Контакт

Македонија

Андоновски во Париз: Балканот да се третира како прашање на стратешка предвидливост, сајбер заканите се заеднички

Објавено пред

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на тркалезна маса во Францускиот сенат, во рамки на Парис Сајбер Самит 2026, посветена на градењето сајбер капацитети во земјите од Западен Балкан во услови на постојани и комплексни закани.

Настанот, кој се одржа во Палатата Луксембург во Париз, ги собра претставниците на земјите од регионот, француските партнери и претставници на Western Balkans Cyber Capacity Centre – WB3C, со цел продлабочување на дијалогот за сајбер отпорноста, регионалната соработка, интероперабилноста и усогласувањето со европските и евроатлантските безбедносни стандарди.

Во своето обраќање, Андоновски нагласи дека сајбер безбедноста денес не е само техничко прашање, туку прашање на национална отпорност, демократска стабилност, заштита на критичната инфраструктура и доверба во дигиталната држава.

„Република Македонија ја гледа сајбер отпорноста како составен дел од европската безбедност и демократската отпорност. Како НАТО сојузник и земја со јасна евроатлантска ориентација, пристапуваме кон сајбер безбедноста преку три паралелни перспективи: безбедносна усогласеност со НАТО, усогласување со европското acquis и целите на Дигиталната декада, како и потреба стратешката усогласеност да се претвори во реален оперативен капацитет“, истакна Андоновски.

Министерот посочи дека Македонија во изминатиот период постигна значителен напредок во законодавното и институционалното усогласување, преку донесување на нов Закон за безбедност на мрежи и информациски системи усогласен со принципите на NIS2, усвојување на Национална стратегија за сајбер безбедност, зајакнување на институционалната координација и интензивирање на работата на интероперабилноста, безбедните дигитални услуги и дигиталната јавна инфраструктура.

Андоновски истакна дека Македонија инвестира значајни средства во изградба на Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT, заштитни системи, безбедна инфраструктура и меѓусебно поврзување, со средства од националниот буџет и со поддршка од стратешките партнери, вклучително и Соединетите Американски Држави.

Се осврна и на зголемената комплексност на заканите, посочувајќи дека сајбер инцидентите сè почесто се поврзани со хибриден притисок, дезинформации, економска принуда и напади врз довербата во институциите. Тој нагласи дека критичната инфраструктура денес не се однесува само на енергетиката и телекомуникациите, туку и на јавната администрација, здравствените системи, образовните платформи и дигиталните јавни услуги.

„Заканата не е само нарушување на системите, туку нарушување на довербата — довербата во институциите, дигиталните услуги и демократските процеси“, порача министерот.

Во дискусијата беше нагласена и потребата од посилен пристап на Европската Унија кон финансирање на сајбер инфраструктурата во регионот, особено во рамки на инструментите за поддршка на Западен Балкан. Министерот посочи дека сајбер безбедноста треба да биде јасно препознаена како приоритетна област за инвестиции, бидејќи отпорноста на регионот е директно поврзана со отпорноста на поширокиот европски дигитален простор.

Посебен акцент беше ставен на регионалната соработка. Андоновски порача дека сајбер заканите не запираат на границите и дека помалите администрации не можат да градат отпорност изолирано.

„За Западен Балкан, регионалната оперативна соработка не е луксуз, туку мултипликатор на сила. Потребни ни се постојани доверливи контакт точки, редовни заеднички сајбер вежби, структурирана размена на информации и посилна интеграција со механизмите на ЕУ и НАТО“, истакна министерот.

Тој додаде дека Франција, Европската Унија, НАТО сојузниците и трансатлантските партнери имаат клучна улога во градењето регионални механизми за доверба, споделување информации, обуки и заеднички вежби.

„Западен Балкан веќе денес е дел од безбедносната архитектура на Европа. Регионот не може да се третира само како прашање на идна интеграција, туку како прашање на стратешка предвидливост“, порача Андоновски.

Тркалезната маса во Францускиот сенат претставуваше можност за размена на искуства меѓу земјите од Западен Балкан и европските партнери, со фокус на практичното јакнење на сајбер капацитетите, заштитата од хибридни закани и унапредувањето на регионалната и европската соработка во областа на дигиталната отпорност.

Најново

Забава33 минути

Пет животни лекции што повеќето луѓе ги учат предоцна

Мудроста често доаѓа со возраста, но многумина посакуваат да научеле некои животни лекции многу порано. Токму затоа психолозите истакнуваат дека...

Свет38 минути

Протести на Мајорка против масовниот туризам

Жителите на Мајорка денес повторно излегоа на улиците за да протестираат против големиот годишен прилив на туристи и кризата со...

Забава59 минути

Девет необични симптоми на бременоста за кои можеби не сте знаеле

Утринските мачнини и необичните желби за храна се меѓу најпознатите симптоми на бременост, но многу бремени жени се соочуваат и...

Забава1 час

Ако облеката мириса непријатно веднаш по перењето, исчистете го овој дел од машината

Ги вадите алиштата од машината и наместо мирис на свежина, мирисате на влажен подрум. Виновникот често не е детергентот за...

Забава2 часа

Често се будите уморни: Овие навики може да бидат причина зошто немате доволно енергија

Будењето по неколку часа сон не секогаш значи дека сте се одмориле. Ако често се чувствувате уморни штом ќе ги...

Свет2 часа

Нов инцидент во Германија, дронови прелетаа над воена база

Два дрона беа забележани над германската воена база во Мехерних на западот од земјата, објавија германските вооружени сили. Инцидентот се...

Забава3 часа

(Фото) Стотици луѓе се собраа пред катедрала затоа што мислеа дека Роналдо се жени, неговата сестра се огласи

Стотици луѓе денеска го исполнија плоштадот пред катедралата во Фуншал откако се раширија гласини дека Кристијано Роналдо ќе се жени...

Спорт3 часа

Алмада пристигна во Ривер Плата

Спектакуларен трансфер во аргентинскиот фудбал – Ривер Плата го донесе Тијаго Алмада од Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Аргентина, кој играше...

Македонија3 часа

Утре сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој...