Контакт

Македонија

Алиу во Рига: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системи

Објавено пред

Министерот за здравство, Азир Алиу, учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација за Европа, што се одржува во Рига, Латвија. Дводневниот состанок е посветен на едно од најважните прашања за здравствените системи во Европа – како малите земји, во услови на ограничени ресурси, миграција на здравствен кадар, стареење на населението и растечки потреби на пациентите, можат да создадат одржливи и иновативни решенија за здравствената работна сила.

„Малите земји не секогаш имаат најголеми ресурси, но можат да имаат најбрза адаптација, најдобра координација и најсилна политичка волја за промени. Нашата цел е да изградиме здравствен систем кој подобро го користи знаењето на здравствените работници, го намалува административниот товар и им овозможува повеќе време за пациентите“, истакна министерот Алиу во своето обраќање.

Министерот Алиу учествуваше во сесијата посветена на оптимизација на здравствената работна сила, каде ја претстави Националната стратегија за дигитално здравство 2026–2030 како еден од клучните реформски процеси во државата. Тој посочи дека дигитализацијата не е само техничка модернизација, туку начин здравствениот систем подобро да го организира патот на пациентот, да ги поврзе нивоата на здравствена заштита и да им помогне на здравствените работници да работат со помалку административни пречки и со подобар пристап до релевантни податоци.

„Дигиталното здравство за нас не е цел само по себе. Тоа е инструмент за подобра грижа. Кога податоците го следат пациентот, лекарот има поцелосна слика, пациентот добива побрза и побезбедна услуга, а системот станува поорганизиран и поодговорен“, рече Алиу.

Во овој контекст, министерот ги претстави следните чекори што ги презема Министерството за здравство: дигитализирани патеки на лекување, приоритетно упатување и тријажа, развој на мултидисциплинарни тимови што ја поврзуваат примарната, секундарната и терциерната здравствена заштита, како и пилот-проектот за теледерматологија, кој има за цел да ја доближи специјалистичката услуга до пациентите во руралните и оддалечените средини.

Тој се осврна и на новиот Закон за евиденциите во здравството, како дел од процесот за усогласување со Европскиот простор за здравствени податоци, како и на унапредувањето на националниот регистар на здравствени работници.

На панелот посветен на дигиталната технологија и вештачката интелигенција, министерот Алиу, заедно со министри и претставници од други европски земји, говореше за улогата на вештачката интелигенција во здравството и за преминот од фрагментирани системи кон поврзана, податочно водена здравствена архитектура. Воедно, тој порача дека вештачката интелигенција може да биде силна поддршка за здравството, но не смее да стане замена за човечката одговорност.

Учеството на состанокот во Рига е дел од пошироката заложба на Министерството за здравство за активно вклучување во европските здравствени процеси, размена на искуства со другите земји и примена на иновативни решенија што можат да ја зголемат одржливоста на здравствениот систем.

Најново

Македонија52 секунди

Левица: Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој не е ни разрешен

Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е...

Македонија6 минути

Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика

Од 9 до 16 август, во Ташкент, Узбекистан, се одржува 38-мата по ред Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), најпрестижниот...

Македонија13 минути

Очајниот потег на СДС да шири дезинформации за водата во Скопје го надминува секое дно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Водата во Скопје е безбедна за пиење, кога СДС нема што да понуди на граѓаните сее паника, Филипче да се...

Регион32 минути

Околу 2.000 евакуирани во Омиш: „Сè е покриено со чад, којзнае кога ќе можат да се вратат“

Во моментов има околу 1.500 евакуирани лица во приемниот центар во спортската сала „Рибњак“ во Омиш, изјави за Хрватското радио...

Македонија39 минути

Променливо облачно време, попладне локален дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе...

Регион1 час

(Видео) Голем пожар во Хрватска: 36 повредени, 14 хоспитализирани, седум се борат за живот

Во голем пожар што го зафати вчера вечер Омиш, Хрватска, повредени се 36 лица, 14 се хоспитализирани, а седум се...

Македонија1 час

СДСМ: Нека чека Гостивар, ВМРО мора на море и на одмор

По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или утре можеби ќе има одговор. Можеби...

Забава1 час

Најпосакуваниот летен тренд се враќа од 2010 година: „Ископајте“ го вашиот стар пар од плакарот

Од Коачела на почетокот на 2010-тите до луксузните модни писти, „гладијаторките“ се повторно во центарот на вниманието. Овој впечатлив и...

Забава2 часа

Една од најубавите жени во светот објави фотографии од прославата на првиот роденден на нејзината ќерка

Моделката и инфлуенсерка Оливија Кулпо го прослави првиот роденден на својата ќерка и објави серија фотографии од прославата. Во објавата,...