Контакт

Македонија

Божиновска: Дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста се клучни за сигурен и отпорен енергетски систем

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и преставници на ИТ секторот од министерството денеска присуствуваа на семинарот „Дигитализација на јавната администрација – размена на искуства, добри практики и можности за соработка со Чешката Република“, што се одржа во Свечената сала на Владата во организација на Министерство за дигитална трансформација.

На семинарот, на кој беа разменети искуства меѓу македонските и чешките институции, беше истакнато значењето на дигиталната трансформација за создавање поуспешна, поефикасна и побезбедна јавна администрација, како и за унапредување на јавните услуги за граѓаните и бизнис-секторот.

За Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, дигитализацијата има особено значење бидејќи современиот енергетски систем сè повеќе се потпира на дигитални технологии, автоматизирани системи, паметна инфраструктура и податоци во реално време.

„Енергетската безбедност денес не значи само сигурно производство и стабилно снабдување со енергија. Таа значи и сигурни дигитални системи. Колку повеќе ги дигитализираме енергетските мрежи и инфраструктурата, толку поважно станува нивното обезбедување од сајбер-закани. Затоа сајбер-безбедноста мора да биде интегрален дел од модернизацијата на енергетскиот сектор“, истакна министерката Божиновска.

Во услови на забрзана енергетска транзиција, дигитализацијата овозможува подобро управување со енергетските системи, поефикасно следење на потрошувачката, оптимизација на производството и навремено реагирање при потенцијални нарушувања.

Истовремено, зголемената дигитална поврзаност носи и нови ризици, поради што заштитата на критичната енергетска инфраструктура, безбедноста на информациските системи и отпорноста на енергетските мрежи на сајбер-напади стануваат составен дел од националната енергетска безбедност.

Во тој контекст, на семинарот беше отворена и темата за можностите за понатамошна соработка меѓу Македонија и Чешката Република во областа на сајбер-безбедноста, размената на знаења и добри практики, како и јакнењето на институционалните капацитети.

Чешката Република има значајно искуство во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста, што претставува дополнителна можност за размена на искуства со македонските институции и за унапредување на националната отпорност на критичната инфраструктура.

Министерката Божиновска истакна дека Министерството продолжува да работи на дигитализација на процесите, модернизација на системите и зајакнување на сајбер-безбедноста, со цел енергетскиот сектор да биде подготвен за новите технолошки предизвици и ризици.

Семинарот, на кој свои обраќања имаа министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република Петр Мацинка, претставуваше платформа за размена на искуства и отворање нови можности за институционална соработка меѓу двете земји.

Најново

Спорт45 минути

(Видео) Ливерпул демонстрираше сила кај ЛАСК, Феенорд го победи Комо

Феенорд и Ливерпул со победи го отворија вториот ден од второто коло во Лигата на шампионите. Феенорд на домашен терен...

Свет48 минути

Си-ен-ен: Новата портпаролка на Трамп лажно се претставува како адвокат, тоа е казниво

Работата на портпаролот е да ги обликува вестите, а не да стане вест. Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија,...

Македонија56 минути

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Розовиот октомври – месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот...

Спорт57 минути

Винисиус ќе го пропушти Ел Класико

Винисиус Жуниор нема да игра во Ел Класико против Барселона. Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) го казни со...

Македонија1 час

Апасиев се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот Димитар Апасиев, денеска во својот кабинет...

Свет2 часа

Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се чувствува предаден од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Русија....

Свет2 часа

Мерц: Ниту едно евро за помошта за Украина не се зема од нашите граѓани

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Бундестагот изјави дека помошта за Украина не оди на сметка на германските граѓани и...

Свет3 часа

Ватикан објави информации за здравствената состојба на Папата

Папата Лав XIV закрепнува според очекувањата по операцијата, тој веќе почна да се движи низ болничката соба и да се...

Култура3 часа

Киро Донев номиниран за најголемата книжевна награда во светот за литература за деца „Астрид Линдгрен“

Киро Донев е првиот македонски писател номиниран за некоја од двете најголеми книжевни награди во светот за литература за деца...