Контакт

Македонија

Бочварски за Тошковски: Партизација на полицијата, политички притисоци и злоупотреби

Објавено пред

Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната собраниска расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оцени дека по две години мандат ветувањата за професионална полиција, реформи и поголема безбедност останале само празни зборови.

„Министерот Тошковски на самиот почеток на мандатот ветуваше професионална и ефикасна полиција, реформи, зголемување на безбедноста и довербата на граѓаните. Понатаму професионални критериуми за унапредување кои би се темеле на образование, искуство, способности и без политички критериуми“, истакна Бочварски.

Тој посочи дека наместо најавените реформи, биле донесени законски решенија кои отвораат простор за политички влијанија и партизација во полицијата.

„Се обидувавте преку принципи кои не доликуваат на земја која тежнее да се приклучи кон Европската Унија и земја членка на НАТО, да го нарушите принципот на кариерен систем, закон кој сериозно создава простор за политички влијанија и партизација на полицијата по примерот на периодот до 2017 година“, нагласи Бочварски.

Тој потсети дека и експертите, синдикатите и професионалната јавност предупредувале на ризици од политизација, намалена транспарентност и нарушување на мерит-системот во Министерството за внатрешни работи.

Бочварски оцени дека во изминатиот период граѓаните биле сведоци на сериозно нарушување на безбедносната состојба во државата.

„Во периодот на изминативе години јавноста беше сведок на серија убиства, обиди за убиства, вооружени престрелки и други тешки кривични дела кои создадоа чувство на несигурност кај граѓаните“, рече тој.

Дополнителна загриженост предизвикуваат сомнежите за оддавање службени тајни, аферите поврзани со лица од највисоките државни кругови, како и случаите кои отвораат прашања за ефикасноста на внатрешната контрола во МВР.

Во своето обраќање Бочварски посочи и на утврден случај на дискриминација врз полициска службеничка поради политичко уверување.

„Независна државна институција официјално констатирала дискриминаторско постапување во рамки на МВР, што отвора прашања за политички притисоци, непочитување на еднаквиот третман на вработените и одговорноста на раководните структури во Министерството“, истакна Бочварски.

Тој се осврна и на случаите на сквернавење на државното знаме, при што оцени дека реакцијата на институциите била бавна и недоволна.

„Министерството за внатрешни работи има обврска да обезбеди еднаква примена на законите без разлика на политичката, етничката или другата припадност на сторителите. Секое отстапување од овој принцип ја поткопува довербата во институциите и создава чувство на нееднаквост пред законите“, нагласи Бочварски.

Дополнително, тој предупреди и на драматичниот пораст на случаите на семејно насилство, оценувајќи дека превентивните политики и кампањи целосно изостанале.

Бочварски посочи и на намалувањето на развојните програми, капиталните инвестиции и средствата за Центарот за обука во МВР, што според него е спротивно на ветувањата за модернизација и професионализација на полицијата.

„Развојните програми се намалени за 29 проценти, Центарот за обука за 40 проценти, а капиталните инвестиции за над 22 проценти. Тоа покажува дека развојот и инвестициите се намалуваат и дека нема сериозни политики за реформи во полицијата“, рече Бочварски.

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата, како што нагласи тој, ќе ја поддржи интерпелацијата на министерот Тошковски поради сериозните пропусти во работењето и бројните скандали.

Најново

Свет7 минути

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија37 минути

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија40 минути

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...

Култура1 час

Три македонски филмови се снимаат летово, четвртиот почнува на крајот на август

Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот...

Македонија2 часа

Македонец во Кушадаси сериозно ги повредил вратните пршлени, со владиниот авион ќе биде пренесен во Скопје

Млад турист од Македонија се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Турција. Тој...

Забава2 часа

Нутриционисти ги откриваат најдобрите ужинки за деца

Кога децата ќе огладнат помеѓу оброците, родителите често посегнуваат по колачиња или чипс. Сепак, нутриционистите советуваат дека ужинката треба да...

Култура2 часа

„Лабораториум“ го почнува проектот „Лифт“ со бесплатни музички работилници за теремин

Културниот и едукативен центар ЛАБОРАТОРИУМ го започнува новиот проект „ЛИФТ“, културна иницијатива насочена кон развој и поддршка на младата публика...

Свет3 часа

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли воведени за патниците од Шпанија, кои Мадрид...

Македонија3 часа

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, тројца пациенти во критична состојба

Во текот на оваа недела во земјата се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи...