Контакт

Македонија

Армијата домаќин на Втората конференција за заедничка обука за „Страјкер“

Објавено пред

Во период од 9 до 11 јуни во Домот на Армијата во Скопје, се одржа Втората конференција за заедничка обука за оклопните борбени возила „Страјкер“.

На конференцијата учествуваа претставници од Соединетите Американски Држави, (Националната гарда на Вашингтон, Армијата на САД за Европа и Африка, 7. Aрмиска команда за обука и 2. Коњички полк), претставници од Република Бугарија, Американската воена група во Република Северна Македонија и Канцеларијата на одбранбеното аташе на САД.

Конференцијата ја отвори директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден генерал Орце Јордев, кој ја истакна посветеноста на Армијата во развојот на способностите поврзани со употребата на возилата „Страјкер“ и нејзината улога како кредибилен НАТО-сојузник.

Во текот на работните сесии беа разгледани националните програми за обука, можностите за унапредување на заедничката рамка за обука, предизвиците поврзани со одржувањето и одржливоста на системите, како и оперативните искуства од употребата на возилата „Страјкер“. Учесниците имаа можност и непосредно да се запознаат со капацитетите на Армијата за обука и одржување на овие борбени возила, како и со плановите за нивен понатамошен развој.

По завршувањето на конференцијата беа усвоени и потпишани заедничките заклучоци, со кои се утврдени насоките за идната соработка и заедничките активности во областа на обуката, одржувањето и развојот на способностите поврзани со „Страјкер“.

Во рамки на конференцијата, началникот на Генералштабот на Армијата,генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари средба со бригадниот генерал Пол Селерс од Националната гарда на државата Вашингтон, на која беше потврдена заедничката заложба за понатамошно унапредување на билатералната воена соработка, размена на професионални искуства и развој на способностите за употреба и одржување на возилата „Страјкер“.

Одржувањето на оваа конференција претставува значаен придонес кон зајакнувањето на интероперабилноста меѓу сојузниците, размената на експертиза и развојот на заедничките способности во рамките на НАТО.

Најново

Регион5 минути

Директорот на „Рајанер“: Ќе го оспориме тврдењето дека патникот од Србија бил делумно надвор од прозорецот

„Рајанер“ ќе ги „оспори“ тврдењата дека дел од телото на патник за време на лет завршило надвор од авионот откако...

Забава18 минути

(Видео) Бред Пит се појави на проекција, неговиот стајлинг веднаш привлече внимание

Бред Пит (62) се појави во вторникот во Лос Анџелес на проекцијата на својот нов филм „Heart of the Beast“....

Свет56 минути

Тимот на Меланија реагира на гласините за наводната афера на Трамп со асистентката

Кабинетот на првата дама, Меланија Трамп, реагира на медиумските шпекулации за односот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговата асистентка...

Свет2 часа

Трамп објасни зошто САД не смеат да дозволат Иран да дојде до нуклеарнo оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД немаше да го бомбардира Иран доколку Техеран веќе поседуваше нуклеарно оружје, туку тој...

Свет2 часа

Кремљ: Киев ја отвори Пандорината кутија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Украина, како што тврди, продолжува со „провокации“ со цел подлабоко да ги...

Македонија2 часа

Шасивари – Соријано Ортиз: Продлабочување на соработката со Шпанија во реформите на правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз. Министерот Шасивари го...

Свет2 часа

(Видео) Странски товарен брод се запали во Кина: загинаа најмалку 20 лица; се огласи и претседателот

Тешка несреќа се случи утринава во кинеското пристаниште Кингдао, каде што најмалку 20 лица загинаа во пожар на странски товарен...

Забава2 часа

Шерон Стоун откри зошто живее во целибат: „Веќе не барам некого само за секс“

Шерон Стоун отворено зборуваше за својот љубовен живот, признавајќи дека подолго време практикува целибат бидејќи повеќе не се задоволува со...

Спорт2 часа

Душан Тадиќ повторно ќе игра за Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ го убедлил Душан Тадиќ да се врати во националниот тим, тврди Спорт...