Контакт

Македонија

„Да се говори значи да се има став“ – со ученичка дебата во Собранието одбележан Светскиот ден на наставниците

Објавено пред

Во Собранието, на 5 октомври 2026 година, се одржа едукативната активност „Имам став!“, со која беше одбележан Светскиот ден на наставниците и започна новата сезона на програмата. На настанот учествуваа пратеничките Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ, Сања Лукаревска од СДСМ и пратеникот Амар Мециновиќ од Левица, како и преку 30 наставници од дваесетина средни училишта.

Настанот го отворија Златко Атанасов, раководител на Парламентарниот институт, и Иванка Василевска, претседателка на Комисијата за образование, наука и спорт.

Во симулацијата учествуваа ученици од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје, победници од претходната сезона на „Имам став!“. Преземајќи ја улогата на пратеници, учениците дискутираа на темите ментално здравје, булинг и невработеност, со фокус на предизвиците со кои се соочуваат младите. Организирани во три групи, тие ги претставија своите ставови и предложени решенија во симулирана парламентарна расправа, покажувајќи вештини за јавно говорење, аргументирање и почитување на различните мислења.

Тројцата пратеници дадоа повратни информации за ученичките настапи и го истакнаа квалитетот на дебатата и предложените решенија. „Да се говори значи да се има став. Да се има став е право на секоја една човечка индивидуа“, рече пратеничката Василевска, нагласувајќи го значењето на слободното изразување и правото на сопствено мислење.

Пратеничката Лукаревска истакна дека Собранието ќе ги земе предвид предложените решенија, со оглед на квалитетот на нивната изработка и дискусијата преку која беа претставени.

Пратеникот Мециновиќ оцени дека, без никаква доза на ласкање, ја проследил најдобрата дебата на која присуствувал во текот на десетте години на „Имам став!“.

По ученичката симулација, програмата продолжи со дискусија со наставниците за реализацијата на активноста, нивната улога во подготовката на учениците и можностите за натамошна соработка со Собранието. Средбата овозможи размена на искуства и предлози за новата сезона на програмата.

Одбележувањето на Светскиот ден на наставниците беше и можност да им се оддаде признание за нивниот придонес во развојот на критичкото размислување, самостојното изразување и активното граѓанство кај младите. Со својата посветеност, наставниците создаваат простор во кој учениците учат да поставуваат прашања, да формираат ставови и да ги застапуваат со аргументи.

Преку „Имам став!“, Собранието продолжува да се доближува до младите и ја зајакнува демократската култура преку непосредно искуство, дијалог и соработка со училиштата.

Најново

Спорт4 часа

Норис по силниот дожд до пол позицијата во Бразил, Расел „жртва“ на тимот

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Бразил, 20-та трка од овогодинешното првенство во Формула...

Спорт4 часа

(Видео) „Шумарите“ го декласираа Манчестер Сити

Фудбалерите на Манчестер Сити доживеаа голем дебакл во Премиер лигата, воедно го забележаа третиот пораз по ред. Манчестер Сити беше...

Црна хроника5 часа

Скопјанец приведен откако кај него бил пронајден хероин

Скопјанец на 46-годишна возраст е приведен откако при полициски преглед кај него бил пронајден хероин. Министерството за внатрешни работи информира...

Црна хроника5 часа

11 пријави за семејно насилство за едно деноноќие, приведени осомничени во повеќе градови

Во изминатото деноноќие на територијата на целата држава биле регистрирани 11 пријави за семејно насилство, информираат од Министерството за внатрешни...

Свет6 часа

Туск по нападот во Краков со шест жртви: Политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели

Полскиот премиер Доналд Туск упати апел до политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели по нападот во Краков,...

Спорт8 часа

(Видео) Едегор за нова победа на Арсенал, ремизираа Фулам и Њукасл

Фудбалерите на Арсенал го победија Хал со 1:0, во натпреварот од 10-тото коло од Премиер лигата. Во истиот термин Фулам...

Економија8 часа

Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет

За да бидат конкурентни на меѓународните пазари, македонските компании мора да понудат многу повеќе од добра цена. Квалитетот, современата технологија,...

Спорт8 часа

(Видео) Контраверзна победа на Маркез, херојска трка на Мартин, ужасен пад на Бањаја

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше во спринт трка како дел од Големата награда на Катар, 20-та рунда од сезоната...

Македонија9 часа

Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со ЕУ, ќе се воведе систем за рано предупредување за опасни супстанции

Министерството за здравство спроведува две клучни мерки од Реформската агенда 2024–2027 година, кои се однесуваат на политиката за дроги и...