Контакт

Македонија

Центар за дневен престој за деца со попреченост „Ајнштајн“ отворен во Црниче

Објавено пред

Во населбата Црниче, Општина Кисела Вода, започна со работа новиот Едукативно-терапевтски центар „Ајнштајн“.

Овој центар нуди нова, современа и специјализирана социјална услуга, наменета за индивидуална работа со деца и млади со различни развојни и интелектуални тешкотии, специфични тешкотии во учењето и говорно-јазични потешкотии. Центарот ќе нуди секојдневна поддршка, преку логопедски и дефектолошки третмани.

Услугата е целосно бесплатна, а ќе ја добиваат децата кои поседуваат соодветна медицинска документација, согласно Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ).

На отворањето присуствуваа градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заменикот-министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и претседателот на Здружението за дислексија „Ајнштајн“, Дамјан Николовски. Новата социјална услуга е воспоставена токму преку соработката на Општина Кисела Вода и здружението „Ајнштајн“ како грантисти, а во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги на министерството за социјална политика, демографија и млади, поддржан од Светската банка.

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска истакна дека со ова се решава голем проблем за семејствата кои имаат потреба од ваков тип на стручна помош, а притоа се потпиша и важен меморандум за наставниот кадар во општината.

„Центарот ќе нуди секојдневна поддршка, логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни, интелектуални и говорни тешкотии. Исклучително важно е што овие стручни третмани ќе бидат бесплатни и целосно достапни за децата од социјално ранливите семејства, кои вообичаено немаат можност за приватни услуги“, рече градоначалничката.

Истовремено, додаде таа, со здружението „Ајнштајн“ денес потпишавме и Меморандум за соработка за имплементација на Еразмус+ проектот „DysAcademy“.

„Со оваа соработка, во директно партнерство со нашите основни училишта, обезбедуваме бесплатен пристап до оваа регионална онлајн едукативна платформа за наставниот кадар од сите училишта на територијата на Кисела Вода. На овој начин, покрај бесплатните третмани за учениците, ние системски им овозможуваме на наставниците и стручните соработници конкретни алатки и обуки за препознавање и работа со деца кои се соочуваат со дислексија, дисграфија или ADHD. Овие чекори овозможуваат конкретна поддршка на локално ниво и за децата и за образовниот систем. Му благодарам на заменик-министерот Велковски за поддршката од министерството, на Здружението „Ајнштајн“ му го честитам отворањето, а на стручниот тим му посакувам успешна работа“, изјави Стаменкоска Трајкоска.

Заменикот-министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, потсети дека ова е веќе втор ваков наменски дневен центар што се отвора на територијата на Кисела Вода во текот на само една недела.

Претседателот на Здружението за дислексија „Ајнштајн“, Дамјан Николовски, нагласи дека паралелно со третманите за децата, неопходно е и континуирано вложување во стручните лица во образовниот систем.

Најново

Македонија8 часа

10 години од поплавите, на комеморација прочитани имињата на загинатите: „Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали тагата“

На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните...

Забава9 часа

Кога е подобро да се зема витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д е неопходен за здравјето, но често е тешко да се внесе доволно само од храна, поради што додатоците...

Свет9 часа

300.000 жртви на злоупотреба во француските цркви, Папата ќе се сретне со дел од нив

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета...

Забава10 часа

Секс еднаш месечно: Дали е тоа доволно за среќен брак?

Многу парови се прашуваат дали имаат доволно интимност, особено кога се споредуваат со другите. Експертите, сепак, истакнуваат дека не постои...

Забава10 часа

Намирници кои треба да ги избегнувате за вечера

Ако често се будите со надуеност и чувство на „тежок стомак“, причината можеби не е количината на храна, туку нејзиниот...

Свет11 часа

Побарувачката за „Патриот“ експлодира, Американците имаат помалку од 850 преостанати пресретнувачи

Побарувачката за американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ силно порасна оваа година. Војната во Украина и ширењето на конфликтот на...

Свет11 часа

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија12 часа

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија12 часа

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...