Контакт

Македонија

Дел од улиците Багдадска и Атинска утре без вода

Објавено пред

РЦУК Скопје известува дека утре поради изведување на приклучок од Ф-100мм на улицата Багдадска 11 во населба Тафталиџе 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците Багдадска и Атинска.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје – Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, оствари работна средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која се разговараше за изградбата на автопатот Скопје – Блаце.

На средбата, претставниците на ЕБОР информираа дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта успешно е завршена постапката за избор на Изведувач. Изведувачот на автопатот е конзорциумот предводен од македонската градежна компанија Гранит. После подолг временски период една домашна градежна компанија целосно ќе изведува автопат.

Автопатот Скопје – Блаце претставува витална патна артерија со која Македонија се поврзува со Косово и Црна Гора. Неговата изградба ќе придонесе за поефикасен транспорт и побезбеден сообраќај , ќе ја подобри поврзаноста со соседните земји и ќе создаде нови можности за економски развој, трговија и инвестиции.

Реализацијата на овој проект има големо значење за регионалното поврзување и за унапредување на транспортната инфраструктура, со што Македонија дополнително ќе ја зацврсти својата улога како важна транзитна и транспортна врска во регионот.

По завршувањето на сите административни процедури и обезбедување на соодветни банкарски гаранции ќе започне изведбата на терен и градежни активности.

На средбата беше потврдена и одличната соработка помеѓу Владата, Министерството и ЕБОР, при што беше изразена заедничка подготвеност за продолжување на партнерството и поддршка на идните инфраструктурни проекти кои се од стратешко значење за државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Битола сака да стане велоград, ќе набавува електрични велосипеди за граѓаните

Објавено пред

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски на седницата на која се носеше ребалансот на Буџетот за 2026 година кажа дека во Програмата за животна средина планирани се 4.8000.000 денари за набавка на електрични велосипеди, што ја потврдува тенденција за Битола да стане вело град, преку создавање на вело инфраструктура, но и набавка на велосипеди кои ќе можат да ги користат граѓаните.

Како што објасни претседателот на Советот Бојан Бојкоски новите електрични велосипеди ќе бидат на принципот изнајмување преку апликација по симболични цени на изградените велосипедски патеки, односно на неколку пунктови граѓаните ќе имаат можност да ги изнајмуваат со цел да ги користат велосипедските патеки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Историските спорови со Бугарија не се дел од европските услови, туку билатерални прашања

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека неодамнешните изјави на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претставуваат потврда на ставовите што СДСМ ги застапува подолг период.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Филипче посочи дека историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската Унија, туку претставуваат билатерално прашање меѓу двете држави.

Тој се повика на изјавата на Сиљановска-Давкова дека Македонија треба да се европеизира преку реформи и владеење на правото, а не преку расправи за историјата и идентитетот, како и дека земјата треба да биде оценувана според Копенхашките критериуми.

Филипче нагласи дека реформите и исполнувањето на европските критериуми се клучни за напредокот кон членство во ЕУ и порача дека тие не претставуваат закана за македонскиот јазик, култура и национален идентитет.

Во објавата тој упати критики и кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за, како што наведе, поделби, изолација на државата и запирање на евроинтегративниот процес. Филипче ја заврши пораката со повик за реформи и побрзо придвижување кон Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Познати се првите детали од нацрт-договорот меѓу САД и Иран, потпишување се очекува во Женева

Соединетите Американски Држави и Иран сигнализираа дека се блиску до постигнување договор за завршување на војната. Висок претставник на американската...

Свет24 минути

Германија ја засилува одбраната: расте загриженоста од прелети на дронови над клучните институции

Во Германија се разгледуваат мерки за засилување на безбедносните капацитети поради зачестените прелети на беспилотни летала. Сојузниот министер за внатрешни...

Свет35 минути

(Видео) Серија израелски напади во Либан, убиен градоначалник

Градоначалникот на Ар-Рихан во округот Џезин на југот на Либан, Али Бади, загина во израелски воздушен напад, објави либанската Национална...

Свет50 минути

Киев ги прифати барањата на Унгарија за малцинските права во Закарпатје

Договорот меѓу Унгарија и Украина за регулирање на образовните, културните и јазичните права на унгарското малцинство во регионот Закарпатје и...

Црна хроника1 час

Двајца работници тешко повредени во одделни несреќи на работните места

Двајца 51-годишни мажи се здобиле со тешки телесни повреди во одделни несреќи што се случиле при извршување работни задачи во...

Регион1 час

„Чекаме веќе три часа“ – огромни колони на грчката граница донесе почетокот на летниот распуст

Почетокот на летниот распуст и сезоната на годишни одмори ги донесе првите големи гужви на граничните премини кон Грција, една...

Спорт1 час

(Видео) Политичарка со бујно деколте во центарот на вниманието по победата на Мексико

Претприемачката и поранешна градоначалничка на општината Куаутемок во Мексико Сити, Сандра Куевас, привлече големо внимание за време на прославата по...

Црна хроника2 часа

Две лица запалиле стари класери во објект на поранешен комбинат во Штип

Жител на Штип пријавил во полиција дека две лица предизвикале пожар во една од подрумските простории на зградата на поранешниот...

Спорт2 часа

ФИФА се огласи поради фотографијата од празните трибини

Се чини дека на натпреварот меѓу Јужна Кореја и Чешка немало 44.985 гледачи, како што претходно објави ФИФА, поради што...