Контакт

Македонија

Бесплатен роаминг за Македонците во ЕУ од 1 јануари 2027 година, Андоновски го кажа најоптимистичното сценарио

Објавено пред

Роамингот за Македонците кои ќе патуваат во земјите од Европската Унија најрано може да се укине од први јануари следната година. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели земјава ги завршила сите подготовки па сега целиот процес зависи само од Европската Унија.

„Ние сме подготвени кон тоа да влеземе веднаш, но роковите ќе зависат од Европската Унија. Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би ја имале оваа можност за нашите граѓани. Сепак зависи од Европската Унија, не зависи од нас рокот. Најоптимистичното сценарио би значело роаминг од први јануари 2027 година“, вели министерот Андоновски.

Тој потсети дека иницијативата е на Европската Унија со цел да се намалат трошоците за граѓаните од Западен Балкан кои ќе патуваат во ЕУ, но и за граѓаните од ЕУ кои што патуваат во земјите од Западен Балкан.

„И покрај дезинформациите дека сме биле исклучени, направивме сериозни напори и државата ја донесе потребната регулатива за да ги промени четирите директиви и регулативи на Европската Унија и да овозможи бесплатен роаминг за граѓаните од Македонија кога ќе патуваат во Европската Унија. Последната измена на Законот за електронски комуникации е испратена на Европската комисија на мислење, утврдена е на Влада и испратена. По позитивното мислење од страна на Европската Унија ќе биде донесена и во Собранието“, рече министерот Андоновски.

Во меѓувреме, Андоновски извести дека ЕУ почнува преговарачки процес за укинување на роамингот и од кај нас веќе се номинирани преговарачи. Прецизниот распоред со рокови Андоновски очекува да биде утврден наредната недела по состанокот во Тиват меѓу ЕУ и Западен Балкан.

„Овој процес ќе содржи одобрување на законот, преговори, а потоа потпишување договор налик на договорот за стабилизација и асоцијација од 2000 година, ЕУ со секоја држава поединечно од Западен Балкан за постигнување на овој ефект“, рече Андоновски.

Македонските граѓани кои патуваат во земјите од ЕУ сега плаќаат за роаминг услугите неколкупати повеќе отколку за телефонските услуги дома. Роамингот е како дома само за патувања во земјите од Западен Балкан.

Најново

Забава32 минути

Пет животни лекции што повеќето луѓе ги учат предоцна

Мудроста често доаѓа со возраста, но многумина посакуваат да научеле некои животни лекции многу порано. Токму затоа психолозите истакнуваат дека...

Свет37 минути

Протести на Мајорка против масовниот туризам

Жителите на Мајорка денес повторно излегоа на улиците за да протестираат против големиот годишен прилив на туристи и кризата со...

Забава58 минути

Девет необични симптоми на бременоста за кои можеби не сте знаеле

Утринските мачнини и необичните желби за храна се меѓу најпознатите симптоми на бременост, но многу бремени жени се соочуваат и...

Забава1 час

Ако облеката мириса непријатно веднаш по перењето, исчистете го овој дел од машината

Ги вадите алиштата од машината и наместо мирис на свежина, мирисате на влажен подрум. Виновникот често не е детергентот за...

Забава2 часа

Често се будите уморни: Овие навики може да бидат причина зошто немате доволно енергија

Будењето по неколку часа сон не секогаш значи дека сте се одмориле. Ако често се чувствувате уморни штом ќе ги...

Свет2 часа

Нов инцидент во Германија, дронови прелетаа над воена база

Два дрона беа забележани над германската воена база во Мехерних на западот од земјата, објавија германските вооружени сили. Инцидентот се...

Забава3 часа

(Фото) Стотици луѓе се собраа пред катедрала затоа што мислеа дека Роналдо се жени, неговата сестра се огласи

Стотици луѓе денеска го исполнија плоштадот пред катедралата во Фуншал откако се раширија гласини дека Кристијано Роналдо ќе се жени...

Спорт3 часа

Алмада пристигна во Ривер Плата

Спектакуларен трансфер во аргентинскиот фудбал – Ривер Плата го донесе Тијаго Алмада од Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Аргентина, кој играше...

Македонија3 часа

Утре сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој...