Контакт

Македонија

Делови од општините Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров и Петровец без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

· во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од село Блаце, општина Чучер Сандево;

· во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците Катланово, Стари Лозја кај Фазанерија, Тотинци, општина Петровец;

· во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од село Бадар, општина Петровец;

· во периодот од 08:30 до 15:30 часот, корисниците ос село Кожле, општина Петровец;

· во периодот од 09:00 до 15:30 часот, дел од потрошувачи на улицата Ѓуро Салај и ОУ Димитар по Геордгиев Беровски, општина Ѓорче Петров;

· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците до дел од улицата Лувќенска и дел од Илија Палев и Леринска, општина Карпош;

· во периодот од 10:00 до 14:00 часот, корисниците улицата Тодор Чангов Подулички 8,10,12, општина Аеродром.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Хоџа: Продолжуваат инвестициите во комуналната инфраструктура во Чаир

Објавено пред

Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на изградбата на нова водоводна и канализациона мрежа на улицата Дижонска 15. Проектот е финансиран од Министерството со 6,9 милиони денари.

Со оваа инвестиција директно се одговара на инфраструктурните потреби на жителите од овој дел на Чаир, обезбедувајќи подобри услови за живеење и повисок квалитет на живот, соопштија од министерството.

Хоџа истакна дека активностите се дел од континуираниот процес на унапредување на комуналната инфраструктура во општината, но и пошироко низ државата, преку конкретни проекти што носат видливи и одржливи резултати. Целта е јасна, вели тој, секој граѓанин да има пристап до основни услуги и здрава, чиста животна средина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре променливо облачно со сончеви периоди и температури до 25 степени

Објавено пред

Утре променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи. Од вторник повторно ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорѓиевски: Вардариште ќе стане минато, започна процесот на одгасување на депонијата

Објавено пред

Започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште, што претставува значаен чекор кон нејзино целосно затворање и трансформација во современ мега парк, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Како што ветив, вели тој, по спроведената физибилити студија, денес започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште.

Мапирани се 22 точки, односно бунари за собирање на отпадните гасови кои со години се наталожуваа на ова место, пишува скопскиот градоначалник.

„Од сите бушотини ќе се земаат примероци кои ќе се испитуваат во сертифицирани лаборатории, со цел прецизно утврдување на количеството и составот на гасовите.
Паралелно, се одвива и процесот за темелно површинско расчистување на депонијата.
Вардариште, почитувани, ќе стане минато.
Она што со децении беше симбол на запоставеност и извор на ризици по здравјето и никој не успеа да го реши, ние го претвораме во можност и нов почеток.
На ова место ќе никне современ мега парк на површина од околу 300.000 метри квадратни, простор на живот, рекреација и чист воздух, новите бели дробови на Скопје.
Ова ќе биде новото срце на градот, место каде семејствата ќе создаваат спомени, младите ќе спортуваат, а природата повторно ќе го врати својот изгубен сјај.
Градиме иднина во која зеленилото не е луксуз, туку стандард, а здравата животна средина, приоритет.
По завршувањето на целиот процес, ќе изградиме и мост кој ќе ги поврзува Гази Баба и Аеродром, значително намалувајќи го сообраќајниот метеж и создавајќи побрза и пофункционална градска поврзаност“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Хоџа: Продолжуваат инвестициите во комуналната инфраструктура во Чаир

Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означија...

Свет24 минути

Папата Лав: „Светот е опустошен од неколку тирани“

Денес, папата Лав ги критикуваше светските лидери кои трошат милијарди евра за војни и рече дека светот е „опустошен од...

Свет58 минути

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Израел и Либан постигнале договор за десетдневно примирје кое ќе стапи на сила вечерва....

Македонија1 час

Утре променливо облачно со сончеви периоди и температури до 25 степени

Утре променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки...

Македонија1 час

Ѓорѓиевски: Вардариште ќе стане минато, започна процесот на одгасување на депонијата

Започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште, што претставува значаен чекор кон нејзино целосно затворање и трансформација во современ мега...

Свет2 часа

Маѓар до партијата на Орбан: Ќе пожнеете што сте посеале, нема ништо да ви заборавиме

Победникот на унгарските избори, Петер Маѓар, ѝ порача на владејачката партија Фидес, предводена од поранешниот премиер Виктор Орбан, дека нема...

Свет2 часа

Европа би можела да остане без гориво за авиони за шест недели, предупредува директорот на Меѓународната агенција за енергија

Европа би можела да остане без гориво за авиони за само шест недели, предупреди денес директорот на Меѓународната агенција за...

Македонија2 часа

Сиљановска-Давкова со турскиот претседател Ердоган: Турција секогаш била наш близок пријател

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Истанбул оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на којашто беше...

Свет3 часа

Претседателот на Бразил: Трамп нема право да станува наутро и да се заканува на некоја земја

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, го критикуваше својот американски колега Доналд Трамп велејќи дека тој „нема право“ да...