Контакт

Македонија

Бидете дел од олимписката приказна: Отворени апликации за волонтери за Игрите во Лос Анџелес 2028

Објавено пред

Подготовките за Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес 2028 веќе започнуваат, а организаторите го отвораат патот за сите кои сакаат да бидат дел од ова глобално спортско случување.

Македонскиот олимписки комитет ги информира сите заинтересирани дека се отворени апликациите за волонтери за LA28.

Волонтерите ќе бидат важен дел од тимот кој работи зад сцената на Игрите, придонесувајќи за нивната успешна организација и создавањето на позитивно искуство за спортистите, навивачите и посетителите. Ова е можност за сите љубители на спортот, младите и оние кои сакаат да стекнат нови искуства да бидат дел од еден од најголемите спортски настани во светот.

Покрај можноста да бидат дел од организацијата на Олимписките и Параолимписките игри, волонтерите ќе имаат шанса да развијат нови вештини, да стекнат искуство во меѓународна средина, да работат со луѓе од различни култури и да создадат контакти кои можат да бидат вредни и во иднина. Учеството како волонтер на LA28 претставува можност за лично и професионално надградување, како и уникатно искуство поврзано со олимпиското движење.

Под мотото „Follow the Sun“ („Следи го сонцето“), LA28 ја носи визијата за Игри исполнети со енергија, различност и поврзување преку спортот. Во оваа визија свое место имаат и волонтерите – луѓето кои со својата посветеност ќе помогнат во создавањето на атмосферата по која Олимписките и Параолимписките игри се препознаваат.

Можноста е отворена за сите кои сакаат да бидат дел од едно меѓународно искуство, да запознаат луѓе од целиот свет и да придонесат за организацијата на Игрите во Лос Анџелес 2028. Подетално и линк за аплицирање: https://volunteer.la28.org/en.

Најново

Спорт1 час

(Видео) Гаштаров избори пенал, Црвена звезда го победи Партизан

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1, во јубилејното 180-то вечно дерби. Дури и најбрзиот гол во историјата не им...

Свет2 часа

Победата на АфД ја тресе Германија: Мерц пред тежок политички тест

Убедлива победа за Алтернатива за Германија (АфД) и тежок пораз за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – изборите во Саксонија-Анхалт би можеле...

Свет2 часа

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата при слетување на Меѓународниот аеродром во Мајами и заврши на пат надвор од...

Спорт2 часа

Турските одбојкарки ја одбранија европската титула

Турската женска одбојкарска репрезентација, на домашен терен, ја одбранија континеталната титула. Избраниците на селекторот Даниеле Сантарели го победија големиот ривал...

Свет2 часа

Зеленски: Можни се нови преговори со Русија, за териториите мора да разговараат лидерите

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е можно продолжување на преговорите меѓу Украина и Русија, но дека клучните прашања, вклучително...

Забава2 часа

Проверете ги пораките и сметките: Три знаци може да ги израдуваат пари до 15 септември

Според астролошките предвидувања, три хороскопски знаци би можеле да имаат особено поволен финансиски период до 15 септември. Биковите, Стрелците и...

Забава2 часа

Бјанка Ценсори откри што мисли за голотијата и дали Канје ѝ кажува што да носи

Австралиската уметница Бјанка Ценсори за првпат отворено проговори за својот имиџ, односот кон голотијата и модните комбинации со кои веќе...

Македонија2 часа

Активен пожарот кај Стенковец, избувнаа уште два кај Кондово и Ѓорче Петров

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а скопските пожарникари се на терен и го гаснат, информира вечерва директорот на...

Македонија3 часа

Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино

Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и...