Контакт

Македонија

Д-р Жан Митрев: За успешно органодарителство потребни се внимателен и одговорен пристап и заедничко делување

Објавено пред

Успешното органодарителство и трансплантација бараат врвна медицинска подготвеност, мултидисциплинарен пристап и силна координација меѓу институциите и стручната јавност, истакна д-р Жан Митрев на јавната панел-дискусија „Органодарителството во Македонија“, која се одржа во организација на Мултимедијалниот центар при Економскиот факултет при УГД – Штип.

„Тука сме да ја поддржиме оваа иницијатива, бидејќи сме една од болниците каде што најчесто се имплантираат таканаречените вештачки срца. Оваа терапија е наменета за тешко болни пациенти и служи како премостување на периодот додека се пронајде соодветен орган за трансплантација. Конкретно, зборуваме за срце. Во моментов имаме пациенти кои веќе седма година живеат со вештачко срце, нешто што е реткост дури и во светски рамки. Доколку тие живеат уште неколку години, тоа веќе се приближува до просечното очекувано преживување по трансплантација. Сепак, иако ова е значаен медицински успех, квалитетот на живот на овие пациенти е ограничен. Тие се зависни од батерии, надворешни кабли и дополнителна опрема, што особено влијае кога станува збор за млади луѓе, а токму за такви пациенти зборуваме. Првиот пациент кој го опериравме пред седум години имаше само 24 години. Тоа покажува дека не станува збор за пациенти во крајна фаза од животот, туку за млади луѓе на кои може да им се овозможи вистинска втора шанса. Затоа, органодарителството е нешто што треба да се поддржи. Тоа претставува култура на живеење, свесност дека можеме да помогнеме и да спасиме живот на поинаков начин. Истовремено, ова е суптилна тема која бара внимателен и одговорен пристап во јавноста“, изјави д-р Жан Митрев.

Настанот беше посветен на подигнување на јавната свест за значењето на органодарителството како чин на хуманост, солидарност и надеж, со силна порака дека еден донор може да спаси осум животи. На панел-дискусијата присуствуваа врвни лекари, трансплантациски експерти, национални координатори за трансплантација и претставници од МПЦ и ИВЗ, што му даде дополнителна тежина на разговорот за ова исклучително важно општествено и медицинско прашање.

Посебен придонес во дискусијата даде и д-р Никола Христов, кардиохирург во Клиника Жан Митрев, кој активно учествува во современите медицински процеси и третмани поврзани со спасување на човечки животи.

„Трансплантацијата не е само медицинска процедура, туку процес што бара навремена координација, висока стручност и доверба кај граѓаните. За да се развива органодарителството во Македонија, неопходни се континуирана едукација, јасни протоколи и силна институционална поддршка, затоа што само така можеме да изградиме систем што навистина спасува животи“, изјави д-р Никола Христов.

Панел-дискусијата отвори значајни прашања за развојот на трансплантациската медицина во земјата, улогата на здравствените институции, како и за важноста од градење култура на информираност, поддршка и хуманост. Учеството на Клиника Жан Митрев на овој настан претставува придонес кон поширокиот општествен дијалог за органодарителството и афирмирање на неговата важност за иднината на здравствениот систем и за спасување човечки животи.

(ПР)

Најново

Свет18 минути

Лавров: НАТО предизвика длабоки кризи секаде каде што интервенираше

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека НАТО предизвикал длабоки кризи во земјите во кои интервенирал, оценувајќи дека...

Регион31 минута

Во Љубљана тестираат трамвај без шини, чини повеќе од два милиони евра

На улиците на Љубљана започна тестирањето на ново возило кое градските власти го нарекуваат батериски трамвај. Возилото, кое се движи...

Македонија38 минути

Беким Сали во Вилнус: Проширувањето на ЕУ треба да донесе напредок заснован на заслуги и конкретни придобивки

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, престојуваше во работна посета на Литванија, во пресрет на...

Македонија40 минути

Во Собранието одбележани 35 години од донесувањето на Уставот

Денеска, во Собранието, се одржа настан по повод – „35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав“, во организација на...

Забава55 минути

(Видео) По шпекулациите за естетски зафати, Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во...

Спорт1 час

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион1 час

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија1 час

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија2 часа

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...