Контакт

Македонија

Био Ентерпрајз доби признание од „Макпрогрес“ за помошта при пожарот во фабриката „Винчини“

Објавено пред

Био Ентерпрајз, компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ / ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, доби плакета за благодарност од „Макпрогрес“ за помошта што ја обезбеди при големиот пожар кој пред една година зафати дел од фабриката на македонскиот бренд „Винчини“ во Виница.

Веднаш по избувнувањето на пожарот, од биогасната електрана Био Ентерпрајз, лоцирана близу Свети Николе, самоиницијативно беа испратени цистерни со вода кон Виница за да помогнат во гаснењето на огнот.

На настан одржан една година по пожарот и по обновувањето на оштетените производствени капацитети, „Макпрогрес“ им оддаде признание на сите што помогнале во тие тешки моменти, потсетувајќи на значењето на солидарноста и подадената рака кога е најпотребна.

За нас, ова признание има посебна вредност, не само како израз на благодарност, туку и како потврда за важноста на меѓусебната поддршка во деловната заедница.

Веруваме дека на бизнис-секторот му се потребни здрава конкуренција и успешни компании, но исто толку му се потребни солидарност, меѓусебна почит и подготвеност за помош.

Тие вредности се во интерес не само на поединечните компании, туку и на целокупната македонска економија и општеството.

Горди сме што можевме да подадеме рака и да помогнеме во момент кога помошта беше најпотребна и им посакуваме понатамошни големи деловни успеси на нашите пријатели ,,Винчини”.

ПР

Најново

Забава3 минути

(Фото) Ким Кардашијан во „диво“ издание за кое зборува Њујорк

Луксузната комбинација што ја носеше Ким Кардашијан ги подели модните критичари, уште еднаш потврдувајќи го нејзиниот статус на икона која...

Забава10 минути

Не ви се потребни теретана ниту скапа опрема: овие пет вежби ќе го направат вашиот задник поцврст и позатегнат

Сите веќе знаеме дека можеме да одработиме квалитетен тренинг за кој било дел од телото, удобно, од сопствениот дом. Кога...

Култура16 минути

Триумф на актерката Соња Михајлова: Награда за животно дело во Битола и Гран При во Токио за филмот „Сестра, брат и шахта“

По повод „4 Ноември“- Денот на ослободувањето на Битола во Центарот за култура се одржа свечената академија на која беа...

Македонија19 минути

Максим Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки кон Бугарија без реципроцитет

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во телевизиско гостување порача дека ЗНАМ нема да отстапи од...

Забава43 минути

(Фото) Имаат над 50 години, а сепак изгледаат како да се во своите дваесетти: Овие славни дами му пркосат на времето

Без разлика дали станува збор за добра генетика, дисциплина или специфични ритуали за нега на себе, овие познати жени пронашле...

Европа53 минути

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година, се наведува во...

Регион1 час

Српски ловци придружуваа авион на „Виз ер“ по уште една закана за бомба

Два борбени авиона на српското воено воздухопловство пресретнаа авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако пристигнала...

Свет1 час

Шефицата на Европската централна банка си заминува: два кандидати во трка за нејзин наследник

Шпанецот Пабло Ернандес де Кос и Холанѓанецот Клас Нот се двајцата кандидати за позицијата нов претседател на Европската централна банка...

Забава2 часа

Финансиска пресвртница: Овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат таков прилив на пари, што ќе ги решат сите свои проблеми

За три хороскопски знаци доаѓа крај на сиромаштијата, што се совпаѓа со Младата месечина во знакот на Шкорпија. Зголемувања на...