Контакт

Македонија

Царинската управа започнува зајакнати контроли на пловни објекти на Охридското Езеро

Објавено пред

Царинската управа, преку Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, во наредниот период ќе спроведува зајакнати теренски контроли на пловните објекти кои се користат на Охридското Езеро.

Контролните активности ќе бидат насочени кон проверка на тековниот царински статус на пловните објекти и исполнетоста на законските обврски согласно царинските прописи. Царинската управа ги повикува сите сопственици и корисници на пловила за кои не е спроведена соодветна царинска постапка, истата да ја регулираат во најкус можен рок.

„Сите пловни објекти кои при контролата ќе бидат затекнати со нерегулиран царински статус ќе бидат предмет на соодветна законска постапка, при што ќе бидат преземени мерки за утврдување на обврските и привремено задржување на пловилата, до нивно целосно исполнување согласно законските овластувања. Предмет на контрола ќе бидат и пловните објекти на нерезидентите чија употреба е регулирана со дозвола за привремен увоз, по што мора да го напуштат царинското подрачје или за нив да биде спроведена соодветна царинска постапка. Воедно ќе се контролира и исполнетоста на условите за управување со пловилата, односно дали тие се управувани исклучиво од лица кои имаат законско право на тоа“, соопшти Царината.

Од таму ги повикуваат граѓаните и странските државјани да постапуваат согласно важечките царински регулативи и навремено да го усогласат статусот на своите пловни објекти.

Најново

Свет10 минути

Писториус: Германија ќе ја снабди Украина со пресретнувачки ракети

Германија ќе ја снабди Украина со итно потребни пресретнувачки ракети PAC-2 за системите „Патриот“ од залихите на Бундесверот, изјави денес...

Црна хроника45 минути

Пијан охриѓанец возел електричен тротинет, паднал и завршил со тешки повреди

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, Ј.Т.(29) од Охрид, управувајќи  електричен...

Свет1 час

Путин и Трамп разговарале по телефон за прекин на војната во Украина и плановите на Москва за Европа

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин денес разговараа по телефон, а разговорот беше „конструктивен“ и траеше...

Македонија2 часа

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест се активни, соопшти ЦУК

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 4 се под...

Забава2 часа

Памела Андерсон се присети на минатото: „Докторот ми рече дека имам најмногу 10 години живот“

На глумицата Памела Андерсон ѝ беше дијагностициран хепатитис Ц кон крајот на 1990-тите. Во тоа време, немаше лек за состојбата,...

Македонија2 часа

Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден – го нарекува народот „талог“, велат од СДСМ

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува...

Забава2 часа

Зошто сливите треба почесто да бидат на вашето мени

Сливите не се само вкусно и сочно овошје, туку можат да имаат и голем број здравствени придобивки. Тие се богати...

Македонија3 часа

Утре, сончево и топло, попладне со услови за дожд, ветер и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за...

Црна хроника3 часа

Пијан кавадарчанец ја вознемирувал поранешната сопруга

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во текот на вчерашниот ден во 15:20 часот го лишија од слобода Л.А.(52) од Кавадарци....