Контакт

Македонија

Апасиев бара одговори за наплатата на брзите кредити: По кој закон се оди на врата за долг?

Објавено пред

Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев најави дека проблемите со брзите кредити ќе ги отвори институционално преку пратенички прашања и предлог-закони, откако до него пристигнале поплаки од граѓани за начинот на кој се врши наплатата на долговите.

Апасиев објави и електронска порака од граѓанин кој тврди дека две лица дошле во неговиот дом и, без да се претстават, побарале веднаш да им предаде 30.000 денари во готово поради долг кон финансиско друштво. Според сведоштвото објавено од Апасиев, а испратено до него, лицата побарале од граѓанинот да им даде колку што има во моментот. Граѓанинот во пораката наведува и дека се лекува од канцер и бара помош за да се спречи ваквиот начин на постапување.

По добиената пријава, Апасиев јавно ги повика гувернерот на Народната банка и министерката за финансии да одговорат врз која законска основа би можела да се спроведува ваква наплата на побарувања.

„Да ги прашаме гувернерот на Народната банка и министерката за финансии, кои нели ‘не се надлежни’ за брзите кеш кредити – по кој тоа закон присилната наплата на долгот се врши со рекетари на врата?“, напиша Апасиев.

Тој оцени дека ваквите појави веќе ги надминуваат границите на цивилизирано општество и најави законска интервенција во областа на брзите кредити. Според него, постојната состојба овозможува граѓаните да бидат изложени на практики за кои институциите со години ја префрлаат одговорноста една на друга.

„Ова веќе ги поминува сите граници на цивилизирано општество и ќе мора законски да ве решаваме, за народот да се ослободи од лихварите“, порача лидерот на Левица.

Воедно, Апасиев упати јавен повик до сите граѓани кои имале проблеми со брзите кредити да му ги достават своите случаи на d.apasiev@sobranie.mk, со цел собраните сведоштва да бидат преточени во конкретни пратенички механизми.

„Ги замолувам сите граѓани кои имаат проблеми со брзите кредити да ми пишат на мејл за нивните маки, а ние тоа ќе се обидеме преку пратенички прашања и предлог-закони да го артикулираме, за конечно да ставиме крај на овој легален грабеж на народот за кој власта се прави и глува и слепа“, напиша Апасиев.

Најново

Македонија25 секунди

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул 

Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9...

Македонија5 минути

(Видео) Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Пратеникот и заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изјави дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со своите изјави за...

Македонија9 минути

До крајот на неделава пристигнува првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери; Ѓорѓиевски се пофали: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“ веќе се предадени на градот и...

Македонија20 минути

Муцунски за Коридорот 8 во Софија: Поврзаноста е стратешки инструмент за безбедност, отпорност и економски развој

Денеска во Софија, на покана на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, министерот за надворешни работи и...

Македонија33 минути

Исмаил: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

Пратеникот и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, реагира на обидите на СДС да ја претстават Левица како против...

Македонија44 минути

Општина Ародром: Нов асфалт на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, каде...

Европа45 минути

(Видео) Убиена лекарката на британското кралско семејство

Докторката Хана Кејн, која наводно лекувала членови на британското кралско семејство, е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Дерсингем, во...

Свет51 минута

(Видео) Две лица загинаа при уривањето на зградата, потрагата продолжува: трагични вести од Истанбул

Бројот на жртви во уривањето на седумкатница во истанбулскиот кварт Малтепе се искачи на две, додека спасувачките екипи продолжуваат да...

Забава58 минути

Огромна сума пари до 20 октомври пристигнува за три хороскопски знаци

Првата половина на октомври може да донесе нешто што одредени хороскопски знаци со нетрпение го очекуваат – опиплива финансиска промена....