Контакт

Македонија

„Безбеден град“ во Велес за ден и пол регистрирал 150 казни, Тошковски: За 40 отсто се намалени жртвите во сообраќајот

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, денеска во рамки на посетата на Велес го посетија модернизираниот команден центар на СВР Велес, каде што се запознаа со неговото функционирање и го означија почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ на подрачјето на СВР Велес.

Како што соопшти МВР, Тошковски информираше дека новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“.

„Само во текот на вчерашниот ден, за 24 часа, имаме констатирано околу 124 казни, а денеска досега околу 27, односно за ден и половина околу 150 казни на територијата на СВР Велес, што ги опфаќа Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Најголем дел се за брзо возење, а три-четири казни се за поминување на црвено светло. Тоа е фрапантно подобрување на почитувањето на сообраќајните правила од страна на македонските граѓани“, истакна Тошковски.

Министерот нагласи дека основната цел на системот „Безбеден град“ не е казнувањето и полнењето на буџетот, туку промена на сообраќајните навики и спасување човечки животи.

„Сакам уште еднаш да им се заблагодарам, пред сè, на македонските граѓани, затоа што со имплементирањето на еден систем чијашто првична цел е спасување човечки животи, а не полнење на буџетот, покажавме дека навистина можеме да се однесуваме европски. Позитивните ефекти од таквото однесување се многу помал број жртви, многу помал број сообраќајни незгоди и многу помалку негативни последици од непочитувањето на сообраќајните правила“, потенцираше Тошковски.

Осврнувајќи се на последиците од непочитувањето на сообраќајните правила, министерот посочи дека трагичните сообраќајни незгоди се реалност која може да го погоди секого. Тој се осврна и на вчерашната сообраќајна незгода на патот Миладиновци–Аеродром, во која две лица починаа на самото место, а три лица беа повредени, од кои две се во особено тешка, животозагрозувачка состојба.

„Сето ова што ни се случува поврзано со сообраќајните незгоди не е некаде далеку. Тоа е тука и може да му се случи на секого. Повторувам, никогаш немаме сообраќајна незгода со смртни последици доколку се почитуваат сообраќајните правила. Ова треба навистина да допре до сите“, порача министерот.

Тошковски изрази благодарност и до медиумите, општествено одговорните компании и организациите кои се вклучија во кампањата за подигнување на сообраќајната култура, издвојувајќи ја Фудбалската федерација на Македонија и фудбалерите кои учествуваа во промотивната кампања за почитување на сообраќајните правила.

Како особено значаен показател за ефектите од преземените мерки, министерот ги посочи податоците за бројот на жртви во сообраќајот.

„Заклучно со месец август, ако минатата година сме имале 96 жртви, оваа година за истиот период имаме 61 жртва. Тоа е фрапантна разлика за период од една година. Според информациите што ги добивам од експертите, доколку продолжиме вака и со почитување на правилата од страна на сите македонски граѓани, можеме да бидеме пример не само во Европа, туку и во светот, како за многу краток период сме успеале да го намалиме бројот на жртви за околу 40 проценти“, истакна Тошковски.

Министерот порача дека сите активности, инвестиции и кампањи што се преземаат во областа на сообраќајната безбедност имаат една заедничка цел – Македонија да стане побезбедна држава за сите.

„Сето ова го правиме само за да дојдеме до држава којашто ќе биде побезбедна за сите“, заклучи министерот Тошковски.

Најново

Спорт6 часа

(Видео) Кејн рекордер, Англија лесно се справи со Чешка

Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во Лигата на нациите А, група 3. На Вембли, Англија ја порази...

Спорт7 часа

(Видео) Хрватска по пресврт падна пред светскиот првак – Микел Мерино го реши натпреварот

Само три дена по историскиот дебакл против Англија (7:0), Хрватска брилијантно и парираше на моќната Шпанија на преполниот „Пољуд“, но...

Спорт7 часа

(Видео) Швајцарците ги казнија сите грешки, Македонија загуби во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија го забележа и четвртиот пораз, во Групата 1, во Б дивизијата во Лигата на нации. Трагично...

Свет8 часа

Унгарија воведува данок за најбогатите

Унгарската влада предложи воведување данок на богатство за лицата чиј имот надминува една милијарда форинти, односно околу 3,08 милиони долари,...

Свет8 часа

Водоинсталатер осомничен за серија убиства на постари жени во Полска – ја стекнувал нивната доверба, па се враќал назад

Водоинсталатер на возраст од 43 години е осомничен за серија злосторства во Полска. Засега официјално се зборува за шест убиени...

Свет8 часа

(Видео) Протести во Индија, приведен лидерот на опозицијата

Индиската полиција денеска го прекина протестот на опозицијата во Њу Делхи и накратко го приведе лидерот на Конгресната партија, Рахул...

Свет8 часа

Зеленски: Русија подготвува масовен напад врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најновите разузнавачки информации укажуваат оти Русија подготвува „масовен напад“ врз Украина. „Има ажурирани разузнавачки...

Македонија8 часа

Без вода утре дел oд Карпош

Дел од корисниците на улицата „Његошева“ во Општина Карпош утре, 7 октомври, ќе останат без вода поради уличен водоводен дефект....

Спорт8 часа

Роналдо се враќа во португалската репрезентација

Кристијано Роналдо одлучи да се врати во португалската репрезентација. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го потврди ова со...