Контакт

Македонија

Андоновски на средба со инфлуенсерите: потребна е јасна правна рамка за дигиталните содржини

Објавено пред

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, одржа работна средба со директорот и претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и со претставници на инфлуенсерите и креаторите на дигитални содржини, со цел отворање дијалог околу состојбите со регулирањето на работењето во овој сектор, а во врска со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„На средбата беше нагласено дека Министерството внимателно ги следи реакциите и ставовите на дигиталните креатори и дека процесот на креирање политики во оваа област ќе се води преку транспарентни консултации со сите засегнати страни. Целта е да се обезбеди современа и балансирана регулатива која ќе го поддржи развојот на дигиталната економија и креативните индустрии, притоа почитувајќи ја во целост регулативата на ЕУ по ова прашање“, соопшти Министерството.

Учесниците се согласиле дека е потребен отворен и инклузивен процес во кој инфлуенсерите, институциите и регулаторот заеднички ќе работат на унапредување на регулативата и создавање јасна правна рамка за дигиталните содржини.

Министерството за дигитална трансформација објави дека во наредниот период ќе продолжат консултациите за разгледување на предлозите и забелешките на здруженијата на креатори на содржини и другите заинтересирани страни.

Најново

Забава9 часа

Пет животни лекции што повеќето луѓе ги учат предоцна

Мудроста често доаѓа со возраста, но многумина посакуваат да научеле некои животни лекции многу порано. Токму затоа психолозите истакнуваат дека...

Свет10 часа

Протести на Мајорка против масовниот туризам

Жителите на Мајорка денес повторно излегоа на улиците за да протестираат против големиот годишен прилив на туристи и кризата со...

Забава10 часа

Девет необични симптоми на бременоста за кои можеби не сте знаеле

Утринските мачнини и необичните желби за храна се меѓу најпознатите симптоми на бременост, но многу бремени жени се соочуваат и...

Забава10 часа

Ако облеката мириса непријатно веднаш по перењето, исчистете го овој дел од машината

Ги вадите алиштата од машината и наместо мирис на свежина, мирисате на влажен подрум. Виновникот често не е детергентот за...

Забава11 часа

Често се будите уморни: Овие навики може да бидат причина зошто немате доволно енергија

Будењето по неколку часа сон не секогаш значи дека сте се одмориле. Ако често се чувствувате уморни штом ќе ги...

Свет11 часа

Нов инцидент во Германија, дронови прелетаа над воена база

Два дрона беа забележани над германската воена база во Мехерних на западот од земјата, објавија германските вооружени сили. Инцидентот се...

Забава12 часа

(Фото) Стотици луѓе се собраа пред катедрала затоа што мислеа дека Роналдо се жени, неговата сестра се огласи

Стотици луѓе денеска го исполнија плоштадот пред катедралата во Фуншал откако се раширија гласини дека Кристијано Роналдо ќе се жени...

Спорт12 часа

Алмада пристигна во Ривер Плата

Спектакуларен трансфер во аргентинскиот фудбал – Ривер Плата го донесе Тијаго Алмада од Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Аргентина, кој играше...

Македонија12 часа

Утре сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој...