата на Европа....

Свет43 минути

ЕУ стравува од недостиг на гас зимава, Фон дер Лајен предлага стратешки резерви

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им предложила на лидерите на Европската Унија да разгледаат можност за создавање...

Спорт51 минута

(Видео) Црвена звезда се самоуништи во Лугано

Фудбалерите на Црвена звезда со пораз стартуваше во Конференциската лига. Вечерва во Лугано, домашниот тим го победи српскиот првак со...

Македонија58 минути

Филипче: Ветуваа правда, а никој не одговара, границата е „швајцарско сирење“

Ветуваа правда, ништо, ветер и магла! Границата е швајцарско сирење. Денеска, никој не одговара, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче,...

Свет1 час

Украински дронови запалија руска рафинерија, Путин најави одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека украинските напади врз руските нафтени рафинерии не предизвикале значителна штета, но најави дека Москва...

Македонија2 часа

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитети, за првпат формирани и во Студеничани, Центар Жупа и Шуто Оризари

Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница на која се дискутираше за актуелната политичка и...

Македонија3 часа

Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе

Јавниот обвинител, Ненад Савески и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапуваат...

Свет3 часа

Нови проблеми за Санчез пред изборите, Изборната комисија покрена постапка против него

Шпанската Централна изборна комисија покрена дисциплинска постапка против премиерот, Педро Санчез, поради прес-конференција одржана на 6 октомври, на која најавил...