Контакт

Македонија

Архиепископот Стефан во велигденското послание со порака за радост, простување и пожртвуваност

Објавено пред

Преку порака на радост, простување и пожртвуваност за секој човек, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Стефан, заедно со членовите на Светиот архијерејски синод, упати традиционално Пасхално послание по повод најголемиот христијански празник – Велигден.

„Нашиот богољубив народ отсекогаш живеел со воскресенската надеж. Маките и неправдите од овој свет секогаш ги поднесувал утешувајќи се со споменот за Велигден, а во победата Христова ја гледал Божјата правда на Царството небесно, кое ќе дојде во слава. Како христоносен народ, по сета македонска земја, секогаш сме ја љубеле воскресенската убава вера, која го прославува Велигден не само еднаш годишно, туку постојано – секоја недела. Повикот на псалмопејачот: Ова е денот што го создаде Господ; да се зарадуваме и да се развеселиме во него,[6] бил повик и за нашиот верен народ да се црквува и, во секојнеделното Воскресение, да празнува, примајќи Го Христа и поучувајќи се да живее богољубиво и човекољубиво.

И не само оние наши црквољубиви и родољубиви предци, за коишто имаме жив спомен од фреските, иконите и житијата, туку и оние за коишто дознаваме од песните и преданијата на нашиот македонски народ, ни се доказ дека нашите претходници од воскресенската вера не се откажувале ни по цена на страдања, бидејќи биле утврдени во вистината за Воскресението Христово. Нивниот крстоносен начин на живеење, исполнет со воскресенска радост во живиот Бог – нам, на нивното потомство – ни остана светол пример како се исповеда и како се брани темелот на православната вера – Христовото воскресение“.

Во своето обраќање, архиепископот нагласува дека Велигден претставува централниот настан што ја потврдува смислата на верата и надежта за спасение, но и обврска за секој верник да ја споделува таа радост со другите.

Повикувајќи на заедништво, љубов и духовно сведоштво, тој во посланието посочува дека воскресението не е дар само за верниците, туку порака за целото човештво

„Оваа победа на Животот над смртта, не ни се дарувани само нам, кои сме крстени во името на воскреснатиот Господ – кoj e коренот на нашата вера, туку за целото човештво и за сиот свет.[4] Во оваа свештена велигденска радост, ние христијаните имаме голема одговорност бидејќи сме должни да ја сведочиме победоносната вест за Воскресението, за и другитe да ја чујат, видат и познаат, па да поверуваат и да влезат во радоста на Христа воскреснатиот. Па така и тие, заедно со нас и со сите созданија, да ги прослават радоста и правдата на Царството Божјо, кое, во воскреснатиот Спасител, не ќе има крај“, се вели во пораката на архиепископот Стефан.

Воедно, потсетува на значајни јубилеи од македонската црковна и национална историја, кои, како што вели, треба да бидат поттик за зачувување на духовните и историските вредности.

„Ова лето Господово, во кое повторно преку благодатта Божја ни е даден вечноживиот дар за прославување на Велигден, ќе одбележиме и годишнини од нашето минато, кои, како во Татковината, така и насекаде до каде што нè има како народ, ќе ни овозможат повторно да го оживееме споменот за тие светли настани од нашата црковна и национална историја. Така, во оваа година се навршуваат 1140 години од враќањето во Македонија на светите Климент и Наум од Моравската мисија, со што се организирал црковно-литургискиот живот на Охридската Црква и се поставиле темелите на Охридската книжевна школа. Годинава се навршуваат и 1110 години од блаженото упокојување на свети Климент Охридски, патронот на нашата Света Црква, кој, во радоста на вечниот живот, е наш постојан молитвеник и закрилник. Се навршуваат и 150 години од Разловечкото востание, како и 80 години од донесувањето на првиот Устав на НР Македонија, со кој се потврди возобновената македонска државност. Еве, овие незаборавни настани, врежани во нашата црковно-национална самосвест, нека ни бидат поттик за да го чуваме споменот за нашите достојни претшественици, кои се вградиле во основата и во обновата на нашата Татковина Македонија и на нашата Македонска Црква. Но тие нека ни бидат и порака да ги сочуваме придобивките коишто ни ги оставиле, а потоа и да ги надградуваме, давајќи нови плодови.

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та, со нашата вера и со богоугодни дела, да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА“.

Најново

Спорт20 минути

Меси со емотивна порака пред финалето: Што и да се случи, веќе испишавме историја

Лионел Меси е на чекор до ново испишување историја и втора последователна титула светски шампион со Аргентина. Во големото финале,...

Спорт26 минути

Вечерва се игра големото финале на СП: Шпанија против Аргентина

Шпанија и Аргентина вечерва на стадионот во Њу Џерси ќе се борат за титулата светски шампион во финалето на Светското...

Спорт41 минута

Мбапе го надмина Меси и стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства

Францускиот капитен Килијан Мбапе испиша историја на Светските првенства, откако со двата гола против Англија во натпреварот за третото место...

Спорт45 минути

Рајс: Ова е најдобрата Англија после долго време

Англискиот репрезентативец Деклан Рајс изјави дека оваа генерација е најсилната што Англија ја имала во последните години, по победата над...

Спорт55 минути

Kолку заработи Англија со бронзата на Светското првенство

Англија освои бронзен медал на Светското првенство, откако во спектакуларниот натпревар за третото место ја победи Франција со 6:4. Покрај...

Култура59 минути

Стоечки овации за Ана и Игор Дурловски на „Охридско лето“

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот...

Спорт7 часа

Спектакл во Мајами – Сака со хет трик ја сруши Франција во последниот меч на Дешан

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал....

Спорт11 часа

Челзи го договори трансферот на Морган Роџерс

Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја...

Црна хроника11 часа

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син со месеци бил физички малтретиран во Аеродром

МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран...