Контакт

Македонија

Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата – првата национална проценка повикува на посилни мерки

Објавено пред

Новата национална проценка на нутритивните средини во училиштата во Северна Македонија открива дека нездравите опции на храна и пијалаци се широко достапни и се промовираат во и околу училиштата, додека здравите опции се ограничени, обликувајќи ги навиките во исхраната кај децата и отежнувајќи им го изборот на здрава храна.

Проценката, спроведена во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, со поддршка од УНИЦЕФ, претставува прв сеопфатен преглед на училишните нутритивни средини во земјата. Во неа се опфатени 40 основни и средни училишта, а учествуваа околу 1.700 ученици.

Наодите укажуваат на слична состојба во сите училишни средини – кога и да побара детето храна на училиште, нездравата опција е секогаш тука, а здравата честопати ја нема.

„Во отсуство на национална програма за училишна исхрана, многу деца купуваат храна во училишните продавници или од автомати. Истражувањето покажува дека во секое училиште каде што се продава храна (20 проценти од опфатените училишта), сите опции биле нездрави. Освен тоа, речиси сите ученици, кога се на училиште, можат да купуваат храна од блиските продавници, каде што се широко достапни и интензивно се рекламираат засладени пијалаци и ултрапреработени производи богати со масти, шеќер и сол“, се наведува во проценката.

Проценката покажа дека училиштата што обезбедуваат оброци (35 проценти од опфатените училишта) ги почитуваат националните стандарди за исхрана, меѓутоа, нездравата храна често е присутна во училишните ужинки – што укажува на потребата од построги стандарди со кои ќе се воведат ограничувања за нездравата храна.

Од друга страна, наодите покажуваат силна поддршка меѓу учениците за поздрава нутритивна средина во училиштата. Над 80 проценти поддржуваат обезбедување здрави и хранливи оброци во училиштата, 60 проценти веруваат дека намалувањето на достапноста на нездрава храна во и околу училиштата би им помогнало да направат поздрав избор, а 85 проценти велат дека храната што се продава во училиштата треба да биде со прифатлива цена.

„Децата растат и учат во средини каде што нездравата храна е широко достапна, видлива и интензивно се рекламира – додека поздравите опции остануваат ограничени“, рече Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија. „Создавањето средини во училиштата со кои се поддржува изборот на здрава храна е од суштинско значење за заштита на здравјето на децата и поддршка на здрави навики во текот на целиот живот.“

Наодите се надоврзуваат на веќе постоечките докази за предизвиците со исхраната на децата во Северна Македонија, каде што околу една третина од децата на возраст од 7 до 9 години живее со прекумерна тежина или дебелина. Со нив се истакнува влијанието на училишната средина врз секојдневниот избор на храна на децата.

Во проценката се посочуваат неколку препораки, вклучувајќи зајакнување на постојните стандарди за исхрана за училишни оброци и ужини, подобрување на пристапот до здрави опции, ограничување на достапноста на храна и пијалоци богати со сол, шеќер или масти во училиштата, како и воведување построги мерки за ограничување на маркетингот на ултрапреработена храна и засладени пијалаци.

Со цел да се поддржи гласот на децата, УНИЦЕФ и партнерите ја започнуваат кампањата #ШтоИмаЗаЈадење, ко-креирана заедно со деца и адолесценти од пет училишта низ земјата.

Со кампањата се повикува на поздрава училишна исхрана и помала изложеност на реклами за нездрава храна, истакнувајќи едноставна порака: тешко е да се направи здрав избор кога доминираат нездрави опции.

Како дел од кампањата, сите ученици низ земјата се поканети да учествуваат во предизвикот на социјалните мрежи #ШтоИмаЗаЈадење, да помогнат во подигањето на свеста за реалноста со која децата секојдневно се соочуваат и да поттикнат јавна дискусија за поздрава училишна средина.

 

фото/Depositphotos

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Олимпијакос од -28 до триумф во Валенсија, Црвена звезда со звукот на сирената победи во Вилербан

Кошаркарите на Олимпијакос ја победија Валенсија по продолжение со 102:97 во петтото коло од Евролигата. Нестварен натпревар одиграа овие два...

Спорт4 часа

(Видео) Интер и Баерн се изрезилија во Лигата на шампионите

Првиот ден од второто коло, во Лигата на шампионите, донесе два шоканртни резултати. Интер загуби на домашен терен од Бриж...

Спорт4 часа

(Видео) Атлетико го победи Манчестер Јунајтед, Барселона со блиц-криг славеше во Истанбул, Виљарела по пресврт го победи Наполи

Атлетико Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 (1:0) во Лигата на шампионите и ја продлабочи кризата на „црвените ѓаволи“....

Свет6 часа

Вадефул: Украина не ја започна војната, Русија мора да го направи првиот потег

Русија мора да биде првата што ќе „направи потег“ и ќе покаже дека е подготвена да преговара за ограничен прекин...

Свет6 часа

Захарова: Киев се обидува да ги дестабилизира пазарите на енергија и храна

Режимот во Киев намерно се обидува да го дестабилизира пазарот на енергија и храна со напаѓање на танкери, изјави Марија...

Свет6 часа

Кралот на Шпанија: Суверенитетот и територијалниот интегритет над Сеута не се предмет на преговори

Суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија над Сеута, енклава на северот од Африка, се несомнени и не се предмет на...

Забава6 часа

Се заљубуваат, па бегаат: хороскопски знаци кои се повлекуваат токму кога некој им станува важен

Според астрологијата, овие четири знаци знаат да се повлечат токму кога ќе почнат да чувствуваат нешто сериозно. Кореспонденцијата трае до...

Забава6 часа

Мајкл Даглас открива што му го спасило бракот со Кетрин Зета-Џонс

Мајкл Даглас објасни дека тој и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс морале да се променат за да го спасат својот брак...

Спорт7 часа

Историски триумф на Сабах во Лигата на шампионите, Спортинг победи во Ленс

Фудбалерите на Сабах ја забележаа својата прва победа во Лигата на шампионите, вечерва ја победија ја Славија Прага во Баку...