Македонија
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, ја посетија работилницата за мозаик и рубин која се реализира во ДСУЛД „Лазар Личеноски“.
Станува збор за иновативен пристап кој ги поврзува геологијата, уметноста и едукацијата, преку практична работа со минерали – со посебен фокус на рубинот како симбол и материјал. Работилницата веќе е во тек и претставува редок пример каде природните ресурси се претвораат во креативен и едукативен процес со пошироко општествено значење.

Посетата е дел од пошироките активности на Министерството насочени кон поврзување на енергетиката и рударството со образованието, иновациите и креативните индустрии – како клучен сегмент од современите политики за одржлив развој.
„Ваквите проекти се конкретен пример како се гради нов наратив за енергетиката и рударството – не само како сектор, туку како простор за знаење, иновации и поврзување со културата. Нашата цел е природните ресурси да станат дел од образованието, креативноста и економијата. Токму таму се создава вистинската додадена вредност за државата. Ваквите иницијативи се важен чекор кон градење нов пристап во секторот – каде младите се директно вклучени, а ресурсите се користат како алатка за учење, иновации и развој на нови вештини. “, истакна министерката Божиновска.

Амбасадорот Прескер ја поздрави соработката и поддршката на вакви проекти, нагласувајќи дека тие создаваат конкретни резултати и долгорочни партнерства меѓу институциите, образованието и граѓанскиот сектор.
Работилницата е дел од проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, поддржан од Амбасадата на Република Словенија, а го реализираат Центарот за истражување на природата и културата „Nature Expedition“ и здружението „Дијалог“. Проектот комбинира геологија, сторителинг и уметност преку изработка на мозаик инспириран од рубинот. Дополнителна вредност на процесот е и инклузивната компонента – во активностите се вклучуваат и млади лица со Даунов синдром, со што проектот добива и силна општествена димензија.

Во рамки на активностите се изработуваат два мозаика – едниот ќе биде поставен во мермерниот комплекс во Беловодица како дел од концепт за отворена галерија, а вториот ќе биде изложен во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини
Проектот „Вештини – клучот на зелената економија“ отвора нова перспектива: од ресурс – до знаење, од минерал – до приказна, од образование – до одржлива иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.
Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времето во наредните денови
Денес и утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Утре процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град. Од четврток до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер претежно од северен правец.
Македонија
Заврши реконструкцијата на една од главните сообраќајници во Кочани
Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во градот, соопшти Министерството за транспорт.

Инвестицијата е во вредност од 12,7 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку Проектот за локални патишта. Во рамки на истиот проект завршени со реконструкција се и улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“.
Паралелно со овие активности, преку проектот за поддршка на општините, Владата инвестира и во изградбата на градската магистрална улица „Новопланирана 1“, како и во реализација на уште неколку инфраструктурни проекти во општината, во вкупна вредност од околу 320 милиони денари.
Македонија
Скопјанецот кој запали дипломатски возила, со автобус стигнал до Центар, а бензинот го купил од бензинска во близина на бугарската амбасада
Обвинителството предложи притвор за 44-годишниот скопјанец кој запали дипломатски возила пред амбасадата на Бугарија во Скопје. Против него е поведена постапка за кривично дело предизвикување општа опасност.
„На 15 јуни околу пладне, на булеварот ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’ во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот“, соопшти Обвинителството.
Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвиниел оцени дека постојат очигледни околности што укажуваат дека постојат условите за определување на мерката притвор и предложи на Судот да определи таква мерка за обезбедување во текот на постапката.
