Контакт

Македонија

Дали ги демнат нашите деца на Фејсбук?

Објавено пред

Слатките лица на децата секојдневно ги гледаме на нашите Фејбук профили. Родителите споделуваат фотографии од своите деца, за да ја споделат радоста и гордоста за она што го постигнале нивните најмили, нивните насмевки, нивните вештини.

dobivaj vesti na viber

Но по киднапирањето во Србија на двегодишната Маша и по големиот број вести за педофили и сајбер криминал, родителите се прашуваат дали некој ги демне нивните деца на Фејсбук и дали ги изложуваат на опасност од киднапирање , педофили, интернет криминал или, пак, тие стануваа цел на трговците со луѓе.Фејсбук профил на родител бил хакиран и бил креиран лажен профил на дете на којшто биле објавени фотографии и други лични податоци од родителот и детето. Во друг случај, пак, биле отворени три лажни профили на малолетно дете, а на некои од профилите имало и фотографии од детето. Ова се два нови случаи кои се пријавени во Дирекцијата за заштита на личните податоци оваа година од вкупно четири случаи на злоупотреба на лични податоци на деца на социјалните мрежи. Дирекцијата за заштита на личните податоци спроведе проект „Час по приватност“ во средните училишта на Град Скопје, кој покажа дека од 548 ученици во една средно училиште во Скопје лажни профили користат дури 388 средношколци.Најмногу лажни профили користат девојчињата, од 303 испитаници, 211 имаат лажен профил. Од вкупниот број примени претставки, речиси 60 отсто се во насока на злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи. „Превенцијата е едно од главните начела при користење на интернетот, но и континуираната едукација на оваа тема, бидејќи технологијата се развива секојдневно и брзо, а нашиот образовен систем има потреба да оди во чекор со новите технологии. И повеќе од потребно е да се размислува за воведување на принципите за заштита на личните податоци како наставна содржина за изучување во средното и високото образование во најкус можен рок“, вели за Макфакс Лилјана Пецова Илиеска, од Дирекцијата за заштита на личните податоци.Родителите да размислат пред да објават нешто на ФејсбукТројца Французи минатата недела буквално ја грабнаа двегодишната Маша од рацете а нејзината мајка. Во својата прва изјава што ја дадоа пред српската полиција, киднаперите од Франција, Мишел Себастијан, Сандрин Горен и нивната ќерка Кристел Еје тврдеа дека сакале да го одведат двегодишното девојче во Франција и да ја употребат за бракоразводната парница којашто ја водела Кристел против својот маж. Тие тврделе дека детето го пронашле на Фејсбук, а според нивното сценарио планирале да земат ДНК од девојчето, којашто би ја користеле за да докажат дека таа не е ќерка на сопругот на Кристел. Но, српската полиција и обвинителството се сомневаат во оваа верзија, бидејќи со ДНК анализата би се докажало дека Маша не е ниту ќерка на Кристел.Дури и доколку киднаперите да не го нашле детето на Фејсбук, сепак социјалните мрежи и интернетот остануваат место каде фотографиите на децата може да ги видат луѓе кои не ги познаваат потенцијални сексуални предатори и киднапери.Од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ апелираат родителите добро да размислата пред да објават нешто на социјалните мрежи. „Родителите треба да го постават профилот да биде приватен и одвреме-навреме да проверуваат за да се осигураат дека поставувањата не се променети. Родителите треба да запомнат дека информациите на интернет може да останат засекогаш. Нивните лични информации може да ги видат луѓе кои не ги познаваат, вклучувајќи и потенцијални сексуални предатори и киднапери. И, што е најважно, децата лесно можат да станат плен на сајбер-насилниците, кои особено ја преплавуваат социјалната мрежа Фејсбук. Ова се само неколкуте совети за родителите, кои желни за комуникација, нови пријателства и внимание, често со поставување на слики од нивните деца може да  станат  жртви на педофилите, но може ненамерно да се злоупотребени од нивните пријатели кои ги споделуваат нивните приватни фотографии на нивните пријатели. Ако детето ги користи сајтовите за социјални мрежи, родителите треба да се осигураат дека ги разбира карактеристиките за приватност – како да го уреди профилот да биде приватен и да го ограничи пристапот на информации“ вели директорот на „Меѓаши“, Драги Змијанац.„Често се случува малолетни лица  да поседуваат свој профил каде објавуваат фотографии, но и се впуштаат во разговори со непознати лица кои лажно се претставуваат и кои можат да ги наведат и на директна средба, а со тоа децата  стануваат лесна цел на трговците со луѓе, педофилите и сл. Родителите поради недостаток на информации, но и време да се посветат на децата и нивните слободни активности често не се свесни за опасностите“ вели Марија Тодоровска од невладината организација Отворена порта „Ла страда“.Киднаперите имале инсајдер во СрбијаВо случајот со киднапирањето на двегодишното девојче од Србија останува нејасно зошто некој би дошол дури од Франција во Србија за да изврши киднапирање на дете.„Деца со профилот на Маша сигурно има и во Франција, а ако барале земја во која вакво нешто би можело да помине незабележано, зошто ја одбрале Србија, а не Молдавија, каде киднапирањето од ваков вид се многу чести. Исто така, самата акција е прескапа, особено за ситните криминалци, какви што се овие киднапери. Мислам дека најверојатно во прашање бил обид за киднапирање заради продажба на детето, а во таков случај киднаперите се задолжени само за транзитниот дел и не се способни да ја водат работата“ објаснува српскиот криминолог, Златко Николиќ за српскиот весник „Блиц“.Криминологот објаснува дека во вакви случаи криминалците на полицијата и обвинителство им продаваат по неколку различни приказни за целта на кривичното дело за да го заштитат финансиерот, кој често останува неоткриен до крај.„Сигурно имале и инсајдер во Србија, невозможно е така лесно да се снајдат во потполно непознат град. Што се однесува до Фејсбук профилот, родителите мора да сфатат дека изнесувањето на било какви информации за детето на социјалните мрежи претставува опасност“, вели Николиќ.Жртвите на трговија со луѓе во Македонија се сè помладиНа страницата на македонското Министерство за внатрешни работи се уште стојат сликите на три деца кои се водат како исчезнати Мирсада Хелдовиќ, Дане Мемеди, Митат Ибраими. Сите исчезнаа во 2010 година, а до денес нема трага од нив. Сомнително беше и исчезнувањето на малата Ангела од Мариово во истиот период, чии коиски беа најдени, но не се откри од што и како починало девојчето. За овие лица секогаш останува сомнежот дека биле жртви на трговија со луѓе, но официјални податоци или трага за ова нема.Од невладината организација која работи на заштита и згрижување на луѓе, Отворена порта „Ла страда“ велат дека децата се лесна цел на трговците затоа што имаат намален капацитет да препознаат ризик и да се грижат за самите себеси. „Тие зависат од возрасните и нецелосно ги разбираат последиците од нивните однесувања. Сексуалното искористување, насилството, родителската запоставеност ја зголемува нивната ранливост. Понатаму, деца коишто биле одвоени од семејствата, нерегистрираните деца, децата надвор од образовниот процес и децата на улица се под голем ризик да западнат во трговијата со деца. Децата – жртви на трговија често доаѓаат од сиромашни семејства, со недостаток од економски и образовни можности“, вели Марија Тодоровска од „Ла страда“.Според податоците на оваа организација, жртвите на трговија со луѓе во Македонија се сè помлади и помлади. Најголем број од тргуваните лица сместени во прифатилиштето се млади девојчиња на возраст од 12 до 18 годишна возраст. „Имено  од 2005 до 2014 година во програмата за социјална асистенција биле вклучени  вкупно 127 жртви на трговија со луѓе, од нив најголем дел, односно околу 85 отсто се малолетни што укажува на потребата од зголемена превенција меѓу младите како ризична група да станат жртви на трговија со луѓе. Најголем дел од нив се македонски државјанки кои потекнуваат од дисфункционални семејства, со различни проблеми како што се: семејно насилство, зависности, нарушени односи родител-дете и секако лоша материјална состојба на семејствата. Најчесто девојчињата се излажани преку лажни ветувања за работа, договорен брак,  или преку методот на љубовник. Во однос на видот на експлоатација најчесто се тргуваат поради сексуална експлоатација, но присутна е и  трудовата експлоатација“, додава Тодоровска. Семејствата на исчезнатите деца со години се во неизвезност за судбината на нивните деца, а со нивното исчезнување можеби исчзенала и вистината за тоа што точно им се случило./крај/ффс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Таравари од централниот митинг во Струга: Зголемување на минималната плата до 800 евра за борба против имиграцијата

Објавено пред

Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН, Арбен Таравари, ја изрази својата заложба за борба против имиграцијата преку зголемување на минималната плата во нашата земја. Во рамките на идната влада се планира зголемување на платите и до 800 евра, со што ќе се создадат нови можности младите мажи и жени да останат и да придонесат за развојот на државата.

dobivaj vesti na viber

Преку грантови за технологија и иновации, Таравари рече дека владата има за цел да ги поддржи нивните креативни идеи, фокусирајќи се на развојот на земјата како атрактивна алтернатива за младите.

„Иселувањето кај нас е над секоја норма, бројките се алармантни. Не можеме да останеме рамнодушни на оваа ситуација. Така како следна влада на ВЛЕН ќе донесеме одлука за покачување на платите. Ќе се заложиме минималната плата до крајот на нашиот прв владејачки мандат да биде 800 евра. Преку грантови за технологија и иновации, ќе ги поддржиме младите мажи и жени со нивните креативни идеи, кои првенствено служат за нашиот развој како држава. Ова ќе биде дополнителна причина да ја гледаат иднината овде со нас, недалеку од нивните домови, недалеку од нивниот роден град“, рече Арбен Таравари на централниот митинг во Струга.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

Објавено пред

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека нема да ги заборавиме државните и нациолнални интереси, кои тие не само што ги заборавија, туку и ги погазија! Молам за доверба!“, рече Горданa Силјановска -Давкова, кандидат за претседател на Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Верувајте ми, има моменти во историјата! А таков е овој, кога мора да сме заедно! Кога како никогаш досега, потребна ни е вашата поддршка! Без вас не може да направиме единство! Без вас Македонија не може да биде ниту твоја, ниту горда! Без вас не може да дојдеме до победа! Вие го имате првиот и последниот збор! Ви веруваме!

Денес е Денот на светското културно наследство. Охрид е незаменлив и ценет, драгоцен дел од него. Охрид е споменик и дом на европското христијанство! Да го чуваме! Не заборавајте: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана!

Час поскоро, активирајте го универизтетот на Плаошник! Оваа власт не знае што е култура, за неа културата е бизнис. Ако започна изградбата во времето на ВМРО-ДПМНЕ, мора да доврши.

Во насока на јакнење на културниот туризам ќе покренам организирање на меѓународен форум – Плаошник форум, на кој ќе се дискутира соработката на цивилизациите, религиите и културите. Сето ова во соработка со УНЕСКО и Министерството за култура! Упатувам порака дека: Плаошник може да биде центар на дијалог на цивилизациите! Дијалог на религиите! Центар на културен дијалог! Затоа сум горда на него!“, додаде Горданa Силјановска -Давкова.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Објавено пред

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО и континуитетот на кој се повикуваме како идеја и организација која ја славиме и која е нераскинлив дел од македонското национално движење и можеби најзначајна за македонскиот национален идентитет, туку истовремено и поради обврската и одговорноста која и вториот дел од името ја носи со себе, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од големиот народен митинг во Охрид, од каде што традиционално ВМРО-ДПМНЕ ја почнува кампањата за парламентарните избори.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски посочи дека долго време таа обврска и одговорност како да се одбегнуваше, а понекогаш и се занемаруваше и никогаш како сега не било важно како сега да се случи обединување, да се обезбеди национално единство.

„Мојата прва иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум во нападите кон партиите Левица и ЗНАМ. Ова го чувствувам како потреба на македонскиот народ но, и како моја обврска да се обидам да ја реализирам идејата за национално единство во моменти кога таа и е најпотребна на Македонија“, рече Мицкоски.

Додаде дека со Левица и ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ има свои разлики по повеќе прашања и од идеолошка но и од принципиелна природа, но смета дека во моментов, најважно за Македонија е да се фокусираат на оние кои што ја киднапираа државата од граѓаните.

„Но, ценам дека во моментов најклучно за иднината на земјата е да се фокусираме на оние кои ја киднапираа Македонија од рацете на граѓаните. Разидувањата сигурно ќе продолжат, но мора да наоѓаме заеднички јазик без разлика на лични и партиски суети и интереси. Од нив не очекувам да го направат истото. Дури можеби и ќе ме нападнат за овој гест, можеби некои оправдано ќе кажат дека задоцнет, но и покрај тоа, како и да се однесуваат споменатите партии, ние како партија ќе опстоиме на нашиот збор“, порача Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија4 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија4 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија6 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија10 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија14 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија14 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија14 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија17 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет19 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет19 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија1 ден

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ1 ден

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија1 ден

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ2 дена

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија2 дена

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија2 дена

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија2 дена

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија2 дена

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион2 дена

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...