Контакт

Македонија

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев“, „смрт“, „бензин и кибрит“ за Обвинителството биле политички говор

Објавено пред

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев објави дел од списите од предмет во кој, како што наведува, пријавил повеќе закани по неговиот живот, тело и семејство, но Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрлило пријавата.

Апасиев го објави случајот како споредба со неодамнешното постапување на институциите по заканата упатена кон премиерот Христијан Мицкоски – „Свињо, ќе те колам на плоштад“, за која беше поведена итна постапка.

Апасиев посочи дека заканите кои ги добивал во пораки и коментари следувале по негово телевизиско гостување, а меѓу нив биле и:

„Лек за тебе е бесилка“, „За тебе само бензин и кибрит“, „Куќа ти горела, деца ти се радујеле“, „Иначе, тебе знаеме што ќе ти правиме“, „Ќе јадеш тежок ќотек по муцки“, „Смрт за ваквите“, „Вахабиите жена ти да ти ја е*ат“, како и повик да се собираат пари за негов погреб.

Тој наведува дека станувало збор за пораки од радикални и екстремистички религиозни структури, но дека тие не биле доволни за ОЈО Скопје да поведе кривична постапка.

Во прилог на објавата, Апасиев објави и фотографија од образложението на решението на ОЈО Скопје.

Во решението, меѓу другото, се наведува дека како основ за коментарите биле изјавите на оштетениот објавени на повеќе социјални медиуми, поврзани со политичките случувања во државата, како и фактот дека во тој период бил активен политичар, пратеник и лидер на политичка партија.

„Наоѓам дека истите претставуваат политички говор, односно може да бидат сместени во категоријата на политичка дебата, во однос на која праксата на Европскиот суд за човекови права дозволува многу пошироко поставени лимити за критицизам“, се наведува во објавениот документ.

Во продолжение, обвинителството оценило дека, иако коментарите биле „непријатни за читање, навредливи“ и претставувале „агресивна и нецелосно урамнотежена критика и напад врз политичките ставови на оштетениот“, тие не можеле да бидат ограничени кога станува збор за политички говор.

Во решението се наведува и дека пријавените „очигледно не ја злоупотребиле својата слобода на изразување со ширење на говор на омраза“, како и дека не биле исполнети условите за примена на казнено-правни рестрикции на слободата на изразување.

Апасиев преку објавата го проблематизира „различното институционално постапување во двата случаи, поставувајќи ја дилемата зошто пораки во кои се споменуваат бесилка, палење, смрт, физички напад и погреб биле третирани како политички говор, додека заканата кон премиерот довела до кривично гонење и притвор“.

Објавата ја наслови „Колење vs бесилка“, повикувајќи ја јавноста сама да ги спореди двата случаи и да процени кои закани се посериозни, но и за селективноста.

Најново

Македонија26 минути

Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на 9. Германско-источноевропски здравствен форум во Берлин....

Македонија30 минути

Меџити: Новиот базен во училиштето „7 Март“, инвестиција од околу 1 милион евра за децата од Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го посети основното училиште „7 Март“, каде што одблиску го проследи напредокот на градежните...

Македонија42 минути

Сулејмани: Преспанскиот Регион ќе стане симбол на новата соработка меѓу Северна Македонија, Грција и Албанија – потпишанa заедничкa изјава за патот кон УНЕСКО

Со потпишување на заедничката изјава, министрите за култура на Северна Македонија, Грција и на Албанија на денешната трилатерална средба во...

Спорт53 минути

Хуркач го приземји Ѓоковиќ на Мастерсот во Шангај

По титулата во Пекинг, Новак Ѓоковиќ во првиот меч го заврши настапот на Мастерсот во Шангај. Подобар од него во...

Македонија1 час

Директорот на Царина: Наш највисок заеднички интерес е создавање силни безбедносни коалиции во борбата со илегална миграција и сериозен криминал

„Наш највисок државен интерес е создавање на силни безбедносни коалиции со што ќе овозможиме посилен заеднички глобален напор во борбата...

Македонија1 час

Герасимовски: Асфалтиран дел од улица во Маџир Маало, ја подобруваме уличната инфраструктура во Центар

Општина Центар асфалтираше дел од улицата ,,Маџир Маало“ во населбата, на површина од 352 квадратни метри. Досега жителите на овој...

Македонија1 час

ЗНАМ: На наша иницијатива започнаа инспекциските надзори на активните градилишта во Центар

На иницијатива на советниците од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија,нзапочнаа инспекциските надзори на активните градилишта на територијата на Општина...

Македонија1 час

И еден месец по прославата, Владата не кажа колку пари е настапот на Давид Гета: тоа е доверлив договор меѓу „Страдаст“ и артистот

Директорот на Државната лотарија, Александар Климовски, заедно со портпаролката на Владата, Марија Митева, денес повеќе од половина час го презентираше...

Македонија1 час

Николоски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје -Блаце

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работна посета на Подгорица, Црна Гора, каде оствари средби со премиерот Милојко...