Контакт

Македонија

Бегството на Ива Михајлова бара итна истрага и одговорност, велат од Демократскиот сојуз

Објавено пред

Демократскиот сојуз бара итно утврдување на одговорноста за бегството на Ива Михајлова, откривање на евентуалните помагачи и кривична одговорност за сите лица за кои ќе се утврди дека го организирале или овозможиле.

„Михајлова беше обвинета за учество во сообраќајна несреќа со смртни последици, а со бегството стана недостапна за правосудните органи. Правдата мора да биде еднаква за сите, без привилегии и недопирливи поединци.

Бараме МВР, Царинската управа и Јавното обвинителство да утврдат како било можно таа да ја напушти државата и дали во тоа учествувале или потфрлиле полициски и царински службеници.

Особено загрижува што бегството се случило во моментот кога беше прифатена можноста нејзината здравствена состојба да биде проценета и од бугарски лекари. Ова отвора сомнежи дали целта била да се избегне независна медицинска процена, која можеше да даде одговор на прашањето дали нејзината состојба навистина била животозагрозувачка и дали претходните судски одлуки биле оправдани“, велат од Демократскиот сојуз.

„Мора да се испита и улогата на адвокатот, вклучително и неговите наводи за постоење помагачи, како и да се утврди како Михајлова успеала да побегне и покрај мерките за ограничување на движењето и одземените бугарски и македонски пасоши.

Доколку се утврди дека адвокатот учествувал во организирањето или овозможувањето на бегството, бараме да понесе соодветна кривична одговорност, согласно законот. Адвокатската професија не смее да биде заштита за незаконски дејствија.

Демократскиот сојуз бара транспарентна истрага, утврдување на институционалните пропусти и законска одговорност за сите инволвирани. Бегството не смее да значи избегнување на правдата, особено кога станува збор за обвинение за сообраќајна несреќа со смртни последици“, соопшти Демократскиот сојуз.

Најново

Забава4 минути

(Фото) Ким Кардашијан во „диво“ издание за кое зборува Њујорк

Луксузната комбинација што ја носеше Ким Кардашијан ги подели модните критичари, уште еднаш потврдувајќи го нејзиниот статус на икона која...

Забава12 минути

Не ви се потребни теретана ниту скапа опрема: овие пет вежби ќе го направат вашиот задник поцврст и позатегнат

Сите веќе знаеме дека можеме да одработиме квалитетен тренинг за кој било дел од телото, удобно, од сопствениот дом. Кога...

Култура18 минути

Триумф на актерката Соња Михајлова: Награда за животно дело во Битола и Гран При во Токио за филмот „Сестра, брат и шахта“

По повод „4 Ноември“- Денот на ослободувањето на Битола во Центарот за култура се одржа свечената академија на која беа...

Македонија20 минути

Максим Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки кон Бугарија без реципроцитет

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во телевизиско гостување порача дека ЗНАМ нема да отстапи од...

Забава45 минути

(Фото) Имаат над 50 години, а сепак изгледаат како да се во своите дваесетти: Овие славни дами му пркосат на времето

Без разлика дали станува збор за добра генетика, дисциплина или специфични ритуали за нега на себе, овие познати жени пронашле...

Европа54 минути

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година, се наведува во...

Регион1 час

Српски ловци придружуваа авион на „Виз ер“ по уште една закана за бомба

Два борбени авиона на српското воено воздухопловство пресретнаа авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако пристигнала...

Свет1 час

Шефицата на Европската централна банка си заминува: два кандидати во трка за нејзин наследник

Шпанецот Пабло Ернандес де Кос и Холанѓанецот Клас Нот се двајцата кандидати за позицијата нов претседател на Европската централна банка...

Забава2 часа

Финансиска пресвртница: Овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат таков прилив на пари, што ќе ги решат сите свои проблеми

За три хороскопски знаци доаѓа крај на сиромаштијата, што се совпаѓа со Младата месечина во знакот на Шкорпија. Зголемувања на...