Контакт

Македонија

Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството

Објавено пред

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска одржа прес конференција заедно со националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, на која информираа за имплементацијата на модулот во системот Мојтермин за евидентирање на волјата на граѓаните да бидат органодарители.

„Со денешната прес-конференција заокружуваме еден од најчовечките, најсмелите и најуспешно финализирани процеси што ги водевме во здравството. Со усвојувањето на измените на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, државата направи силен исчекор. Од тема што предолго живееше под превезот на страв и тема за која се зборуваше во болничките ходници, успеавме да создадеме тема за која се зборува јавно, одговорно и достоинствено. Со овие законски измени, секој полнолетен граѓанин, при посета на својот матичен лекар, ќе може да се произнесе дали сака или не сака по смртта да биде органодарител. Модулот во „Мој Термин“, преку кој ќе се регистрира волјата на граѓаните, веќе е развиен“, истакна министерот Алиу.

Тој информираше дека при посета на својот избран матичен лекар, секој полнолетен граѓанин ќе може јасно да се изјасни дали се согласува или не се согласува по смртта да биде дарител на органи и ткива заради лекување.

Пред да ја даде изјавата, избраниот лекар ќе има обврска да го информира граѓанинот за значењето на одлуката, за нејзините правни последици и за правото таа во секое време да може да се промени. Изјавата ќе се потпишува лично, ќе се заверува од избраниот лекар и ќе се архивира, а потоа како скениран документ ќе се внесува во националната листа во рамките на Националниот систем за електронски евиденции во здравството.

Пристапот до овие податоци ќе биде строго ограничен, контролиран и евидентиран, што значи дека секој увид во системот ќе остава трага и ќе биде дозволен само за точно утврдени овластени лица.

Дополнително, граѓанинот во секое време ќе може да ја промени својата одлука со нова изјава кај својот избран лекар, а важечка ќе биде секогаш последната евидентирана изјава.

„Паралелно со развојот на овој модул, се работи и на уредбата и правилникот, со кои попрецизно ќе се уредат националната листа, пристапот до податоците, формата на изјавата и начинот на нејзино давање и промена“, додаде Алиу.

Воедно, министерот изрази благодарност до националната координаторка, проф. д-р Билјана Кузмановска, до трансплантациските тимови, лекарите, медицинските сестри и до сите што ја поддржаа кампањата и кои се дел од системот за органодарителство и трансплантација.

Најново

Свет1 час

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет2 часа

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион2 часа

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија3 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника3 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава3 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника3 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава3 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт4 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...