Контакт

Македонија

Батериските системи во фокусот на стручниот придонес на ФЕРО ИНВЕСТ на „ЕНЕРГЕТИКА 2026“

Објавено пред

Батериските системи во фокусот на стручниот придонес на ФЕРО ИНВЕСТ на „ЕНЕРГЕТИКА 2026“

Инженерите на ФЕРО ИНВЕСТ со стручен труд и учество на панел-дискусија за интеграцијата и значењето на батериските системи во современата енергетика

ФЕРО ИНВЕСТ и ЕМС (Energy Maintenance Solutions) учествуваа на Меѓународната конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2026“ на ЗЕМАК во Струга, каде дел од стручниот придонес на компаниите беше насочен кон една од најактуелните области во енергетиката – батериските системи за складирање на електрична енергија и нивната интеграција со производството од обновливи извори.

Во рамките на конференциската програма, Стефани Георгиевска, електроинженер во Секторот Солар во ФЕРО ИНВЕСТ, го презентираше стручниот труд „Интеграција на систем за складирање на електрична енергија во фотоволтаична централа – техничка и економска анализа“.

Трудот беше базиран на конкретен проект реализиран од ФЕРО ИНВЕСТ – изведена фотоволтаична централа со интегриран батериски систем, и преку практичен пример ја анализираше интеграцијата на батериските системи од два клучни аспекта – технички и економски.

На тој начин беа претставени реални инженерски искуства и податоци од имплементирано решение, особено значајни во услови на зголемено производство на електрична енергија од обновливи извори и сè поголема потреба од нејзино ефикасно складирање и користење во периодите кога е најпотребна.

На темата за батериските системи се дискутираше и во рамките на панелот „Од обновлива кон сигурна енергија: Како складирањето ја менува енергетската иднина“, на кој учествуваше Војдан Андонов, раководител на Секторот Солар во ФЕРО ИНВЕСТ. Во фокусот беа улогата на складирањето на електричната енергија, интеграцијата на батериските системи со обновливите извори и нивното значење за поголема флексибилност и сигурност на електроенергетскиот систем.

ФЕРО ИНВЕСТ во изминатиот период го развива својот инженерски капацитет во областа на батериските системи, со пристап кој го опфаќа целиот процес – од анализа и проектирање, избор и димензионирање на системот, до изведба, интеграција, пуштање во работа, мониторинг и одржување. На тој начин, батериските системи се третираат како интегрален дел од енергетското решение, а не само како дополнителна опрема на фотоволтаичната централа.

На конференцијата ФЕРО ИНВЕСТ и компаниите од групацијата беа претставени и преку изложбен штанд, додека ЕМС (Energy Maintenance Solutions) беше и спонзор на настанот. ЕМС е македонска компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ, специјализирана за изведување на енергетски објекти, како и за технички прегледи, испитување, анализа и одржување, обезбедувајќи стручна поддршка во различни фази од нивниот животен циклус.

Со учеството на „ЕНЕРГЕТИКА 2026“, инженерите на ФЕРО ИНВЕСТ беа дел од стручната размена на знаење и искуство за прашања кои стануваат сè позначајни со забрзаниот развој на обновливите извори на енергија и потребата од нивна сигурна и ефикасна интеграција во електроенергетскиот систем.

Најново

Компании5 минути

Новите BMW X5 и BMW Серија 7 Седан премиерно претставени во Македонија

Две различни интерпретации на врвот на BMW понудата, обединети во ново поглавје на дизајн, технологија и луксуз Името е познато,...

Македонија21 минута

Бугарскиот производител: Во два од четирите случаи со БСЖ-вакцината во Хрватска е наведена доза 10 пати над пропишаната

Бугарскиот производител „Бул Био“ тврди дека податоците за четирите пријавени случаи на остеомиелит по БСЖ-вакцинација во Хрватска не докажуваат проблем...

Спорт22 минути

Артета во Арсенал барем до 2030 година

Актуелниот шампион на Премиер лигата, Арсенал, го продолжи договорот со тренерот Микел Артета. Арсенал секогаш сакал да има континуитет со...

Економија36 минути

„Халкбанк“ со донација од 30.000 евра ја реновираше читалната на Економскиот факултет во Скопје

Со цел создавање уште подобри услови за учење, истражување и стекнување знаење за студентите, денес на Економскиот факултет во Скопје...

Македонија43 минути

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“. –...

Спорт46 минути

Турција му врачи отказ на Монтела

Винченцо Монтела повеќе не е селектор на Турција, му пресудија лошите резултати на Светското првенство и Лигата на нации. На...

Спорт53 минути

Згасна КК Монако

АС Монако Баскет објави дека повеќе не е во можност да ги исполнува своите финансиски обврски и затоа ќе ги...

Македонија1 час

(Видео) Јанчев: Со европско знаменце се турка закон што ја загрозува заштитата на животната средина

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната собраниска седница посочи на три клучни проблеми во Предлог-законот за изменување и дополнување...

Култура1 час

Самостојна изложба на младата уметница Арбана Дехари од Тетово во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, на 8 октомври (четврток), со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи отворањето на...