Контакт

Македонија

Беким Сали: Пораките од Европскиот парламент се потврда дека Северна Македонија има реална европска перспектива

Објавено пред

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја поздрави расправата во Европскиот парламент по Извештајот за Северна Македонија, оценувајќи дека пораките упатени од европратениците претставуваат силна потврда за европската перспектива на државата и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес.

Во рамки на дебатата, известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, испрати охрабрувачки пораки за европската перспектива на државата, истакнувајќи дека земјата има капацитет и потенцијал да биде дел од следниот бран на проширување на Европската Унија, известуваат од Кабинетот на министерот за европски прашања.

„Ова е значајна порака која доаѓа во важен момент за нашата држава. Фактот што во Европскиот парламент се препознава напредокот на Северна Македонија и се истакнува можноста земјата да стане следна членка на Европската Унија претставува охрабрување за сите институции да продолжат со уште посилно темпо на реформи. Европа ја гледа Северна Македонија како дел од европското семејство, а наша обврска е преку резултати да ја оправдаме таа доверба“, изјави Сали.

Тој нагласи дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на реформите во владеењето на правото, јавната администрација, економскиот развој и зајакнувањето на демократските институции, како клучни предуслови за напредок во евроинтегративниот процес.

„Членството во Европската Унија не е само надворешнополитичка цел, туку стратешки избор кој носи посилни институции, економски развој и повеќе можности за граѓаните. Нашата европска перспектива е јасна и остварлива. Денешната дебата во Европскиот парламент е потврда дека местото на Северна Македонија е во Европската Унија. Наша одговорност е преку реформи, резултати и политичка зрелост да го искористиме овој моментум и да ја приближиме државата до полноправно членство во европското семејство“, истакна Сали.

Во однос на сите прашања разгледувани во рамки на Извештајот, Сали нагласи дека Северна Македонија останува посветена на европските вредности, добрососедските односи и конструктивниот дијалог, во согласност со преговарачката рамка и принципите на Европската Унија.

Најново

Спорт9 минути

Kолку заработи Англија со бронзата на Светското првенство

Англија освои бронзен медал на Светското првенство, откако во спектакуларниот натпревар за третото место ја победи Франција со 6:4. Покрај...

Култура14 минути

Стоечки овации за Ана и Игор Дурловски на „Охридско лето“

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот...

Спорт7 часа

Спектакл во Мајами – Сака со хет трик ја сруши Франција во последниот меч на Дешан

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал....

Спорт10 часа

Челзи го договори трансферот на Морган Роџерс

Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја...

Црна хроника11 часа

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син со месеци бил физички малтретиран во Аеродром

МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран...

Забава11 часа

И по разводот функционираат како тим: Џенифер Гарнер го пофали Бен Афлек дека е одличен татко

Џенифер Гарнер ретко зборува за односот со поранешниот сопруг Бен Афлек, но во ново интервју откри дека тој е „неверојатен...

Црна хроника11 часа

Се превртел багер во Гостивар, тешко повреден 38-годишен маж

Триесет и осумгодишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако багерот со кој изведувал работи се превртел на улицата...

Спорт11 часа

Невремето ги наруши подготовките за финалето: На Шпанија ѝ го откажаа, на Аргентина ѝ го одложија тренингот

Силно невреме со дожд и грмежи ги наруши последните подготовки на Шпанија и Аргентина пред финалето на Светското првенство. Тренингот...

Црна хроника12 часа

Пукано кон објект на фирма во Тетово, пронајдени 11 чаури

Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила....